Едни играа кошарка, други се тепаа
На стартот од полуфиналната серија подобар од три, за пласман во големото финале во Првата кошаркарска лига, се случија две работи. Едната е добра, другата лоша.
Лоша работа се случи во Струмица каде што имаше 40-минутен прекин на полувремето во дуелот на истоимената домашна екипа славеше против МЗТ Скопје (конечен резултат 96:72). Според скопјани тој прекин бил поради физички напад на струмичаните Латовиќ и Грнчаров, кои влегле во соблекувалната на МЗТ Скопје со цел физички да се пресметаат со Тачи. Во обидот да ги раздели спротивставените страни, капитенот на "штрковите" Јане Петровски заработи повреда на носот и второто полувреме го преседа на клупата. Службените лица, судиите Мицевски, Денковски и Терзиевски, како и делегатот Поповски во службениот извештај наведуваат дека ништо не виделе, ниту знаат што се случило во соблекувалната на МЗТ Скопје. Домаќинот, луѓето од тимот на Струмица 2005 побараа специјалистот по спортска медицина Илија Стоилов, присутен во салата "Парк" да го прегледа играчот Петровски и да утврди дали станува збор за некаква повреда, но тоа скопјани, кои вложија жалба во извештајот го одбија. МЗТ Скопје за денеска закажа прес конференција.
Најтрофејниот тим во земјата, Ф.Работнички, кој годинава не игра најдобро, поради определбата да се направи нов тим, за подолг временски период, важи за пријатно изненадување дури и кај најголемите скептици. Прво во четвтртфиналето експресно ја завршија работата против С.Пелистер, а сега во полуфиналето и тоа во Кавадарци славеше победа против неприкосновениот тим во регуларниот дел на сезоната Фени Индустри со 68:72 (21:14, 16:28, 15:19, 16:11) и го изедначија резултатот во поени (1:1). Избраниците на Емил Рајковиќ причините за поразот треба да ги бараат во слабата реализација на слободните фрлања (25-13).
- Од психолошки аспект оваа победа за нас е исклучително значајна. Мошне брзо се вративме во игра и сега многу помотивирани ќе ги пречекаме наредните настапи во доигрувањето за титулата, вели тренерот на Ф.Работнички, Марин Докузовски.
Славчо ТРОШАНОВСКИ
Извор-Вечер