Македонци во грчки документи, енциклопедии, атласи и сл. литература

ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
Еве го најновото признание од грците.

Во седумдесеттите години на минатиот век тогашните грчки администрации два пати се обврзале, прв пат во 1977 година и втор пат во 1982 година, на конференции на ООН да го почитуваат името Македонија, соопштуваат од СМК.

Еве што стои запишано во грчкиот весник "Катимерини": На Третата конференција на ООН за типизација на географските имиња, која се одржа во Атина во 1977 година, Грција ја прифати Резолуцијата на Конференцијата, без никакви резерви. Според оваа резолуција системите кои се прифатени во Анексот на оваа Резолуција да бидат усвоени како меѓународни системи за транскрипција на латиница, српско-хрватските и македонските географски имиња во Југославија.

Во 1982 година на Четвртата конференција на Обединетите нации, што по истиот предмет беше одржана во Женева, грчката страна го предложи следниот став: “Во врска со ексонимите, и покрај долгата историска употреба на грчки топоними во територии надвор од границите на денешната грчка држава, Грција им дава поддршка на сите соодветни резолуции на Конференцијата на Обединетите нации за типизација на географските имиња, особено на оние што се однесуваа: на ликвидирањето на ексонимите кои се наоѓаат во меѓународна употреба (мапи, патни исправи, пропаганден материјал), што е можно побрзо; на почитување на националните топоними, така како што тие се типизирани од компетентните органи на географските имиња во секоја одделна земја".

Овој текст на Резолуцијата е пренесен во грчкиот весник "Катимерини" од страна на новинарот К.И. Ангелопулос, а написот датира од 14 февруари 1993 година.

Сe' ова значи дека пред триесеттина години официјална Атина ни ги признала правата за употреба на името Македонија и придавката македонски, вклучувајќи го и јазикот.

Едноставно и јасно во 1982 година, во Женева, Грција го признала името Македонија. Во рамките на Договорот приложени се и документи и мапи како материјален доказ за тоа.

Од своја страна, Грција понудила географски карти за својата територија на кои немало ниту еден регион, ниту една област од денешната грчка држава, која го носи името Македонија. Тоа се случило дури во 1988 година. Документите биле донесени без гласање, со акламација, на 31 август 1982 година.

Резолуцијата од 1982 година е запишана во Организацијата на Обединетите нации под бројот E/CONF.74/L.107 како дел од заклучоците на Конференцијата за типизација на географските имиња. Во регистарот на усвоени резолуции стои дека таа е подготвена од Благој Зашов.

Грчката резолуција, пак, која го опфаќа и горенаведениот напис во "Катимерини" е заведена под број E/CONF.74/L.110 и како нејзин автор се спомнува контроверзниот Евангелос Кофос.

За ова отворив одамна тема но нека го има и овде.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не е тоа никакво нивно признание, ниту пак “најново“.

Таа тема е отворена уште додека постоеше Политика подфорумот.

Толку работи се овде на форумов веќе испишани, што би ве замолил да прегледате пред да постирате и да не се повторувате.
Доволно беше да погледнеш на претходната страна.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Ako nekoj nema rabota neka klikne na Google News neka utipka Macedonia neka si odbere od 15 vek do 20 vek i moze slobodno da si cita vesti od New York Times,Guardian itn itn
Mслам дека овој напис од 1890 год. не го постиравме претходно.

Јасно се издвоени следниве народи:

“.....Грци, Бугари, Македонци.....’’



The Evening Post, Volume XL, Issue 47, August 23, 1890, page 1

 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Интересно...а сеа вршат притисок да сменеме име....ц ц ц ц шо се нема да направет лее...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Зошто Бугари би создавале - македонски јазик? :)

Остај ти поднасловот, прочитај го текстот што се кажува таму.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Грчки весник го признава македонскиот јазик 1905!

http://www.scribd.com/doc/19902967/-

:smir:
Атинскиот весник Sphera од 1-ви септември 1959 год. пишува како Македонките морале да даваат официјална заклетва во која изјавуваат престанувам да го зборувам словенскиот дијалект што ги буни непријателите на нашата земја, Бугарите,’’ и дека секогаш и секаде ќе го зборувам официјалниот јазик на нашата татковина - грчкиот јазик’’.

3а да нема забуни, Крсте Мисирков убаво објаснува дека баш тие ѓубриња не прекрстиле во Бугари:

За грците се’ словенцко беше грубо и бугарцко. ... Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени, особено тоi дел од ниф, шчо им причини наi големи неприiатности и се наогаше во турцко време под нивната опека, они го презираа и го велеа со презреното за ниф име 'бугари'.’’

 
Член од
10 ноември 2009
Мислења
2
Поени од реакции
2
Togas ne im precese,a sega im preci,so se krie zad toa mene ne mi e jasno?
se razbira toa e egejot!!!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Нова Македонија, број 21879, петок 8.1.2010 (8-ми јануари 2010 година)


Со предлог од македонска страна за обнова на неколку постари југословенско-грчки договори, во кои Грција неброено многу пати ги признава Македонците и Македонија, Груевски може уште еднаш да ја покаже добрата волја за решавање на билатералниот проблем



Постарите гевгеличани, дојранци и битолчани сигурно се сеќаваат како оделе на шопинг во Солун со македонски лични карти, а на некои од нив родени во Егејска Македонија пишувало Солун, наместо Тесалоники, или Лерин, наместо Флорина. Оваа слобода траела точно 20 години и ништо невообичаено не се случило ниту во Грција, ниту пак во Македонија. Колку што гледаме, никој не загубил ништо од сопствениот идентитет.

За подетално да се регулира ваквото погранично движење, тогашната Федеративна Народна Република Југославија на 18 јуни 1959 година со Кралството Грција во Атина потпишала договор за пограничен промет. Оваа уредба е објавена во „Службениот весник“ на ФНРЈ на 6 август 1960 година. Со оваа уредба се уредуваше движење на граѓаните од двете страни на границата во длабочина од 10 километри, вклучувајќи ги тука жителите на Битола и на Лерин. Граѓаните на двете држави уште тогаш имале право да ги преоѓаат граничните премини само со лични документи. Тој документ бил личната карта на Народна Република Македонија, на македонски јазик и, за чудо, валиден и разбирлив за тогашните грчки цариници и полицајци. Во последниот член од договорот стои дека тој се обновува автоматски на секои две години, доколку една од страните не го прекине, а за тоа треба да ја извести другата страна шест месеци пред истекување на договорот.

Не е лошо премиерот Никола Груевски да ги има на увид овие договори кога на неговиот грчки колега Јоргос Папандреу ќе му предлага мерки за подобрување на меѓусоседските односи, како што беше предлогот за отворање на граничниот премин Маркова Нога за време на последната нивна средба во Преспа, во селото Винени.

- Не знам кој го прекина, ама знам дека оваа уредба престана да важи од 1980 година. Мојата сопруга е од Гевгелија, таа многу често патуваше во Грција само со лична карта - се сети професорот по меѓународно право на ФОН Лазар Лазаров кога го прашавме за овој документ.

Но, и ако не беше прекината, уредбата по автоматизам ќе престанеше да важи по пропаѓањето на Југославија.

- Но ако Македонија се јави како правен наследник и се повика на овој или некој друг сличен документ, тогаш истото ќе го сторат и другите републики, значи не е можно да важи повеќе. Оваа не е ситуација како со СССР, каде што Русија се прогласи за единствен правен наследник на Советскиот Сојуз - објаснува Душан Бојчев, долгогодишен советник по меѓународни односи на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Но овој договор не е единствениот што би можел да му послужи на Груевски. Кога нашиот премиер утре пак ќе се расправа со францускиот претседател Саркози, би можел да му го покаже документот од 1946 година, кога Франција ја признава Југославија. Таму меѓу другото се наведува дека „Франција ја признава ДНРЈ (Демократска Народна Република Југославија) со сите нејзини составни републики, Македонија, Србија, Босна...“ Професорот Лазаров очекува наскоро да го добие овој документ.

Груевски би можел на бирократите во Брисел да им го покаже и договорот за економска соработка меѓу Југославија и Европската економска заедница (ЕЕЗ) од 1967 година, како прва држава што направила ваков договор со ЕЕЗ. На сојузниците од НАТО, нашиот премиер може да им го прочита договорот за воена соработка, како што пишува Лазаров во својата книга, меѓу Југославија, Грција и Турција, потпишан во Анкара на 28 февруари 1953 година. Со оглед дека договорот бил спонзориран од САД, практично ние уште тогаш сме биле дел од јужното крило на НАТО.

И Папандреу би можел да го прочита договорот со кој Југославија имаше слободна економска зона на солунското пристаниште до 1974 година.

Предлогот за обнова на овие договори од македонска страна за подобрување на односите со Грција би можел да биде проследен со едноставното прашање како Грција толку години ја преживуваше сета оваа соработка со иредентистичките скопјани.

Груевски: Секоја помош за спорот е добредојдена

Понудата на српскиот претседател Борис Тадиќ да посредува во решавањето на спорот со Грција е добронамерна и ние прифаќаме секаква помош по тоа прашање, изјави завчера премиерот Никола Груевски. Тој при неговата посета на Ерусалим порача дека секоја помош била добредојдена.

- Понудата на Тадиќ е добронамерна. Тој не е ни прв ни последен од политичарите што сакаат да се инволвираат во спорот и да помогнат. Многумина досега се обиделе, а некои само посакале да помогнат. Секој што сака да помогне е добредојден да помогне - изјави Груевски.

Премиерот нагласи дека истата порака ќе им ја упател и на другите политичари што во иднина ќе се понуделе за посредување во спорот со името.

Во врска со изјавата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу дека Грција и Македонија треба да се сретнат на пола пат за решавање на спорот и дека Македонија треба да го изоди тој пат, Груевски рече дека ја слушнал таа изјава пред некој ден и не би ја коментирал многу.

- Имам впечаток дека понекогаш грчката страна го говори тоа што сака да го слушне Брисел, а го прави тоа што сакаат да го видат нивните граѓани - рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Инаку, српскиот претседател Тадиќ неодамна се понуди да посредува и во црковниот спор меѓу МПЦ и СПЦ.
Автор: Александар Божиновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=18101021173&id=9&prilog=0&setIzdanie=21879
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479


Понудата на српскиот претседател Борис Тадиќ да посредува во решавањето на спорот со Грција е добронамерна и ние прифаќаме секаква помош по тоа прашање, изјави завчера премиерот Никола Груевски. Тој при неговата посета на Ерусалим порача дека секоја помош била добредојдена.

Инаку, српскиот претседател Тадиќ неодамна се понуди да посредува и во црковниот спор меѓу МПЦ и СПЦ.
Автор: Александар Божиновски

:toe::toe:
Што има он да се нуди,и на која страна би бил тогаш?
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Изворот е Нова Македонија, непосредно пред крајот на втората светска војна, но авторот на текстот е претставникот на грчкиот народ Империдис (текстот долу лево):


http://documents-mk.blogspot.com/2010/03/10-12-1944.html

За поголема слика КЛИК

Вреди да се прочита и остатокот од напишаното
Тривија: весникот се вика Нова МакедониА, а веднаш под името стои ...МакедониЈА
 

Kajgana Shop

На врв Bottom