Музика без ред на плеј листа, јас со книга и какао, слободно патувам.
Дожд и громотевици, а јас в кревет, си зјапам филмче...
Сладолед после предавања со колегите и беснеење под сонце.
Кога сум сама дома, и си правам храна, готвејќи со воскликнато уживање.
Купувањето ситници, чорапчиња со Ле Пјаф или гаќички со срциња, мини погодок на задоволството во еден ден...
Мама кога ми пржи компирчиња штом ќе се вратам од факс, татко кога ми прави кафе пред да одам на факс, кога ќе ме бакне дада ми, неосетно, додека спијам, а јас забележувам.
Косили бањање, после тоа мирис на детство.
Кога си правам накит и си играм со малите слатки форми на креативноста.
Срдечното поздравување на моите драги професори, речиси секогаш ме изненадуваат колку се прекрасни.
Слушањето Азра со Лени и јадење јагоди на тераса.
Танцување во соба, со тргнати теписи.
Таи чи вежби.
Мини флерт со сонцето кога одам да фрлам ѓубре.
Пружање алишта додека децата од комшилук играат Штркот бара боја...
Слушање хаику во среда, крајпатно...
Еклер и боза со колега во Палма, пријатни литерарни разговори...
Кога си потпевнувам онака, низ дома...И знам дека имам насмевка на лицето.
Убави нешта.