- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.584
ПО 20 ГОДИНИ НА МАКЕДОНСКИ ОБЈАВЕНА НАЈВАЖНАТА КНИГА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈA
Македон во сенката на Олимп
"Под сенката на Олимп, појавата на Македон" веројатно спаѓа во најважното дело за античка Македонија кое произлегло од западната историографија. Авторот Јуџин Борза децидно тврди: "Македонците од своето формирање како држава и народ биле и се посебен етникум."
"Да се дефинира Македонија во политичка смисла е како да се брка камелеон низ вековите", тврдел познатиот историчар Хемонд. Тој и многу други бркачи по историската вистина за тоа што е Македонија и кои се Македонците од нивната појава на историската сцена, значи од најраниот, предантички период, најчесто се базирале на грчки извори и уште почесто на, ако не на непријателски, а тогаш на фрагментарни извори.
Недамна кај нас се појави едно обемно четиво на американскиот историчар Јуџин Н. Борза, универзиетски професор и водечки специјалист за Античка Македонија со наслов "Под сенката на Олимп, појавата на Македон" и според упатените спаѓа во најважното дело за античка Македонија кое произлегло од западната историографија.
Она што е најзначајно за нас Македонците во овој долгогодишен истражувачки резултат на Борза е тоа што тој во книгата, за разлика од повеќето проучувачи на раната македонската историја, тврди дека: "Македонците од своето формирање како држава и народ биле и се посебен етникум."
"Кои биле Македонците?" се прашува Борза и констатира: "Како етничко прашање најдобро е да го заобиколиме, бидејќи претежните современи политички парцјални тонови тендираат да го намалат фактот дека тоа навистина и не е многу значајно прашање. Дека тие можеби биле или можеби не биле Грци целосно или делумно -- се до времето на некое занимливо антиполошко осветлување -- навистина не е круцијално за наше разбирање на нивната историја. Тие го оставија својот белег не како племе на Грци или на некои други балкански народ, туку како Македонци."
Оваа книга која претендира да проговори малку или многу поинаку за раната историја,за корените на Македонија е финализиана и објавена, пред 20-тина години во САД. И за чудо до ден-денешен никогаш не била објавена кај нас. По 20 години "Под сенката на Олимп, појавата на Македон" ја здогледува светлината на денот во современа Македонија. Благодарене на идавачкаа куќа "Патрија" од Скопје и на извонредниот превод од англиски на Драги Михајловски, од неа сега:"Нека учат неупатение, а нека се насладуваа упатенте", како што вели д-р Љубинка Басотова, која за книгата се јави со свој критички осврт.
Без тенденција да ја раскажеме или подетално приопштиме содржината на книгата од 350-ттина страници овде само ќе се обидеме да ја испровоцираме љубопитноста, а зашо не и патриотизам, за да се насладите од ова четиво.
Борза во книгата повеќе се занимава со периодот на античка Македонија пред Филип Втори и Александар Македонски иако немимовно се навраќа на нив и нивното владеење, бидејќи за нивниот период има поплава од материјали, па затоа тој сметал дека "е најдобо моментно да се сосредоточам на рана Македонија... Се надевам дека овде покажав како појавата на Македон како голема сила во антиката од сенката на грчките градови се споредува со денешната зголемена почит кон посебноста на македонските инститции и материјална култура", вели Борза.
Професорката Басотова вели: "Несомнено од книгата се гледа дека Борза исклучително ја познава Македонија во секоја нејзина форма и аспект. Тој ја познава земјата, ја познава нејзината предисторија, нејзината положба на Балканот, но добро ги разбира и современите недоразбирања и турбуленции".
Борза за Македонија пишува во повеќе поглавја: за нејзината древна историја, за земјата од географски, климатски аспкет, за македонците како народ, за фомирањето на Македон, првите кралски лози на Аргеадите, за неколкуте династии се до Александар Четврти. Меѓу
другото тој не само што ги разделува Грците и Македонците како посебни племиња и етникуми го докажува и нивното меѓусебно ривалство, па и непријателски однос и вели: "За разлика од нивните западни роднини, кои биле релативно изолирани во планинските долини, низинските аргеадски Македонци биле изложени на политички, економски и културни струи на егејскиот свет. Низинските Аргеади немале племенско име. Се појавиле едноставно како Македонци.... Ќе помине долг период , можеби се до времето на Филип Втори, пред горно Македонците да се хеленизираат. Текот по кој хелинзмот навлегол зад планинскиот срт на централната македонска низина е културолошко прашање на кое може да одговори само археологијата", вели Борза, а во поглавјето за појавата на Македон ќе напише:
"Не постојат никакви докази дека Македонците сакале да станат Грци. Побргу постоел обид од страна на македонските кралеви да бидат признаени на планот за еднаквост со Грците... Македонците, а тука се мисли на повеќе од само Аргеадите, асимирале туѓи обичаи, вкусви и персонал за прагмаични цели, но без да го напуштат својот традиционален македонски идентитет. Имперјалната админитрација на Александар Македонски е типичен случај и доказ на ова".
"... Под најапсолутната монархија во нивната историја ( времето на Александар н.з.) Македонците во Азија се покажале како ужасно етноцентрични дури и без толеранција. Придружбата на Александар е полна со примери на предрасуди и нетрпеливости помеѓу Македонците од една страна и Грците и Персијците од друга страна".
Ова навистина несекојдневно дело завршува со констатација која според се може да биде мошне поучна и за сегашната држава Македонија. Борза на крајот вака поентира:
"Очигледниот недостиг на комплекс институционални уредувања, цврсто укажува дека, иако Македонците биле нација, нивната продолжена зависност од едноставна и персонална монархија ги спречила да постигнат државност.
... Настрана од неколкуте иновации во сликарството, изработката на метални предмети, и во ахитектурата, Македонците оставиле многу малку во смисла на уникатен културен белег во животот. Можеби ова и би требало да се очекува од еден народ чиј најистакнати личности биле воини - лидери, чии изворни инститции останале неразвени во самата Македонија, и чие општество, штом ќе добиело поттик од моќен монарх, најефективно говорело со своите копја".
***
Борза: Грците ја лажираа македонската историја
Американската филолошка асоцијација го прогласила професорот и историчар Борза за "специјалист за македонското прашање". На официјалниот грчки став дека античките Македонци "биле Грци", тој вели:
"Грчкиот став дека Македонците се Грци бил развиен многу пред да се најдат докази за тоа. Тие уште ја бранат својата позиција, иако новите истражувања достапни денес покажуваат дека Македонците биле посебна нација"
Борза укажува на трендот меѓу припадниците на грчката школа: Андроникус, Мартис, Дискалакис, Каларис, Сакалариу кои очајно сакаат да докажат пред светот дека древните Македонци биле Грци. Книгата на Мартис "Лажирање на македонската историја" им е делена на странските новинари и преведена е на многу јазици. Делото на Сакалариу
"Македонија - 4000 години на Грчка историја" била подарувана низ библиотеките во САД. "Грците му покажуваат на светот дека старите Македонци биле Грци занемарувајќи ги сите древни и модерни докази за спротивното" вели Борза.