Македонците се најнесреќни луѓе на Балканот

Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас сум многу посреќна откако се преселив од таму, квалитетот на животот ми е далеку подобар. Кога доаѓам на посета, а доаѓам само поради фамилијата, ако останам повеќе од една недела, ме јаде депресија.
Македонците не се среќни ако знаат да се веселат додека пијат со друштво. Едноставно, ги дават проблемите во алкохол.
А сепак посетуваш македонски форум, скоро секој ден, и си пишуваш колку си среќна и колку ти е квалитетен животот. Мене на пример кога нешто ме прави депресивен, ми прави да се чувствувам неубаво, раскрстувам за навек со тоа. Или ради фамилијата и форумов го посетуваш? Пополека со лицемерието.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.930
Поени од реакции
19.293
Фати си некој талијан и нека те носи по Милано, или можеби некој фудбалер од Мајорка па да видиш што е живот. Ќе те убие монотонија од тие роботи таму, а ти си емотивно човече....не ти одговара Шветска.
Не ме спречува никој да шетам по Милано и Мајорка, ако имам финансиски средства.
Го погоди чоекот за емоции :ROFLMAO:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
А сепак посетуваш македонски форум, скоро секој ден, и си пишуваш колку си среќна и колку ти е квалитетен животот. Мене на пример кога нешто ме прави депресивен, ми прави да се чувствувам неубаво, раскрстувам за навек со тоа. Или ради фамилијата и форумов го посетуваш? Пополека со лицемерието.
На форумов освен тетките и партиските ботови, останатите ликови се сосема кул и никако не оставаат впечаток на шлајм македонски.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.850
Поени од реакции
10.305
Те разбрав, муабетот за скандинавците беше надоврзување за т.н. истражување од горе не беше насочено кон тебе.

Инаку најинтересна ми е дијаспората која што од толку што е среќна доаѓа на македонски форум да ни го каже тоа и капак на сѐ уште нѐ убедува колку ние всушност сме биле несреќни :D
Тоа пробувам да објаснам, мерат степен на "задоволство" од животот, пред се од системот. Другото се е субјективно.

Зимава повеќе ја поминав во Финска, на враќање Германија ми се чинеше климатски рај. За некој ден повторно таму, уште од сега ми е смрачено - од 20 степени пролет во Германија на минус температури и снег на сред април во Финска. Ама Финците уживаат во ова и верувам дека се стварно среќни, заебан народ. When life gives you lemons, make a lemonade треба да им е национален слоган. Имаат и посебен збор што нема превод во други јазици што им го објаснува менталитетот


За останатите дијаспорци на форумов немам појма со која мотивација се на форумов, мене лично ми е конекција со Македонија и истата не сакам да ја изгубам, каде и да сум. Дали сум среќен или не никогаш не зависеше примарно од тоа каде сум, дали сум посреќен или понесреќен да. За жал во Македонија системот, државата, институциите, корупцијата премногу влијаат на психа (и на физичко здравје, пр. загадување), а мене прагот на толеранција за непотребни стресови во животот ми е на многу ниско ниво :icon_lol:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.930
Поени од реакции
19.293
А сепак посетуваш македонски форум, скоро секој ден, и си пишуваш колку си среќна и колку ти е квалитетен животот. Мене на пример кога нешто ме прави депресивен, ми прави да се чувствувам неубаво, раскрстувам за навек со тоа. Или ради фамилијата и форумов го посетуваш? Пополека со лицемерието.
Ајде бе, демек сите шо заминале од државата треба скроз да кренат раце од неа, да не ја спомнуваат, да не идат на одмор тука, да не го зборуваат Македонскиот јазик ... Оти ? Оти тука биле несреќни ... Демек да раскрстат со својот народ и својата матична земја, прв пат слушам за ова најискрено.
Ене и фудбалерите си одат во тоа пустелиите од кај што потекнувале, дали и тие се несреќни ?
Што
има лошо во тоа да седиш на Македонски форум иако си иселен од државата ? Никој не се иселил од убајна, да било се функционално и убаво никој не си бега од родно место да остава роднини и пријатели и да ги гледа еднаш годината, или на скајп.

Да заклучиме. Никој не вика дека надвор од државата е се совршено и розево. Само тој шо го нема фатено куферот можи да зборува такво нешто.
Ама дека се живее поквалитетен живот тоа е факт. Моментално среќна мене можи да ме прави и да гледам серија на Нетфликс, ама тоа не ме прави среќен човек ако јас немам до крај на месецот како да го поминам, ако ми чади глата како ќе ја платам ратата од кредитот.
Едно излегување во кафана нема да ми промени ништо, ако другиот ден јадам леб и маргарин и манџа стоена три дена. Обично така функционира кај нас народот, си го лажат умот дека се среќни, а уствари проблемите си ги потиснуваат под черџе и кога ќе исплива се на површина доаѓа хаос, разводи, тепачки итн.
Лето било, сончеви денови, шо кур ми менва ако има сончеви денови и ако е лето ако јас немам пари ни до помочан Претор да одам.
Можам милион причини да набројам зошто се несреќни луѓето тука.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
А сепак посетуваш македонски форум, скоро секој ден, и си пишуваш колку си среќна и колку ти е квалитетен животот. Мене на пример кога нешто ме прави депресивен, ми прави да се чувствувам неубаво, раскрстувам за навек со тоа. Или ради фамилијата и форумов го посетуваш? Пополека со лицемерието.
Ова колку да има драми.
Глупостите што се случуваат во мкд, особено на политичка сцена во странција се поретки од дијамант :D
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ајде бе, демек сите шо заминале од државата треба скроз да кренат раце од неа, да не ја спомнуваат, да не идат на одмор тука, да не го зборуваат Македонскиот јазик ...
Да
Ова колку да има драми.
Глупостите што се случуваат во мкд, особено на политичка сцена во странција се поретки од дијамант :D
Или у превод сеирење.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.834
Поени од реакции
6.442
Ова колку да има драми.
Глупостите што се случуваат во мкд, особено на политичка сцена во странција се поретки од дијамант :D
Ебаго. Да видиш шо се случува на германска политичка сцена, ќе се замислиш. Комбинација од Руби, Ла Мадрастра, Росалинда, Ла Тормента. И Зоро. Само екипата не е така секси.
За америчка и руска политичка сцена не ни прам муабет, то е циркус од невидени размери.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Само иселен Македонец ван Македонија и ван Балканиве може да биде колку-толку среќен чоек, а овдека хахаха :ROFLMAO: :гомце::vozbud:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.458
А сепак посетуваш македонски форум, скоро секој ден, и си пишуваш колку си среќна и колку ти е квалитетен животот. Мене на пример кога нешто ме прави депресивен, ми прави да се чувствувам неубаво, раскрстувам за навек со тоа. Или ради фамилијата и форумов го посетуваш? Пополека со лицемерието.
На форумов сум преку десет години, што од навика, што ради полесна комуникација со пријатели од тука, до пред некое време си земав и обврска да модерирам, а и ми помага да бидам во тек со некои настани во Мк и да не си го заборавам мајчиниот јазик, понекогаш имам потешкотии да се сетам на некои зборови и ова ми е добар тренинг. Не гледам како ова е поврзано со фактот дека сум имала неквалитетен живот таму.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ебаго. Да видиш шо се случува на германска политичка сцена, ќе се замислиш. Комбинација од Руби, Ла Мадрастра, Росалинда, Ла Тормента. И Зоро. Само екипата не е така секси.
За америчка и руска политичка сцена не ни прам муабет, то е циркус од невидени размери.
И што мене ќе ми значи тоа што се случува на нивната сцена ако јас не сум запознаен со нивните односи?
Тука си израснал, знам кој ми смета и кого не го сакам, дел од тие што се курчат таму и ги знам од некаде приватно, имам бизнис интереси, ги разбирам проблемите во сржта, фамилијата ми живее тука, дел од другарите и пријателите сеуште ми се во мкд. Нормално е да ме интересира што се случува.

Ваму појма немам историски кој што и како, ниту знам партии, ниту имам право на глас уште одреден период, не сум учел во нивни школи и не ме интересира, не им ги знам матните бизниси во позадина...

Стандардот е подобар, поквалитетна е самата околина од аспект на чистота, нема драми од политичка сцена или глупости со јавни набавки/или пак не ме ни интересира да ги гледам затоа што немам такви интереси, ако ти се работи ќе правиш пари...
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.834
Поени од реакции
6.442
Или у превод сеирење.

Само несреќен човек можи да се сеири на другите, посебно на Македонија заради нејзините банана политички случувања.
Уште за сеирење се кутрите. Доктор во Лондон не можат да си платат, не се враќаат од што им е страм да се вратат назад, инаку таму се последна дупка на свирајца.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.886
Поени од реакции
50.462
Несреќен е Македонецот зошто гледа како живее светот и мисли дека му следува такво нешто. Севернокореецот на пример, не гледа и мисли дека е на коњ.
Не сакам да давам идеи , ама многу нешто се кенка и се јаде говна минативе 30тина години. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom