Македон во сенката на Олимп

A

anaveno

Гостин
за Ел Цид..
напишаното е во контекст на Сенката на Олимп..
територијата каде што се наоѓала Македонија,спомната во најраните историски извори,е токму таква...
без наведените планини...

не зборам за подоцнежен период на МК...
туку за раниот период,што мислам дека е разбирливо кога се спомнува Ематија,и барањето на етимологија на името Македон-ија..
 
Член од
22 мај 2006
Мислења
400
Поени од реакции
4
за Ел Цид..
напишаното е во контекст на Сенката на Олимп..
територијата каде што се наоѓала Македонија,спомната во најраните историски извори,е токму таква...
без наведените планини...

не зборам за подоцнежен период на МК...
туку за раниот период,што мислам дека е разбирливо кога се спомнува Ематија,и барањето на етимологија на името Македон-ија..

Koga postoi Ematija, ne postoi Makedonija. Togas makedonskiot narod ne postoi, tuku postojat predmakedonski pleminja od koi se sozdava makedonskiot narod. Makedonskiot narod se sozdava so obedinuvanje na pleminjata koi ziveat na teritoriite na (od jug kon sever vo pravec zapad-istok)) Timfaja, Elimeja, Pierija, Orestida, Eordaja, Ematija, Linkestida, Almopia, Amfaksitida, Pelagonija. Toa e teritorijata od Olimp i solunskiot zaliv do Karadzica, Plackovica i Ograzden.

Od koi pricini celata taa teritorija go dobiva imeto Makedonija, a pleminjata koi ziveat na nea Makedonci, nikoj do denes ne dokazal. Postojat poveke teorii.

Spored mene samo dve teorii mozat da bidat relevantni.

1. Pleminjata gi obedinuva rodonacelnik na edno od pleminjata po ime Makedon i obedinetite pleminja se narekuvaat po nego Makedonci, a teritorijata kade sto ziveat Makedonija.

2. Teritorijata go dobiva imeto po kultot na majkata bozica koj e siroko rasprostranet na ovaa teritorija i e vsusnost kovanica od dva zbora Make (Makje, Majka) i Don (Dom). Po novoto ime na teritorijata, obedinetite pleminja si go davaat imeto Makedonci.
 
A

anaveno

Гостин
Македонија од 500 година пред. н.е се граничела на исток со морето на Солунскиот залив, на југ со планината Олимп и Карбунските планини до Пинд, на запад со Илирија по должина на планините Тимб и Бојо-продолжува до Охридското Езеро.

Овие граници биле сигурни, бидејќи создавале и создаваат еден непрооден, тешко совладлив ланец до морето.

На север Македонија се граничела со Пеонија по должина на планините западно од Охрид и Преспа опфаќајќи ја Пелагонија, уште на север се граничела со планинските масиви на Дарданците Шара и на исток кон планината Орвил и Родопите и реките Струма и Места.

Границите биле променливи, но безбедни, што значи тие станувале повод за расправии и вонредни операции прво на Филип и потоа на Александар, кои наложиле, без те шкотии, послушност на соседите пред тргнувањето за Азија.

Северните соседи Пеонците биле многу воинствени и горди.

Пеонците ги освоил и присвоил Александар 335 година п.н.е. кога се враќал од Дунав, но оставил и натаму да постои автономна династија, која пак на Александар му давала најдобрата коњаница по распуштањето на Тесалиската.

Агријаните, жителите на плодородните полиња помеѓу планините "Емос" и Родопите по кои тече реката Марица (Агриан), биле најдобрите, најсилните и најверните војници и аѓутанти на Александар.

Македонската земја се делела на Горна Македонија која опфаќала северозападните планини со долините и Долна Македонија која ги опфаќала полињата кои се простирале од планината Вермион (Каракамен) и Кајмакчален до долниот тек на реката Вардар и морето, како и полето во долниот тек на реката Струма и Места до морето.

Низ македонската земја течат три големи реки: Вардар (Аксиос), Бистрица (Аљакмон) и Струма (Стримон), сите се вливаат во Егејското Mope. Помеѓу другите притоки на овие реки поглавни се: Црна Река, Брегалница, Вода и (Воденската Река) и многу други притоки, кои ги наводнуваат богатите и плодни полиња на Македонија

Покрај полињата Македонија има богати планински пасишта со миризливи сочни хранливи треви, доволно за да прехранат повеќе стотици овци и др.

На тие пасишта се одгледувани расните коњи за македонската коњаница на Античка Македонија.

Помеѓу значајните и забележителни настани во историјата на Античка Македонија се двете престолнини на Античка Македонија Еге (првата) и Пела (втората) престолнина.

И двата града се наоѓаат во Воденскиот округ.[FONT=&quot]
[/FONT]
 
A

anaveno

Гостин
ЕГЕ била изградена на местото каде денес е градот Воден (Едесса).
Градот Вотиеј (Воден) бил изграден покрај истоимената река Вотиеј или (вода) пред Тројанската војна (1180 год. п.н.е. Тукидит), во време кога Доријците се уште не се имале појавено во темниот период на историјата.

Воден е изграден на рамна тераса која е издигната неколку стотици метри од морето (околу 335м) и се наоѓа на западниот крај на Солунското поле.

Реката Водас (Воденска) која тече низ градот Воден при самиот влез во градот се разделува на краци (ракави) вкупно седум, кои при крајот на градот (на источната страна) формираат прекрасни водопади - чудо на природата и реткост.

Воденската река извира од Островското Езеро (дел) и дел од јужните падини на планината Ниџе (Кајмакчелан) кај селото Нисја.

Од изворите тече по плодните долини до селото Владово, каде ги образува големите Вледовски водопади, чија подмолна и тешка бучава се слуша надалеку, а од ударот на водата во стените се создаваат и распрскуваат микроскопски невидливи капки кои достигнуваат на повеќе стотици метри во далечина и ги намокруваат лицата на љубопитните луѓе кои одат да ги посетат и да уживаат на таа ретка приредба и природа.

На тие две места, Воден и Владово, во близина на водопадите се изградени хидроцентрали, кои даваат скоро без трошоци електрична енергија на единствениот електросистем на Грција.[FONT=&quot][/FONT]
 
A

anaveno

Гостин
Македонците кога се спуштале кон југ, биле здружени и споени во добронаоружани групи (1500 год. пред. н.е.).

Во период кога почнувал крајот на номадскиот живот на Македонците и започнал да се организира во една здрава држава која подоцна го одигра најважниот чинител за развитокот на историјата на народите.

Но, за да се успее таквата проемна и организираното раздвижување, била потребна една битна-основна врска, внатрешна помеѓу племињата и поинтимна помеѓу номадите.

Таа врска, тој поврзувачки чинител, таа поврзувачката идеја била религијата.

Религијата ги натерала Македоцните да ги напуштаат локалните егоизми пред Боговите и нивните преставници (сештениците).

Значи боговите се родиле од потреба, исто и посредиците (примитивните свештеници),

таканаречени Ели или Елни или Елени.

Тие посредници биле овчари, како неуредни, добиле почитување и влијание над номадите, кои имале заеднички јазик, заеднички традиции, обичаи и навики и живееле во македонските планини, во плодните долини и полиња богати со вода, врз Македонците кои веќе биле споени во "нација".

Почитувањето и влијанието врз Македоцните го добиле, бидејќи тие (свештениците) имале способност да предвидуваат (на база на предходни природни појави и знаци и биолошки феномени), метеролошките промени кои се обистинувале од настаните, уште предвидувале каква ќе биде жетвата и како ќе биде оплодувањето на добитокот и др.

Свештениците биле многу бистри и итри и во тие околности имале приготвено подлога за да внесат нова ера.

Со верата успеале да ги интегрираат Македонците во целина, со боговите со кои само тие доаѓале во општење, бидејќи тие имале задача, исклучително само оние да ги поврзуваат луѓето со боговите.

Оваа функционална особина свештениците ја предавале наследно на своите деца.[FONT=&quot]

[/FONT]
 
A

anaveno

Гостин
РЕЛИГИЈАТА КАКО ПОВРЗУВАЧКИ ЧИНИТЕЛ

Од анализата на настаните на походот на Македонците во Азија, резултираше потребата да се испитаат дури и предисториските настани, кога се појавиле првите Македонци напаѓачи (инвазисти) од север кон југ 1500 години пред н.е. и наваму.

Од споредбената студија произлегоа јасни племенските и јазичните, како и темпераментните разлики на Македонците и на другите народи од праисторијата до денес.

Македонците биле телесно високи и тенколити, како што Хомер спомнува во "Одисеја" (ВИИ, 106), претежно русокоси, серизони и верни на пријателството, со јака природна и морална сила.

На тие и таквите племенски карактеристики подоцна Филип II и Александар III се потпреа при подготвувањето на походот кон Европа и Азија.

РЕЛИГИИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ И ГРЦИТЕ

Македонците верувале во многу богови и им давале лично постоење и лице, слични на луѓето, но со поголеми димензии и им препишувале натчовечки својства.

Ги ставале да живеат во планината Олимп каде било и нивното духовно седиште и затоа кога се молеле погледот го вперувале кон планината.

Во религијата на Македонците уште постоеле и големите богови Кавирите уште од пределинско време, богови од типот на Вакхус (Бог на виното кои Македонците го претпочитале, а нивно свето седиште било на островот Самотраки).

Кавирите биле машки богови, заштитници на луѓето и нивни спасители.
Делувањето на овие богови (Кавири) и нивниот јазик не биле грчки.

Во Македонија уште постоел и религиозниот обичај "проштевање" (прочка) односно "исповедување"што во грчкото верување го немало.

Во македонската религија постоеле и Менади (коледари), жени со лик на деца овенчани со лисја од лоа и бршлен, со замрсена коса и во раката држеле коледашки....

За разлика од Македонците, Грците, кои живееле отсекогаш на југ од планината Олимп, кога се молеле гледале во земјата, бидејќи верувале дека нивните богови се населени (живеат) под земја.

Тоа била основната разлика во верувањето на Македонците од Грците.

Подоцна и Грците го примиле македонското верување дека боговите живеат на планината Олимп, а тоа го примиле од напаѓачите од север, од Македонците кои ја окупирале Грција.

Но бидејќи планината Олимп се наоѓала во Македонија, Грците ја создале Олимпија на Пелопонез, за замена на пл. Олимп.
 
A

anaveno

Гостин
МАКЕДОНСКА ЦАРСКА ДИНАСТИЈА

Пред триесетина години, случајно во искршени грнци пронајдени се Кумранските ракописи и во нив комплетен попис на Македонската династија на цареви во континуитет, од Каран 825 г. пр. Хр. до Персеј.

И во Вавилон е најдена плочка со испишувани македонски кралеви на Селсукидите, Антиохите, Птоломеите си до Клеопатра VIII.
Тие хронологии не се негираат.
Тие помагаат да се идентификува се друго што го создавале Македонците на икуменските простори.
 
A

anaveno

Гостин
Македонски митолошки династии

...ПРИКАЗНА ЗА БОГОТ МАКЕДОН

Древните народи живеат со легендите за луѓето, боговите и природните сили.
Има ли народ во светот што името со милениуми си го носи по својот бог Македон?
Тоа се само Македонците, државата Македонија, царот на светот Александар Македонски,
имињата Македонка, Дона-Донка во песните.

Од каде ни е името на богот, народот, државата?
Се знае.
Од древнина, од самото постоење на буквата "е" пред Аполоновите светилишта, од "МА" - Големата Мајка - Македонија, славена со неолитски артефакти, статуи, фрески слики од Македонки низ историјата.
Ако Големата Мајка толку се почитува низ Македонија, можеби по неа го добивме името, ако и таа не го родила Македон, трајно да ни стане родоначалник, патрон, заштитник именик.
Во митолошките сфери се објаснува дека татко на Македон и Скит е самиот врховен бог Ѕевс што од небото ги ѕиркал најубавите жени и со нив оставил бројно поотомство на богови и божества, што се здале во заштита на Македонија, по примерот на Македон.

Богот по своето име ја нарекол земјата Македонија.
Таа традиција ја презеле македонските цареви и по свое име ги нарекувале градовите како Филипи, Александрии, Константинопол, Јустинијана, Марков град, Самоилова тврдина, Аполонии, Хераклеи, до Гоце Делчев, Сандански и други.

Само Македон го дал името за цела Македонија, за сите Македонци и сите градови со царски имиња.
Постојат и други толкувања за нашето име. Тоа било од низини, од дно меѓу планини и пак се поврзува со името Македон Посејдон, Тихи Дон, како дно на земјата, морето и
реките.
Други мислат, името дошло од изгледот на Македонците, високи, стројни, здрави луѓе као храстови од планините и полињата.
Во секој случај Македон го дал своето име на Македонците и ја одредил сличноста
на боговите со кралевите и со луѓето.
Македон ни се претставува како стар, мудар бог кој што бдее над Македонија од височините на црквите.

Ликот на Александар се претставува како Аполон; млад, светол, убав, моќен и лиричен. Филип личи на Херакло, тој е воин, херој, жесток борец во одбрана на Македонија.
Такви се и многубројните македонски цареви слични по изглед, симболи и оружје јавнати на коњи како Александар, Самоил, Марко Крале, Делјан и Ангелите во небеските одреди на фреските низ Македонија.

Тоа духот на Македон се појавува како всаден боговечен дух и кај обичните луѓе што го слават на пролет како Ксантика - празник на цвеќето, мартинките, победите.
Богот Македон се вљубил во Ксантика и ја барал меѓу расцутените дрвја и цвеќиња што се претворале во плодородие а народот се веселел со пеење, пиење, со црвено-белата боја и летните зраци на сонцето што останале на знамињата и везењето до денешни дни.[FONT=&quot][/FONT]

[FONT=&quot][/FONT]
 
A

anaveno

Гостин
ПРИКАЗНА ЗА КОСМИЧКА МАКЕДОНИЈА

Кога светот се создал во космички размери, кога се создале планетите, галаксиите,
сонцето, била создадена земјата со си живо и постоечко.
Планините, вулканите, океаните и сите земни убавини во раскошната природа, се распослале низ полињата на Македонија.
Ја здогледале Боговите и позавиделе на убавината па решиле таа да биде божествената земја за нив.
Ја избрале македонската планина Олимп за своја татковина, да уживаат сите Богови, окружени со сите убавини околу реките, езерата, морињата, блеснати во сончевина, А луѓето умни, убави, надарени, божествени, набргу се здружиле со боговите и во разни светилишта заедно се веселеле и славеле.
Од таму е, од Боговите, македонското потекло и од таму се имињата на реките, планините и градовите со имиња на Боговите.
Заедно живееле Боговите, божествата, боголиките херои, цареви и сите Македонци.
Зевс, Аполон, Херакле, Македон, музите и Македонците ја одржувле космичката енергија преку сонцето.
Царевите ги нарекувале божји синови на сонцето што дава живот и убавина.


Затоа Македонците си го зеле сонцето за знаме до ден денешен.
Го сретнуваме како симбол на орадијата, штитот, куполите на црквите, накитот, насекаде како потпис на македонскиот народ, слава и храброст на сончевите зраци.
Кога на Олимп се ковал златниот меч зрачел од сонце, таков Македон им го дал на Македонците.

По македонските ливади полни со цвеќе музите играле оро со венци на главата, како
што и сега играат македонските невести.
Божествени ора и песни, божествени луѓе со божествен живот и убавина биле Македонците.
Тие си преземале од Боговите, учеле од нив и ги славеле во Аполоновите светилишта со истата светост.
Од таму е Македонија света библиска земја во центарот на светот, со помош на сите светци.
Музите го подучувале народот и го надарувале.
Така музата Уранија ги научила Македонците да ги следат космичките промени, движењето на сонцето и промените на природата на Земјата со што се правел прецизен календар за земјоделието.
Со таа цел пред четири илјади години Македонците во Кокино ја изградиле астрономската опсерваторија.
Со тоа останале блиски и со Боговите и со космичките движења, Македонците граделе безброј култни светилишта за да ја направат Македонија најубавата земја на целата планета.
... Беше си била Македонија, и останала, и ќе биде таква - Божествена.

[FONT=&quot][/FONT]
 
A

anaveno

Гостин
Во врска со јазикот на Пелазгите, Херодот пишува:
"Каков бил поранешниот јазик на Пелазгите не можам да кажам со сигурност.

За Пелазгите од македонската област Крестонија Херодот е уште подециден:
"Co сигурност ce знае дека народот во Крестонија зборува на јазик кој е различен од соседните јазици".
(Херодот: "Историја" во превод на англиски од Џорџ Ровлинсон).
Инаку, за Крестонците (од Херодот наречени Пелазги) ce знае дека потекнуваат од бригиско-едонската група племиња.
Значи, практично Пелазги е назив и за крестонското бригиско племе, a Бригите пак имаат најдоминатна улога во етногенезата на античките Македонци (д-р. Наде Проева, цит. дело, 95-96).


Пелазгите како најстари познати жители на Македонија ги спомнува и античкиот историчар Јустин (Marcus Junianus Justinus).
Toj пишува:
"Македонија порано ce викала Ематија...
Нејзините жители биле наречени Пелазги..."
(Marcus Junianus Justinus: "Epitome of the Philippic History of Pompeius Trogus", translated, with notes, by the Rev. John Selby Watson. London: Henry G. Bohn, York Street, Convent Garden, 1853).

Дел од Пелазгите, како староседелци на Балканот, освен во Македонија, живееле и во Грција, по што ce претопиле со Грците, но за нив Херодот запишал дека тие морале да го учат туѓиот грчки јазик (д-р Н. Проева, цит. дело, стр. 96).

и т.н....


Но, каков бил тој јазик на Пелазгите?

Според теоријата дека Пелазгите биле "предци на Словените", и доколку (според Херодот) Грците ги превзеле имињата на своите богови од Пелазгите, тогаш би требало овие имиња во себе да содржат словенски елементи.


Дали е тоа навистина така?


Дали имињата на т.н. грчки божества имаат чисто МАКЕДОНСКА ЕТИМОЛОГИЈА??????
 
A

anaveno

Гостин
додека во колевката на цивилизацијата,Месопотамија,си играа во калта,спремајќи ги идните глинени плочки...
народот од Егејската култура,веројатно,му се поклонувал на запишаниот по име Бог ЕЛЕ...

како ЕЛЕ отиде на Блискиот исток,па беше пишан во Библијата како..
ИЛИ,ИЛИ...
неисе..

од ЕЛЕ..
етимолошки ете го и ИЛИОН (Троја)па..
веројатно и ИЛИЈА..

тоа е Соларниот култ кој го негувале тукашните народи...
Кокино е само потврда на тоа...

Соларниот култ не завршил..

за култот кон Сонцето (и небото) и г-дин В. Иљов има свое објаснување за зборот КОСМОС...
многумина сметаат дека тоа е шарлатанско објаснување..
меѓутоа..
немаат контра-аргумент да ја објаснат Етимологијата на истиот збор..

во астронимијата исто така,не се објаснува ни зборот "МЛЕЧЕН ПАТ"..
богот РОД ги родил светата крава Земун (ЅЕмун?) и козата Седун (ЅЕдун?) и од нивните вимиња се растурило МЛЕКО и настанала нашата галактика..

ненаучно?..ама поучно..

Соларниот култ не завршил..
продолжил со ЅЕ(ус)(светлина)....
кој од главата ја родил Атина[FONT=&quot] (Αθήνα)... [/FONT]
(денешните греци живеат во Атина..
но..во грчкиот јазик никогаш немало и нема што е тоа Атина..т.е. немаат ЕТИМОЛОГИЈА за оваа божица)
родената од татко е Атина..
т.е. споредено со старомакедонските говори таа е на АТА (татко во сите славски јазици)
или денешно..
ТАТИНА...

секој владетел има круна..
владетелот на вселената Кронос (Κρονοζ) (со круна)..
тој бил господар на универзумот..
владеел во старата Хера (Ήρα) ера.

некој ќе рече дека е ова апла (јаснотија, светлина). ..
како Аполон (Απόλλων) кој бил божество на светлината...
и дека на куково..
Лето (Λητώ) така се викала неговата мајка....

и за да биде ситуацијава смирена..
ќе ја повикаме божицата на мирот Ирена (Ειρήνη)...

ако некој мисли дека ситуацијава е за доктор..
тука е Асклепиј (Ασκλεπιοζ) или денешниот македонски глагол склепи (поправа).

и така се до последниот "Грчки бог" со МК
(славска.. е нарочно напишано да им текне на панславистите и хеленистите) ЕТИМОЛОГИЈА

добра ноќ ви посакува (божицата[FONT=&quot]) [/FONT]Никс[FONT=&quot]([/FONT]Νυξ[FONT=&quot])

[/FONT]п.с.
сведок е..
Херодот, кој пишува дека Грците ги превзеле имињата на своте богови од јазикот на Пелазгите:
"Некои од овие богови (со исклучок на Нептун) верувам дека Грците ги презедоа од Пелазгите.
За Нептун, пак, тие дознаа од Либијците, кои отсекогаш го славеа". (Херодот, цит. дело).



има и други..
[FONT=&quot][/FONT]

[FONT=&quot] [/FONT]
 
A

anaveno

Гостин
малку бев позитивно испровоциран од една П.П...
барајќи врска со Сончево-небесниот култ во Егејската цивилизација..
(народите нарекувани Пелазги,Венди,Венети,со еден збор НИЕ)
и етимологија на зборот "МЛЕЧЕН ПАТ"..
ми испадна името на првобогот небески, на Феникијците (читај од линкот горе..па долу), Мелкар (Млекар, од млеко, кај сите јужни Словени, молоко кај Русите, млеко кај Пољаците..
[FONT=&quot]


[/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom