Првите декларирани етнички Македонци емигрирале во Америка на крајот на 19 век покажуваат американски архивски документи.
Овие историски факти даваат одговор на грчката, бугарската и други пропаганди дека не постои македонска нација и оти е творба на Тито по Втората светска војна.
Нецелосната листа што поименично наведува 7,821 етнички Македонци, емигранти во Америка во периодот меѓу 1897 и 1924 година, ја објави денеска партијата на македонското малцинство во Грција „Виножито”, под наслов “Членовите на една „непостоечка” нација со име и презиме ... (кога Тито беше дете...)”.
Податоците за оваа емигрантска листа се од архивата на музејот во Елис Ајланд, островче во Њујорк каде бил сместен прифатниот центар за емигрантите кои пристигнувале во Америка во почетокот на 20 век.
“Бројот на лица кои се декларирале како Македонци кога емигрирале во Америка може да е поголем ако се земе предвид бројот на комбинации за пребарување на архивата“, изјави за Макфакс претседателот на “Виножито“ Павле Воскопулос.
Емигрантите од Македонија во одговорите што ги давале во графата за етничка припадност се изјаснувале дека припаѓаат на македонска националност (ethnicity Macedonian), различна од бугарска (Bulgarian), српската (Serbian) и грчката (Greek).
Првиот случај на емигрант што во САД се декларирал како етнички Македонец е од 1897 г. Тоа е Olia Tanso од Monaster (Битола).
MakFax