Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
3.562
Какви црни невини? Државна тајна е легален инструмент, не е криење докази. Ама доколку на основ на тоа некој проба да рекомпонира сили во Собрание, таа алатка ќе му ја земат од раце.
Државна тајна во кривична истрага?

Или(за ова мислам имаме разговарано), доушниците навремено ќе пренесат дека овој планира да објавува се, па ќе биде тоа пресретнато со апсења негде, еве нека е Чаир. По апсењата, службата ќе го обвини дека попречувал во истрага. Тоа на суд го добиваат, заедно со обвинувањето за објавување државна тајна и типот ќе скапе во затвор. Четири доживотни робии имаш тука.
Тоа нема да пројде кај шиптaрите, пак би настанале поголеми етнички нереди и ништо не би се сменило од ситуација на објавување на снимките.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198

Toа е ризична игра. Ни Заев не е толку глуп па да навести некому дека тоа ќе го објавува. Може од чист мир да го плесне на прес, па апсењата да дојдат како изнудена реакција која никако не оправдува никого. Ова се разбира под оптимистичка претпоставка дека луѓето во Македонија можат да соберат 2 и 2, во што јас чисто се сомневам.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.265
Поени од реакции
26.134

Да, доушниците дури и го сликале во кафана вчера. Значи не само што ги има, туку ги има и во најблизок круг.

А за другово, дефинитивно такво нешто ќе се случи. Ама ако стане очаен не верувам дека ќе може да остане рационален, а Фрчкоски, Мики Вујиќ и Шилегов не ми изгледаат како луѓе што би му дале пријателски совет.
 
W

wicked_1

Гостин
Kој странски фактор? Од нас и Ѓаволот крена раце. Ние сме слепо црево, последна вукојебина населена со полтрони и газолижачи кои А не рекоа во девесеетите години кога ги соголеа до гола кожа, и кои А не велат сега кога јавната куќа наречена Сител диктира морални вредности во државата.

Колку побргу не снема, толку подобро за сите.
Well, кој и ќе дое прв испратен како медијатор тој и институцијата/државата што ја застапува -а секако ќе има таков, ќе биде местото кај што ќе полагаме сметки, само што у овој случај ќе имаме поголем мониторинг него сеа - зборејќи за евентуални меѓуетнички тензии или нивно нарушување
Факт е дека имаме повеќе народ у заложништво него полтрони и гзолижачи, и таму е основниот проблем, а заради тоа нема тензии и револт надвор од социјалните мрежи. Последните снимки беа чист доказ за ова, луѓето се свесни за ситуацијава ама им вршат систематски прегледи 24/7. Како шо сме закопани досеа, оваа криза ќе не дозакопа уште толку. Практичен пример за политичко решавање на ваков проблем не постои колку и да го тупат ова квази-аналитичарите, тоа на дело би требало да изгледа со решавање на овој спор кај странска инстанца, а вака инсталирана позиција нема да дозволи таква разрешница, сите типуваат на Дуи за излез, најнизок коефициент имаат. :)))
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.265
Поени од реакции
26.134
Државна тајна во кривична истрага?

Тоа нема да пројде кај шиптaрите, пак би настанале поголеми етнички нереди и ништо не би се сменило од ситуација на објавување на снимките.
Државна тајна стои во пресудата. Нешто од типот „осудените на ден тој и тој разговарале со лице чиј идентитет и телефонски број е заштитен како државна тајна“.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235

Нека не пројде бе. Нека се бунат и нека палат за тоа што со право се покажувало со прст кон нив сите овие години. Секој што ќе излезе на улица да пали и да крши е соучесник, заедно со тие десетина илјади што првично протестираа и заедно со тие што ни ги убија децата.

Toа е ризична игра. Ни Заев не е толку глуп па да навести некому дека тоа ќе го објавува. Може од чист мир да го плесне на прес, па апсењата да дојдат како изнудена реакција која никако не оправдува никого. Ова се разбира под оптимистичка претпоставка дека луѓето во Македонија можат да соберат 2 и 2, во што јас чисто се сомневам.
Не го преценувај. :D
Знаеш, добро е тоа што на повеќето ич гајле не ни е дали ќе се изгори тоа магаре. И дали ќе изгори патори, тендер-коалиции и колач-сметководители попат. Не интересира вистината.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Државна тајна стои во пресудата. Нешто од типот „осудените на ден тој и тој разговарале со лице чиј идентитет и телефонски број е заштитен како државна тајна“.
Кој и со кое право прогласува државна тајна? Ме интересира од правен аспект.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.265
Поени од реакции
26.134
Кој и со кое право прогласува државна тајна? Ме интересира од правен аспект.
Аналитичарите во службата проценуваат дека лице може да биде врбувано и контролирано и дека како такво е покорисно за безбедноста на државата и од огромно значење за обработка по линија на, нека е на пример, исламски радикализам, отколку да биде осудено. Таа проценка ја одобрува директорот (мислам), се известуваат тие што треба да се известат и истите информации стануваат државна тајна.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
3.562
Државна тајна стои во пресудата. Нешто од типот „осудените на ден тој и тој разговарале со лице чиј идентитет и телефонски број е заштитен како државна тајна“.
Не сум знаел за ова, сега видов. Како и да е, државна тајна не може да постои во кривична постапка што значи дека пресудата делумно е неуставна.

