Да било така тогаш сигурно ќе се јавеле во 1991 за денационализација. Едино можеби има што се збогатиле за време на окупацијата како колаборационисти на бугарските фашистички свињи.
Инаку, постои наплив на фашистички колаборационисти во Јужна Америка од цела Европа, кои се избегани преку тајните канали разработени од Ватикан - во историјата познати како „Ratlines“. Кого го интересира повеќе, му ја препорачувам истоимената книга од Марк Аронс и Џон Лофтус.
Македонците во Јужна Америка се стигнати како економски имигранти, најверојатно од приморските делови на Егејска Македонија.
Ќе се јавеле во 2000-та за денационализација, од тогаш почна да важи законот донесен 1999 година.
Инаку, Птоломеј како што кажа, Македонците во Јужна Америка се претежно емигрирани по Балканските војни и поделбата на Македонија.
А за оние по 1947... е тоа не се колаборационисти, него луѓе кои имале богатство, имале имот, имале образование, имале се, ама кога дошла бандата од планинци т.н комунисти, голи боси и гладни за власт глупи кучиња, им конфискувале се, наводно поради „ратно профитерство“ во нешто...хммм...да го наречеме судски процес каде на јавно место е собрана бандата и судат демек некому а бандата од публика вика „НА СМРТ!!!!!“.
Заеби ти комунистичката пропаганда што зборела. Луѓето во малите места се познаваат.
И самиот нема да веруваш колку од тие луѓе имаат побарано да им се вратат имотите. Т.е. не лично тие него нивните наследници, бидејќи тие луѓе се изумрени веќе, ама се пренеле и приказните и се.
Во Струмица имаше 2 такви фамилии кои си повратија имотите. Едните беа во план со парите од тој имот да прават некоја фондација. Што бидна, незнам...