А сепак посетуваш македонски форум, скоро секој ден, и си пишуваш колку си среќна и колку ти е квалитетен животот. Мене на пример кога нешто ме прави депресивен, ми прави да се чувствувам неубаво, раскрстувам за навек со тоа. Или ради фамилијата и форумов го посетуваш? Пополека со лицемерието.
Ајде бе, демек сите шо заминале од државата треба скроз да кренат раце од неа, да не ја спомнуваат, да не идат на одмор тука, да не го зборуваат Македонскиот јазик ... Оти ? Оти тука биле несреќни ... Демек да раскрстат со својот народ и својата матична земја, прв пат слушам за ова најискрено.
Ене и фудбалерите си одат во тоа пустелиите од кај што потекнувале, дали и тие се несреќни ?
Што
има лошо во тоа да седиш на Македонски форум иако си иселен од државата ? Никој не се иселил од убајна, да било се функционално и убаво никој не си бега од родно место да остава роднини и пријатели и да ги гледа еднаш годината, или на скајп.
Да заклучиме. Никој не вика дека надвор од државата е се совршено и розево. Само тој шо го нема фатено куферот можи да зборува такво нешто.
Ама дека се живее поквалитетен живот тоа е факт. Моментално среќна мене можи да ме прави и да гледам серија на Нетфликс, ама тоа не ме прави среќен човек ако јас немам до крај на месецот како да го поминам, ако ми чади глата како ќе ја платам ратата од кредитот.
Едно излегување во кафана нема да ми промени ништо, ако другиот ден јадам леб и маргарин и манџа стоена три дена. Обично така функционира кај нас народот, си го лажат умот дека се среќни, а уствари проблемите си ги потиснуваат под черџе и кога ќе исплива се на површина доаѓа хаос, разводи, тепачки итн.
Лето било, сончеви денови, шо кур ми менва ако има сончеви денови и ако е лето ако јас немам пари ни до помочан Претор да одам.
Можам милион причини да набројам зошто се несреќни луѓето тука.