Ќе средите куп за првенство, ќе ви требаат тие бодови. Ѓорче си позајмува бодови со Работнички, исто и Работнички и Слога. Беласица е во шемите со Ѓорче, Работнички и Слога. Така што ако им требаат бодови ќе си ја направат шемата. Единствено Ѓорче и Слога не успеаа да ја договорат последната. Судиите фалеше уште гол да дадат за Ѓорче, ама кога не сака, не сака. На крајот и се степаа.
Беласица и Ѓорче ќе ја договорат првенство за куп сто проценти.
Воглавно скопскиве екипи се штитат, а Победа само во Вардар може да најде другарче за спас
Вардар ако нема амбиции може да биде лесен плен за сите, но лесно може да се случи да одржи некое ниво и да речеме да осигура место во европа на многу кола до крај и да им пушти на сите екипи на кои им требаат бодови. Титулата секако е недостижна. Слога нема да отпадне, борбата ќе биде меѓу Победа, Беласица, Ѓорче, Силекс и Ренова. Беласица и Ѓорче си се со другарчиња кои ќе им дадат бодови, плус го имаат ффм на нивна страна. Силекс мене ми е со најсилен состав од овие и очекувам некој пресврт, иако лесно може да отпаднат. Ќе видиме кој со кого ќе договара и како ќе истргува. Мој тип е Ѓорче-Пандев финале, а Беласица и Победа земаат бар 4 бода во меѓусебните дуели во првенството со Ѓорче и Пандев за возврат. Финалето меѓу Ѓорче и Пандев не би било местено.