Презентирано националното лиценцирање
Вторник, 18 Мај 2010 21:01
Во присуство на голем број претставници на прволигашките и второлигашките клубови (не присуствуваа само Вардар ,Миравци и Брегалница) во х. Стоун Бриџ се одржа состанок на кој беше елабориран начинот на кој ќе се спроведе националното клубско лиценцирање кое пропишува котизација за исплата на службените лица и банковна гаранција за финансиско работење на клубот.
Претставниците на клубовите ги изнесоа своите забелешки и предлози и побараа промени во законот за спорт и финансиското работење за да можат да се престројат и да ги ослободат спонзорите од дополнителни давачки за вложените пари.
Најдоцна до 25.Мај да достават мислење за елаборатот.