П
Паспарту
Гостин
Македонскиот шампионат на 54. место во светот
Најквалитетниот македонски фудбалски шампионат е на делба на 54. место меѓу вкупно 122 рангирани најсилни светски национални првенства според Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
Со 326 бода нашата Прва лига го дели 54. место заедно со националните првенствана Литванија и Унгарија, а е пред шампионатите на Бугарија, Австралија, Летонија, Естонија, Албанија, Молдавија... Пред нас се рангирани првенствата на Сингапур и Тунис.
Што се однесува до националните првенства од земјите на поранешна Југославија, пред македонската Прва лигапрвенствата на Србија (40. место), Словенија (44.место) и Хрватска (51. место), додека зад нашето фудбалско натпреварување се оние на Босна и Херцеговина (100. место) и Црна Гора (104. место).
Според ИФФХС, насилна лига на светот е шпанската Примера, а веднаш зад неа е англиската Премиер лига. Покрај овие две првенства, во Топ 10 се уштеинационалните првенства на Бразил, Португалија, Франција, Германија, Италија, Аргентина, Холандија и Чиле.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=4381