Македонци во грчки документи, енциклопедии, атласи и сл. литература

A

anaveno

Гостин
:) Па да не бидеш ко Донски, собрал човекот материјалите кои ние ги постираме по нетов и “издава“ книга ..и се' би било во ред... доколку за таа книга не би барал пари.

А правење профит искористувајќи ги сите македонски ентузијасти кои вложиле труд и време во собирањето и презентирањето материјали, за нешто кое треба да биде слободно,бесплатно достапно за секој еден Македонец, според мене е погрешно....
Баш би било интересно да видиме од каде се собрани тие материјали. Нејсе...Борза,во кого многумина се крстат,пишува надолго и нашироко за Македонците. Се знае човекот за нив,а ниту бил,ниту ќе дојде во МК. Но затоа,СОБРАЛ ШТО ДРУГИ НАПИШАЛЕ И ГО СУБЛИМИРАЛ. Тоа, што за тоа,ТОЈ ЗЕМА ПАРИ Е ОК.

Е тој незнае да спореди гроб од антиката,да речеме оној на Филип 2 (?),со гроб од средновековието ни и денешнинава. Во сите нив има ДАРОВИ.

КОНТИНУИТЕТ. И ТОА ДОЛГ.

Секој Поп знае за Јосиф Флавиј. Тој е крунски сведок за Ристета. Ама, истовремено, незнае дека Флавиј "256" пати спомнал Македонија и Македонци, кои во Римско време "официјално" не постоеле.

Гледам сите се потепале по нетов да го споменат на пример Anhang Makedonien и уште 30-на други АНТИЧКО МАКЕДОНСКИ АВТОРИ (ИСТОРИЧАРИ), за кои 99,99% ОД МАКЕДОНЦИТЕ АБЕР НЕМААТ ДЕКА ПОСТОЕЛЕ И ТВОРЕЛЕ.

Секоја книга каде се сублимирани резултати за МК е придонес за Каузата.

Може да му замериме за погрешни етимологии, недоречености, стилот....

И уште еднаш, каде се тие дела на македонските ентузијасти по нетов, а кои се поместени во инкриминираните книги?

Што напишал Плутарх, Аријан или некој друг?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Секоја книга каде се сублимирани резултати за МК е придонес за Каузата.
Сите теми на кои по сите македонски интернет форуми се одвиваа дискусиите со години наназад и се собираа (и сеуште го прават истото) материјали од странски архиви.

И никој не бара ниту очекува пари за тоа!

Затоа што придонесот за каузата не е условен со материјална корист и создавање недостапност за народот.

Кога Донски тоа ќе го научи и кога ќе бидеме на доволно комотно ниво во однос на пропагандите, тогаш нека си мисли на правење творечка кариера за која некој вљубеник во историјата ќе му плаќа за неговите сублимации.
 
A

anaveno

Гостин
Мислам дека темата беше за писанијата по интернет.
Не видовме од каде, од кого, кога, како....

Кој како си го вади лебот е негов проблем. Народот, ако сака да купи,ќе купи.
Повеќе сака кафеани и мобилни и тоа е тоа.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259


Дали некој може од грчки да ја преведе целава страница?
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Ова е некаква листа на градови напишана од некој си митрополит од Света Гора.

Веројатно некаква листа кај што се наоѓале цркви од некоја патријаршија.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
a da ni dadese cat pat nekakov opis, izvor, whatever na slikite??
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Еве што пишува денешна Нова Македонија за грчкиот проблем со нашето име и историја:

Караманлис и Бакојани работат против наследството на своите татковци

Грчките политичари во обидот да ни го избришат идентитетот заборавиле да ги избришат делата на своите родени татковци



Минатата недела грчкиот премиер Костас Караманлис по многуте изјави за веќе утврдената „историска вистина“, даде уште една, па рече: „Историјата низ вековите не се брише. Ние повлековме црвена линија во однос на националните прашања“. Премиерот Караманлис овојпат е апсолутно во право. И самиот не е свесен колку.

Историјата не се брише, и не само националната, туку и семејната. Семејството Караманлис е славно во Грција. Почнувајќи од оној Караманлис, исто така премиер на Грција, кој во 1913 година успеа да голтне половина Македонија, преку Константинос Караманлис, премиер на Елада од 1974 до 1980 година. И додека дедото на сегашниот премиер јужниот дел на Македонија го нарекуваше „новоосвоени територии“, таткото Константинос го признал македонскиот јазик.

Документите за типизација на географските имиња на ООН што пред неколку дена ги објави Светскиот македонски конгрес (СМК), всушност не се никаква тајна - тие лесно може да се најдат на интернет-страницата на ООН. Во 1977 година весникот „Катимерини“ објавил дека Грција воопшто не се противела македонските топоними во Југославија да бидат нарекувани „македонски“. На ова не се противела ниту владата на Георгиос Ралис, наследник на премиерската фотелја од Константинос Караманлис во 1982 година. Грција и третпат го признала македонскиот јазик, и тоа во 1998 година, во времето на премиерот Костас Симитис. Во документот под број Е/ конф.91/ црп.23, Македонија е заведена како ФИРОМ, но имињата и јазикот на државата се напишани како „македонски“.


Кога децата не ги слушаат татковците


Уште поинтересен е примерот со министерката Дора Бакојани, чиј татко, Константинос Мицотакис, исто така премиер на Грција, јавно во својата книга околу проблемите со грчките соседи, напиша дека „за 10 години сосема ќе се заборави на спорот за името“. Најверојатно не очекувал дека неговото пророштво нема да се оствари и дека за тоа ќе биде заслужна токму неговата ќерка.

Всушност, документите со кои грчките влади ја признаваа и Македонија и нејзиниот јазик и народ не можат да се избројат. Ги има и премногу. Од 20 век, но и претходно. Од поблиското минато интересна е една нота што грчката влада на 1 март 1988 година и ја испратила на Владата на СР Македонија. Во нотата, напишана на француски јазик се известува владата во Скопје дека ќе биде сменет грчкиот конзул. На документот јасно стои „до Владата на СР Македонија“. Со вакви ноти се полни архивите на македонското Министерство за надворешни работи. И не само што се полни, туку и повторно им се доставени на Грција и на ООН.

- Во јануари 1993 година јас подготвив меморандум до ООН, кој беше одговор на грчкиот меморандум, а со кој се бараше Македонија да не биде примена под уставното име. Меморандумот беше полн со фотокопии од грчки ноти до Владата на СРМ, каде што нé нарекуваат Македонија - вели Ристо Никовски, поранешен амбасадор и дипломат.

Тука е мошне интересен и првиот грчки устав од 1828 година. Со основањето на првата грчка држава во историјата, тогашното грчко собрание ставило член во Уставот според кој секој христијанин на Балканот може да стане државјанин на Грција и Грк. И сето ова е само мал дел од грчката неизбршлива историја, од 20 и од 19 век. Да не одиме во антиката со Херодот, кој пишува дека Грците се дојденци од Египет, за Плутарх и расната нетрпеливост меѓу Македонците и Грците за...


Историската вистина кај грчките сојузници


Познато е дека не само Грција го негира македонскиот идентитет. Водејќи се од лајт-мотивот во изјавата на Караманлис, дека историјата не се брише, интересно е да се погледнат дел од илјадниците документи, неизбришливи траги за Македонците и нивната борба за држава и слобода.

Познатиот бугарски преродбеник Петар Славејков во јануари 1871 година за весникот „Македонска нација“ во Константинопол (денешен Истанбул), изјавува дека многу пати слушнал од „Македонистите“ од Македонија дека „тие не се Бугари, туку Македонци, потомци на античките Македонци“. „Ние расчистивме со Грците, да не очекувате сега да потпаднеме под други“, му рекле „Македонистите“ на Славејков. Еве што запишале, најновите грчки сојузници, Русите, кои во 1763 година владееле во Украина. Таа година се формирал македонскиот полк во рамките на руската војска. На оригиналниот документ јасно се гледаат типични македонски имињата, а до нивните потписи под графата националност стои: „македонска нација“. На број ги има 2.000. А еве што велат и историски гледано најголемите грчки сојузници, Британците. Обединетото Кралство, не само што од петни жили и се заканувало на Отоманската Империја да дозволи формирање грчка држава во 1828 година, туку и и давало на Грција територии што беа во владение на англиската круна, како на пример Тесалија и територијата околу градот Измир во 1908 година. Ако ги оставиме настрана познатите изјави на британскиот премиер Вилијам Гледстоун од 1899 година (Македонија на Македонците), посебно интересна е една страничка од најголемиот англосаксонски речник „Вебстер“ од 1967 година. Овој речник, кој се употребува масовно во сите училишта и факултети, ширум Британија, САД и Австралија ги поделил јазиците во Европа. На самиот графикон на јазиците, под наслов „Индо - европски јазици“, се наведени шесте бранши на јазици и тоа: германски, келтски, италијански, македонски, ирански и индиски. Словенски јазици нема. Во графите, „антика“, „среден век“ и „модерно доба“, секаде стои „Македонски“, освен во графата „модерно доба“, каде како дијалекти на македонскиот се наведени, бугарски, српски, хрватски, руски и сите останати јазици, денес познати како словенски јазици.



- Ваквите научни тврдења има од порано. Македонскиот јазик отсекогаш и секаде се изучувал - вели Димитар Пандев, професор на општа лингвистика и претседател на Советот за македонски јазик при министерството за култура.

Во документ од 1675 година пишува дека турскиот султан Мохамед Четврти, откако претпрел пораз од Запорошките козаци (денешна Украина), им испратил заканувачко писмо на козаците: „Јас, Мохамед син на Сонцето и Месечината, внук на Бога, владетел со царствата Македонско, Вавилонско и Ерусалимско...“ Тешко е да се верува дека еден султан не знаел со кого владее.

Дали Караманлис ја читал оваа историја не е познато. Дали знае Метју Нимиц? Уште побитно, дали нашите преговарачи и договарачи за името им ги покажуваат овие историски писанија на Грците и на Нимиц. Зборуваме и за грчки владини документи каде што пишува Македонија. Како што Караманлис ја чита историјата, тешко дека ова има каков било ефект во Грција. За надвор, ќе видиме.


Македонската борба во американски весник

Американскиот весник „Морнинг рекорд“ пишувајќи за големата криза на Балканот на 23 април 1899 година објавува мапа, на која се гледаат границите на етничка Македонија. Под мапата, стои текст во кој меѓу другото пишува: ...во меѓувреме долго тероризираните Македонци сé повеќе се борат и ги вртат нештата во своја корист...“

Автор: Александар Божиновски

извор
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Авторот на овој учебник за средно училиште од 1871 година, дваесетина години подоцна го менува мислењето и Македонците ги нарекува „аморфна маса“

Историјата е најголемата лага - оваа позната реченица на Наполеон е можеби најточната дефиниција за манипулациите што се прават со оваа наука во политички цели.

Учебникот по географија, особено неговиот дел за историјата на Балканскиот полуостров од кој учеле српските средношколци во 1871 година е најдобриот пример за она што сака да го каже Наполеон. Автор на учебникот е српскиот академик Петар Драгашевиќ. И додека во оваа историја Драгашевиќ ги нарекува Македонците, „најстари Словени“ и „можеби најстар народ во Европа“, а Србите и Бугарите „дојденци“, истиот автор дваесетина години подоцна, плука врз својот труд, нарекувајќи не „аморфна маса“. Намерно или случајно, промената на ставовите на Драгашевиќ се случува токму во периодот кога тогашен Белград ја црта картата на „Велика Србија“.

Учебникот „Географија за средни училишта“ бил прегледан и одобрен од државна комисија во Белград, а печатен во државната печатница. Во делот „Југоисточен полуостров“ пишува:

„Староседелци во овие земји, во древни времиња биле некои Словени на кои не им се знаат имињата...можеби низ долгите времиња наназад многу раштркани, тоа се денешните Македонци. Но, како што насекаде во светот бидува, кога дојденците ја преземаат власта, така било и овдека“.

Во истиот дел стои дека Елините се доселиле на полуостровот пред 1.500 години, ја создале лулката на науките и уметностите и ја пресадувале на сите крајбрежни делови на Средоземно Море. За Александар Македонски, стои дека, „творецот на македонската светска држава“, ги проширил границите до Индија. Во делот „Народ“, пак стои:

„Овој полуостров е мозаик на народи како и Австрија. На овој простор живеат 13,6 милиони жители и тоа: Словени 61 отсто, Турци 13 отсто, Арнаути 7 отсто, Грци 14 отсто, Ермени 3 отсто и останати 2 отсто. Што би се рекло, Словени има двапати повеќе од сите други заедно, а четирипати повеќе од Турците. Во Словени се бројат: Срби 3,6 милиони, Хрвати 0,5 милиони, Македонци 1,3 милиони, Бугари 3,2 милиони, останати 0,04 милиони“.

На страницата 163 се наведува дека „Македонците се најстари Словени на овој Илирски полуостров, а можеби и во Европа“. Драгашевиќ тврди дека преку Македонците поминувале и владееле сите народи кои во текот на многу времиња, или еден покрај друг, или еден зад друг престојувале во овие земји.

„Македонците денес го заземаат речиси целиот брег на Белото море, на исток се мешаат со Бугарите од Тракија на запад со Арбанасите од Арбанија и Епир и на север со Србија ги граничи Шар Планина. И покрај сето ова во нивните обичаи и во нивниот јазик можат да се најдат траги од сите оние народи, кои овде-онде, над нив владееја (нарочно Бугарите и Србите). Македонците и денес се карактеризираат самостојно и стојат во средината меѓу Бугарите и Србите“, пишува Драгашевиќ за Македонците.

Ништо помалку интересно е неговото пишување за другите народи: „Бугарите на овој полуостров се дојденци (за разлика од Македонците) исто како и Србите и денес ја зафаќаат целата источна страна на овој полуостров“. За Албанците, пак вели дека се во тесна врска со римските војници, а за Грците дека живеат во „Кралство Грчко“.




Симски: Така е и со другите истории

До овој учебник, пред еден месец дошол писателот и дипломат Стефан Симски.

- Сосема случајно ми го спомнаа колеги дипломати од Белград. Многу е интересно што автор на учебникот е истиот академик, кој 20 години подоцна комплетно го менува ставот за Македонците. И ова не е случај само со српската историја, туку и со бугарската и грчката - вели Симски, кој сега е шеф на одделението за македонско малцинство на Балканот при Секторот за дијаспора на Министерството за надворешни работи.


И...

Грција го признала постоењето на македонскиот јазик уште во 1923 г

:smir:
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Важно:

Превземено од бугарската Вики,за селото Висока


При избухването на Балканската војна в 1912 година един човек от Висока е доброволец в Македоно-одринското оп'лчение.[8] По време на војната на 16 ноември 1912 в селото влизат гр'цки војски, посрештнати „с ентусиаз'м от населението“, според спомените на генерал-лејтенант Константинос Зоројанидис. Според генерала
жителите на селото не знајат гр'цки и не са нито г'рци, нито б'лгари, нито турци, а без јасно национално с'знание.[9]



И сега интересното



След Междус'јузническата војна селото остава в Г'рција. По време на војната жителите му заедно с жителите на г'ркоманското село Сухо и гр'цкото Берово участват в разграбването и опожарјаването на голјамото б'лгарско екзархијско село Зарово. Генерал'т от гр'цката армија Константинос Мазаракис (бившијат андартски капитан Акритас) отбелјазва в 1913 година:



Висока: македонофонско село, елинизиране чрез училиштата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom