- Член од
- 8 декември 2007
- Мислења
- 254
- Поени од реакции
- 9
Црните планови се зацртани е сега дали и ние ќе учествуваме да тие се остварат? Дали сме толку наивни???....
МИРКА ВЕЛИНОВСКА ОТКРИВА МЕГА СКАНДАЛ- ПО ПРИФАЌАЊЕТО НА ФИРОМ, НОВА ТРГОВИЈА СО ДРЖАВАТА
Бранко ја продава државата и нацијата за да се врати на власт
Целта на пакетот на Црвенковски бил по прифаќањето на ова име Македонија да доживее нова уставна трансформација. Тогаш веќе Поранешната Македонија, во Унија на Народи со ново име за севкупна употреба, а поранешните Македонци, откако ќе почнат да ги уживаат благодетите од приемот во НАТО, мирно да прифатат нивно преименување, што ќе произлегло од согласноста за грчкиот услов да прифатиме целосна деноминација
Претседателот Бранко Црвенковски подготвува таен проект со кој Македонците треба да се избришат како нација во сопствената држава која ќе стане Унија на Народи.
Ваква теза во вчерашното издание на "Нова Македонија" пласира новинарката Мирка Велиновска. Според Велиновска, клучна личност во реализацијата на проектот на шефот на државата игра американскиот професор по менаџмент и организација Исак Адижас.
Тој според авторката на текстот изминативе неколку дена бил во тајна дипломатска мисија во Македонија, а во 2007 година бил и медијатор на тајните преговори за спорот со името на Црвенковски и грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани. Според овие тврдења, Претседателот на Адижас му пренел дека спорот со Грција досега сигурно ќе бил решен и ќе бил направен компромис околу името Северна Македонија доколку се согласел Премиерот Никола Груевски.
Целта на пакетот на Црвенковски бил по прифаќањето на ова име Македонија да доживее нова уставна трансформација. Тогаш веќе Поранешната Македонија, во Унија на Народи со ново име за севкупна употреба, а поранешните Македонци, откако ќе почнат да ги уживаат благодетите од приемот во НАТО, мирно да прифатат нивно преименување, што ќе произлегло од согласноста за грчкиот услов да прифатиме целосна деноминација. Адижас, инаку близок пријател на фамилијата Бакојани, од Црвенковски добил прецизни информации и за начинот на кој ќе го реализира проектот.
Дел од тактиката било во наредниот период Црвенковски да организира серија големи протести против економската политика на Владата. Притисокот од народот според ова тврдење би го принудило Груевски да поднесе оставка, а Црвенковски лесно би ја презел неговата позиција. Според тезата на "Нова Македонија", откако Адижас го чул планот од Црвенковски, сметајќи дека е реален и остварлив побрзал, добрите вести да и ги пренесе на Бакојани. Идејата била и преку интелектуалци, медиуми, европски бирократи, да се изврши интензивен притисок дека нема да добиеме пари за многу проекти и дека останувањето надвор од ЕУ и НАТО за сметка на името на Македонија ќе и донесе економска беда. Тоа би ги принудило Македонците да го жртвуваат својот идентитет.
Во прилог на идејата за "Унија на народи" би одел и фактот што и во Уставот е дефинирано дека во Макединија живеат делови од други народи, а не малцинства. "Помош" би пристигнала и од албанскиот фактор во Македонија кого не е тешко да се натера да инсистира на што поголема независност од централната власт и да ја промовира идејата за кантонизација на Македонија. Македонските Албанци не би сакале да бидат единствени во регионот надвор од евроатлантските структури, во моменти кога Албанија е пред вратите на НАТО, а Косово стана држава.
Тезата за кантонизација на Македонија во скоро време доколку набрзо не прифати компромис со Грција, пред неколку дена на предизборен митинг ја потенцираше и претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчковски.