Македонците муслимани во Турција плачат по Македонија

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.033
Поени од реакции
11.055
"Богати сме, имаме пари, куќи, автомобили, фабрики. Имаме се што, можеби, никогаш не ќе го имавме во Македонија. Но, и покрај тоа, носталгијата не ни дава да го заборавиме родното огниште. Живееме во изобилство, а тажиме за сиромаштијата. Кога се собираме во чајџилница да играме карти, секогаш се сеќаваме на нашиот крај, рониме солзи".
Ова е дел од секојдневјето на Македонците-муслимани или Торбеши, како што тие сакаат да ги нарекуваат, кои веќе над 50 години живеат во Турција. Торбеши има низ цела Турција, но најмногу се сконцентрирани во градот Маниса, гратче кое по својата местоположба личи на Скопје.
"Можеби, причината што сме се населиле тука е што Маниса личи на Скопје. Кога ќе се качиш на планината, ја имаш Маниса на дланка, исто како кога ќе се качиш на Водно и ќе го гледаш Скопје. Само во Маниса има над 20 илјади Торбеши, а во целата општина над 80 илјади. Има цели села во околината што ги викаме според селата во Македонија. Има од Горно Врановци, Велес, од Делчевско, Струмичко, но и од Тетово до Дебар", вели претседателот на Здружението на Македонците, Селим Шаркта.
Селим е роден во Маниса, но неговите родители се од Жеровница и не дозволиле тој да го заборави македонскиот јазик.
"Без оглед што Македонија ја знам само преку раскажувањето на моите родители и што неколку пати бев на гости кај роднините, сепак, јас сум Македонец и преку Здружението, кое постои 20 години, правам се за да не се загуби врската со нашите корени. Најмногу преку културно-спортските активности. Така и се случи Маниса и Скопје да се збратимат. Имаме свое културно-уметничко друштво, наш фудбалски клуб. Се уште немаме своја политичка партија, но активно сме вклучени во политиката преку разните партии. Без оглед на тоа што политички сме различни, секој од нашите чија партија ќе дојде на власт им помага на другите, особено при вработувањето", вели Селим.
Илјадниците Торбеши, иако толку долго живеат во Турција, не дозволиле да ја загубат традицијата и ги задржале сите обичаи што ги имале во Македонија, кои ги пренесуваат на поколенијата. Свадбите ги прават исклучиво со македонски песни, а го задржале и традиционалното пролетно собирање, кое го викаат "летник".
"Се собираме за 21 април, вариме пченка, правиме пити, ни доаѓаат на гости од другите градови од Турција, градоначалникот, валијата, печеме јагне, стапнуваме на железо за да бидеме здрави, јадеме јаболка, се потстрижуваме за да ни оди годината со лесно, играме, пееме", вели Селим.
Една од причините што Торбешите ја одбрале Маниса за свој нов дом е и тоа што, за разлика од многу други градови во Турција, индустријата е развиена, а и природата е дарежлива. Успеваат тутунот, памукот, познатото грозје без семки, лалињата. Има многу фабрики и текстилни погони на познати светски марки. А Торбешите најмногу го имаат развиено градежништвото.
"Кога во '50-тите се селевме од Македонија, не ни знаевме каде одиме и што не чека. Моето семејство се пресели во Маниса во 1955 година, јас тогаш имав 29 години. Дојдовме со куферче со партали. Маниса беше многу мало гратче, полно со куќи од кал. Турците не знаеја дека куќите веќе се прават од тули. Во прво време, бевме кираџии во една таква куќа од кал. Родителите ни спиеја на еден кревет, а ние, децата, на земја. Но, бидејќи ние сме вреден народ и добри градежници, ја изградивме цела Маниса. Некогаш во куќа од кал, а денес имаме станови за под кирија, куќи на море, вили во планината", вели 75-годишниот Сабит Окај, кој се уште ги памети деновите од младоста минати во Македонија.
"Дел од роднините и од пријателите, вели тој, кои ги имавме тука, ни помогнаа. Две години земавме пари на заем додека не застанеме на нозе и потоа им ги враќавме. Работевме деноноќно, sидавме. Со нашата работа ја изградивме Турција. Денес имам се. Пари и пензија, ама пред умирачка сакам да ми се исполни само уште една желба - да дојдам во Македонија. Уште еднаш да ги видам роднините и моето село Болетен и потоа и да умрам, не ми е жал. Болетен сега го гледам само на слика, од она време кога таму имаше многу куќи", вели дедо Сабит.
Сите повозрасни Торбеши во Маниса со гордост раскажуваат за времето кога се преселиле во Турција, колку биле поумни и повредни од Турците. Велат, среќа што Турците учеле од нив. На почетокот ги викале каури, но подоцна научиле да зборуваат турски и до ден-денес немаат никаков проблем што се доселеници. Се придржуваат до свадбарските и до религиозните обичаи кои ги донесле од Македонија. Ги слушаат Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариевски. Нема свадба без "Македонско девојче", "Кога тргнав, Цвето", "Домаќине, добри гости ти дојдоа".
Шеесет и деветгодишниот Неџмедин Џомер се преселил во Маниса во 1959 година. Тој вели дека во Македонија се чувствувал Македонец и Југословен, бидејќи служел војска во Сараево. Но, заедно со своите родители, се преселил во Маниса, па заминал на печалба во Германија.
"Успеавме да застанавме на нозе, иако бевме многу сиромашни и заостанати. А нашиот крај, реканскиот, беше пасивен. Сега може да се каже дека одењето во Турција беше успешно, оти не можеш да најдеш сиромав човек. Мислам дека немаше да бидеме толку богати ако останевме во Македонија. Ама ако е сиромашно, родното место се сака. Имам одено во Македонија и пак сакам да одам. И плачеме по родната земја", вели Џомер низ солзи и со гордост раскажува дека неговиот син Џевдет по толку години се вратил во Македонија и на темелите на старата куќа изградил нова.
Помладите Торбеши се понеизмачени(?) од постарите оти се учени. Музафер Гуљсију, кој во Македонија се презивал Зекировски, е роден 1954 година и кога имал две години се преселил од Болетен во Маниса. Од заминувањето, прв пат се вратил во Македонија во 1991 г. - по 40 години.
"Во Маниса бев чирак, ама потоа дипломирав архитектура и денес имам своја фирма. На времето пет фамилии живеевме во една куќа, а сега секој има по неколку куќи на по неколку ката", вели Музафер.
Керим, кој во Македонија се презивал Имери, а сега е Онгидер, завршил основно образование во Жировница и потоа, како што вели тој, дошол со родителите во Маниса по опинци.
"Немавме ништо од покуќнина. Се што имавме во Жеровница - и оставивме на државата. Додуша и немаше кому да му продадеме, зашто кога Југославија и Турција го отворија пријателскиот мост, почна големата преселба. А ако не и го оставевме имотот на државата, не ќе можевме да земеме пасош за да заминеме во Турција. Беше тажно. Со стари ковчези, малку грав и со нешто храна, па на воз. Три дена во Истанбул јадевме во народна кујна и потоа со брод до Маниса. Во Маниса ја запознав жена ми која, исто така, е од Жировница. Сега сме пензионери и желба ни е да дојдеме во Долна Река. Да си го видам старото огниште", вели Керим.

***

Зошто ги викаат Торбеши

На времето кога османлиите доаѓале по данок, житото го броеле со вреќи. Најчесто тоа биле пет вреќи, што на турски значи "дорб беш" (торби пет), што подоцна преминало во "торбеш".
Но, постои и друга приказна за нивното име, а тоа е што "дорб беш" значи и "петто внуче". Торбеши има во Грција, Бугарија, Албанија, Косово и во Македонија, па така македонските уште ги нарекуваат и петтото внуче, односно Торбеш.

***

Сакаме македонско државјанство оти сме Македонци

Најголемата желба на Торбешите во Турција им е да добијат македонско државјанство, што значи дека нема да си ги загубат корените и дека по 50 години повторно ќе бидат она што се - Македонци. Пред десетина години нивни претставници разговарале со тогашните власти во Македонија и им било ветено, но до ден-денес не е направено ништо. Иако кај нив се уште постои желбата, која е се поголема.
При последното гостување на претседателот на ПЕИ, Фијат Цаноски, во Маниса, повторно му беше изразена желбата за македонско државјанство.
"Ние, како партија, и јас лично ги поддржуваме нашите иселеници, особено што тие се исти како мене. Меѓу нив постојат голем број бизнисмени, кои изразија желба да инвестираат во големи проекти. Мислам дека тоа е иднината на Македонија, да ги повлечеме нашите иселеници. Веќе имав кратка средба со премиерот Груевски, кому му кажав дека процедурата за државјанство оди многу тешко и побарав да земеме став за сите оние што ги исполнуваат условите и да им помогнеме. Тие заслужуваат да бидат Македонци и се Македонци, најголемиот број се родени тука. Добив ветување од премиерот дека сите оние што ги исполнуваат уловите ќе добијат државјанство оти, сепак, тоа се и наши граѓани", вели Цаноски.

***

Маниса - крстосница на старите цивилизации

На триесетина километри од Измир, во подножјето на планината Спил, сместен е градот Маниса, кој уште пред 25.000 години бил крстосница на цивилизациите. Во сите историски записи за Маниса се наведува дека без оглед што нема море, сепак, е град кој има прекрасна клима и убав, чист воздух и поради тоа бил интересен. Маниса денес е град на стари архитектури и легенди.
Овој мал историски град во Анадолија бил центар на многу стари цивилизации како Хитити, Лидијани, Персијанци, Пергамани, Романи и на Отоманската Империја. Секоја од овие цивилизации оставила зад себе по некое обележје со кое денес се гордеат жителите на Маниса.
Во Маниса велат дека ако тргнеш во планината Спил, ќе ја видиш статуата на богот Кибели, која ја направиле Хититите во карпа. Маниса била главен град на Лидијаните во 13 век, за што постојат историски артефакти во регионот Салихли. Во близина на Маниса се наоѓа првата црква во светот, направена од тогашниот крал во археолошкиот град Сардес. А за време на Отоманската Империја, пак, бил едукативен центар, каде што синот на султанот, но и султанот Мехмед учеле тука.
Кога жителите ги шетаат посетителите низ Маниса, задолжително ги водат во подножјето на планината, каде што се наоѓа карпата што плаче. Според легендата, Најоба имала 12 деца и бидејќи му дала на сопругот потомство, побарала таа да биде прва жена. Но, кога првата жена го слушнала тоа, и ги убила сите деца. Најоба го замолила богот Зевс да ја претвори во камен, оти не можела да ја издржи големата болка. Интересно е што одвреме-навреме од карпата протекува вода и се верува дека тоа се солзите на Најоба.
Во денешно време, Маниса е актуелна по убавата планина со чист воздух, по дивите коњи кои ги викаат "украс на планината", по рекреативниот планински центар и по центарот за параглајдерство. И по лалињата и, секако, најмногу по гостопримството, кое ниту еден посетител не го остава рамнодушен.

Вест
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
1.3 милиони Македонци овде во Р.Македонија,а дупло повеќе во странство.:nesvest:
Иначе добро што не си ги заборавиле корените нашите кои заминале во Турција.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Јас сум торбеш.
Мајчин јазик ни е македонскиот,мајка Македонија.Имам многу роднини во Турција.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Не смееме да ги запоставиме муслиманите Македонци. Треба некако да се воспостави врска со нив, или барем некако да им се помогне.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Јас сум торбеш.
Мајчин јазик ни е македонскиот,мајка Македонија.Имам многу роднини во Турција.
Па нормално македонскиот,и тоа многу течен македонски јазик.Дали заради примањето на исламот овој дел од македонскиот народ не бил подложен на странските пропаганди па си ги зачувал оригиналните традиции и јазикот.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Не смееме да ги запоставиме муслиманите Македонци. Треба некако да се воспостави врска со нив, или барем некако да им се помогне.
Не треба ама многу се запоставени.По цели села се отселени на гурбет во Италија,Германија,Швајцарија....

Па нормално македонскиот,и тоа многу течен македонски јазик.Дали заради примањето на исламот овој дел од македонскиот народ не бил подложен на странските пропаганди па си ги зачувал оригиналните традиции и јазикот.
Точно.Многу чисто се зборува македонскиот јазик,без никакви примеси или со многу малку дијалекти секако.
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Па нормално македонскиот,и тоа многу течен македонски јазик.Дали заради примањето на исламот овој дел од македонскиот народ не бил подложен на странските пропаганди па си ги зачувал оригиналните традиции и јазикот.
голем поздрав до торбешите...имам многу другари торбеши во дебарско..и мегу нив може да се најдат патриоти со огромно срце...сепак она што се случи со дел од торбешите на последниот попис е поразително...албанизација на цели села....
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Не смееме да ги запоставиме муслиманите Македонци. Треба некако да се воспостави врска со нив, или барем некако да им се помогне.

многу од помош им беше владата на ЛУБЧО кога децата во Папрадник(мислам дека таму беше-инаку не станува збор за мал број на деца) ги принуди да учат основно образование на турски јазик...
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Епа тоа гласачка машина само.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Епа тоа гласачка машина само.
Дефинитивно. Жално е што Торбешите се запоставуваа или албанизираа, а како што кажа Армин, тие зборуваат чист Македонски дијалект :smir:
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
kako lugje se mnogu dobri,mislam kade i da gi najdesh zelni se da ti pomognat
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
kako lugje se mnogu dobri,mislam kade i da gi najdesh zelni se da ti pomognat

точно...само што Македонското опшество ги отфла....а Албанците ги чекаат со отворени прегратки...МАКЕДОНИЈА треба да ја преиспита својата политика кон торбешите...
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Македонците муслимани , торбешите , се уште една жртва на владеењето на дегенерисани , малоумни , скапани политичари , кои својот коефициент на инетигенција го купиле на некој факултет или наследиле од своите црвени родители. Најостриот нож на синдромот на самоуништување, кој го следи овој народ низ целата своја историја до денов денешен , ги одвои нашите браќа по крв од нас ,македонците муслимани. Јас лично познавам неколку торбеши и искрено се гордеам со тие луѓе кои можат да ни држат предавања кога се работи за чистината на македонскиот јазик кои го говорат , за патриотизмот кој го искажаа додека гадовите предавнички ги ставаа во списоци нивните деца да учат турски и албански јазик , за да им го излижат газот на тие што ги платиле. Религијата не може крв и ген да промени ,за мене торбешите секогаш биле ,се , и ке бидат мои браќа македонски , со цела почит на религијата која ја одбрале они или нивните предци . Треба посебен акцент да се посвети во сознавањето на македонскиот народ спрема торбешите , да не ни се случи срамот како во 2001 ва кога тие стоева на линијата во одбраната на државата во западна македонија , а на друга страна им се палеа куќи само поради нивната религија .Таквата срамота не смее да се повтори .
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
голем поздрав до торбешите...имам многу другари торбеши во дебарско..и мегу нив може да се најдат патриоти со огромно срце...сепак она што се случи со дел од торбешите на последниот попис е поразително...албанизација на цели села....
Еден другар од Дебар, исто Македонец муслиман (не сака да го викаме торбеш), ми кажа дека во Дебарко нема ниедно албанско село, односно на сите мајчин јазик им е Македонскиот, а на попис, 90% од нив се пишуваат Албанци, што е многу жално...

А за темава, како што читам, овие се од 1950 во Турција, а нели по историја учиме дека во 1923 година, со размената на население меѓу Грција и Турција, биле разменети и 90 000 - 100 000 Македонци криптохристијани (дење муслимани, навечер христијани). Дали некој знае што е со нив? 100 илјади не е мала бројка, не можат тукутака да се асимилираат нели?
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Јас сум торбеш.
Мајчин јазик ни е македонскиот,мајка Македонија.Имам многу роднини во Турција.
Армин, зошто голем дел од вас на последниот попис се декларираа како Албанци?
Јас има другар торбеш од Струга оваа информација ја добив од него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom