TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 878
Партијата на Македонците во Албанија соопшти дека победи на локалните избори во Мала Преспа, во трката за градоначалник, јави дописникот на Макфакс.
Политичкиот секретар на Македонската алијанса за европска иднина (ПМАЕИ) Кимет Фетаху изјави денеска за Макфакс дека нивниот кандидат Едмонд Темелко е победник во таа општина, на изборите што се одржаа вчера во Албанија.
Според Фетаху, Темелко добил најмногу гласови, а партијата освоила и пет советнички места во Советот на општината Мала Преспа, што претставува 35 проценти од вкупниот број на советници.
Фетаху посочи дека се уште нема резултати од другите општини каде учествуваше партијата на Македонците, бидејќи броењето на гласови започнало доцна.
Во врска со текот на изборите, Фетаху изјави дека тие минале мирно.