Има едно членче во уставот кое што вика: "Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката."

Во крајна мера и да се вадат вмровците на "државна тајна" тоа нема да пројде кај граѓаните затоа што смилковско е особено болна и емотивна тема за туку така да пројде на финти.
Кој и со кое право прогласува државна тајна? Ме интересира од правен аспект.
Според законот за класифицирани информации: државна тајна е информација чие неовластено откривање би предизвикало загрозување и нанесување непоправливи штети на трајните интереси на Република Македонија. Член 8.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Не сум знаел за ова, сега видов. Како и да е, државна тајна не може да постои во кривична постапка што значи дека пресудата делумно е неуставна.

Има едно членче во уставот кое што вика: "Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката."

Според законот за класифицирани информации: државна тајна е информација чие неовластено откривање би предизвикало загрозување и нанесување непоправливи штети на трајните интереси на Република Македонија. Член 8.
ОКтоа, ме интересираше чија е проценката дека нешто е државна тајна. Затоа што многу лесно може да се манипулира со тоа.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
3.562
ОКтоа, ме интересираше чија е проценката дека нешто е државна тајна. Затоа што многу лесно може да се манипулира со тоа.
За некоја информација да биде прогласена за државна тајна таа треба да биде класификувана, да биде определен степен на нејзина заштита и таа заштита да биде “соодветна со степенот на штетата што би настанала за Република Македонија со неовластен пристап или неовластена употреба на информацијата“.

На пример, некој орган (еве најхипотетички, министерот за урбанизам) решил да ја прогласи за државна тајна информацијата дека некоја од браните во Македонија е несоодветно изградена и во конкретни услови може да попушти и да предизвика голема штета и жртви. Ваквата информација и нејзината заштита би претставувале загрозување на граѓаните и нивните имоти (или, загрозување на Македонија).
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Аналитичарите во службата проценуваат дека лице може да биде врбувано и контролирано и дека како такво е покорисно за безбедноста на државата и од огромно значење за обработка по линија на, нека е на пример, исламски радикализам, отколку да биде осудено. Таа проценка ја одобрува директорот (мислам), се известуваат тие што треба да се известат и истите информации стануваат државна тајна.
Те цитирам тебе, ама му се обраќам на еден Фрле. Фрле, читаш?
Кажи му на твојот оти е рушлива претпоставката дека нарачател на масакр, најголем после војната, е потребно да биде заштитен од гонење, во интерес на граѓаните и за превенција од хипотетичко сценарио кое сеуште не постои, а во кое е директно загрозена безбедноста на државата. Дека е тежок апсурд и дека е еднакво на американска служба која хипотетички го заштитува Бин Ладен говори и фактот дека овде зборуваме за нарачател, за врвот на пирамидата во овој случај. Одговорноста да се објави и да се гони секогаш натежнува.

За некоја информација да биде прогласена за државна тајна таа треба да биде класификувана, да биде определен степен на нејзина заштита и таа заштита да биде “соодветна со степенот на штетата што би настанала за Република Македонија со неовластен пристап или неовластена употреба на информацијата“.

На пример, некој орган (еве најхипотетички, министерот за урбанизам) решил да ја прогласи за државна тајна информацијата дека некоја од браните во Македонија е несоодветно изградена и во конкретни услови може да попушти и да предизвика голема штета и жртви. Ваквата информација и нејзината заштита би претставувале загрозување на граѓаните и нивните имоти (или, загрозување на Македонија).
Абе не ја цитирајте Најчевска. :/
Таа толку утиња со тезите, па и огледалото не и верува.
 
Последно уредено:

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
3.562
Ете го делот што ја прави одлуката легална. :)
Сакаш да кажеш дека заради пет телфонски разговори поврзани со масовно убиство на 5 лица целата држава е во опасност и нејзината одбрана е загрозена?
Мене не ми изгледа така. Поверојатно ми изгледа дека банда арамии си нашле правно дупче за да си ги покријат гревовите додека не дојде зајко.

Абе не ја цитирајте Најчевска. :/
Таа толку утиња со тезите, шо и огледалото не и верува.
Али во оваа теза нема ништо утнато...
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.265
Поени од реакции
26.134
и дека е еднакво на американска служба која хипотетички го заштитува Бин Ладен
Нешто во стил ЦИА да го финансирала Бин Ладен во Афганистан, па потоа после години потрага и разрушени неколку држави истиот да го најде речиси дома, поточно кај најверниот исламски сојузник Пакистан? :D
Сакаш да кажеш дека заради пет телфонски разговори поврзани со масовно убиство на 5 лица целата држава е во опасност и нејзината одбрана е загрозена?
Мене не ми изгледа така. Поверојатно ми изгледа дека банда арамии кои си нашле правно дупче за да си ги покријат гревовите додека не дојде зајко.
Тоа е веќе убедување. Ама има точно одредени процедури како се прогласува државна тајна, кои верувам дека во случајов се испочитувани. Зборувавме за постапка. За суштината ќе зборуваме доколку човекот реши да објави се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom