Ф
Флеш
Гостин
Дориан Бабунски (9ката) ... два гола за Реал Мадрид (Млади)
Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Талант Сулејманов официјално својата кариера ќе ја продолжи во швајцарскиот Јанг Бојс!
Тоа што од претходно се најавуваше, по посетата на челници од швајцарскиот клуб во Скопје на кој ги следеа настапите на Сулејманов, и официјално сега потврдено откако е јасно дека Работнички ќе ја прифати
„Ние добивме официјална понуда од Јанг Бојс за услугите на Сулејманов која е прифатлива и за Работнички и за фудбалерот. Се е договорено, па сега останува наредниве денови, најдоцна во текот на следната недела да се потпише договорот“ – изјави за ЕКИПА менаџерот на Работнички, Игор Ангеловски.
Со оглед на тоа што Сулејманов во моментов има 17 години, професионалниот договорсо Јанг Бојс ќе биде важечки од зимскиот преоден рок во 2015 година, кога по наполнувањето на 18 години ќе се пресели во Швајцарија.
„До исполнување на возрасната граница Сулејманов ќе остане да игра во Работнички, што значи и во следната полусезона до декември 2014. Потоа ќе се пресели во Јанг Бојс“ – вели Ангеловски.
И официално потпиша 4 годишен договорСулејманов потпишува за Јанг Бојс!