Македонски текстови од ваши омилени песни

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.753
Поени од реакции
1.022
Еден од најдобрите македонски текстови е текстот од "Милион долари" од Архангел
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
MIZAR


АмфилохијНе вредат веќе ништо
илјадници зборови,
Сал Скаредни Срамни Слова

во мртвите томоси.
Од вашето перо течат
мастила отровни
и црни се траги лепат
на прстите валкани.
Раширени раце во име на љубовта,
затворени очи во име на правдата.
А изградив дом на брегот
со порти отворени,
но видовте само слабост
на кутар и нејак плен.
О, несвет и беден оче!
Се затемни светол ден.
Ќе пресечам десна рака
што кон вас се подаде.
Раширени раце во име на љубовта,
затворени очи во име на правдата.
Подари ми насмев надмен, господарски,
и пак распни го Оној Кој божем го сведочиш.
Избриши си раце со хартии безвредни
и кажи го зборот што ништо не значи.



Почесна стрелба
Догледање, без бакнежи, солзи;
и на нозе – додека пишува The End!
Од Истокот златно-жолт ден се раѓа,
а навечер на Запад си се дави в крв.
Наместо со торжествен тресок,
Светов ќе замолкне во срамен писок:
Nevermore!

Нишани горе в небо!
Нишани горе в небо!
(The human race was dyin' out
Noone left to scream, to scream and shout
People walking on the Moon
Smog will get your pretty soon
I tried to run
I tried to hide
Break on through to the other side
Break on through to the other side) – Jim Morison

Нишани горе в небо!
Нишани горе в небо!
Нишани горе в небо!
Нишани горе в небо!
И замолкни во тишина!



радот е нем
Градот е нем
на моите прашања
градот е нем
на моите повици
погледни го
моето бледо лице
насмевот мој
поладен од мраз
Услиши мја
jако твои отрок аз‘ с‘м
услиши мја
из глубини возвах к тебје
услиши мја
вонми гласу моленија моего
Услиши мја
и воп‘л мои к тебје да приидет
услиши мја
вонже аште ден скорбљу
услиши мја
вонже аште ден призову тја
услиши мја
скоро услиши мја
услиши мја
и не отврати лица твоего от мене
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Еве една строфа од “Ова не е мојот дом“- Мизар:
Откако го загубив сјајот во очите,
секој ден ми е...ми е ден...
Ми е ноќ, бавно одминуваат ноќите
додека да сфатам дека
овде никогаш нема да заспијам...
Ова не е мојот дом...
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Пример за македонска песна со добар текст и музика - “Пред да заспијам“ од Врчак:toe:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ги обожавам текстовите на овие песни:
-“Чаирска романса“- Владо Јаневски (уствари сите негови текстови се емотивни и убави), ама мора да се спомне и “Некогаш и негде“ и “Што и да е,ќе помине“.
- песните од Врчак се мали ремек-дела, пр.“Повторно сам“
- “Слатка горчина“ - Каролина
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
[SIZE=-1]Казна моја си ти - Тоше Проески[/SIZE]

Убавино во цвеќе скриена
на раце те носат од мене
ѕвездата ти згасна,a само што те пронајдов
ти замина

Патувај љубов моја во сонот ти си мој,
Ангел чувар, пак ќе бидам твој

Иконо моја за душа рај ми беше само ти
но небото те скри
О колку боли но казна моја ти си
мило мое, казна моја си ти

Кандило и небо огреа
Венец бел ти плетат ангели
Ѕвездата ти згасна, а само што те пронајдов
ти замина

Иконо моја за душа рај ми беше само ти
но небото те скри
О колку боли но казна моја си ти
мило мое, казна моја си ти

Кандило и небо огреа
Венец бел ти плетат ангели


:placko::placko::placko::placko::placko:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Помеѓу врати и прозорци

Сега се одлучив така, а уште тебе те сакам,
по една минута бурна, ти мојот живот го турна,
а мракот боли ко лага и не знам зошто да станам,
зар таа соба за тага гледа на западна страна?

Помеѓу врати и прозорци, на кревет спомени лежат,
тука се моите чекори но како олово тежат
од мене што и да бараш, јас сум на адреса стара.
Помеѓу врати и прозорци, на кревет спомени лежат,
тука се моите чекори но како олово тежат.
Моја си замка паднав и спијам, сите си мислат дека се кријам,
нема да пројде само од себе, се ме боли после тебе.
Моја си замка паднав и спијам, сите си мислат дека се кријам,
нема да пројде само од себе, се ме боли после тебе.

Тука од луѓето бегам а ништо твое јас немам,
бар твоја сенка да видам, во твојот шепот да бидам,
а мракот боли ко лага, и не знам зошто да станам,
зар таа соба за тага гледа на западна страна?

Помеѓу врати и прозорци, на кревет спомени лежат,
тука се моите чекори но како олово тежат
од мене што и да бараш, јас сум на адреса стара.
Помеѓу врати и прозорци, на кревет спомени лежат,
тука се моите чекори но како олово тежат.
Моја си замка паднав и спијам, сите си мислат дека се кријам,
нема да пројде само од себе, се ме боли после тебе.
Моја си замка паднав и спијам, сите си мислат дека се кријам,
нема да пројде само од себе, се ме боли после тебе.

Зар таа соба за тага гледа на западна страна?

Помеѓу врати и прозорци, на кревет спомени лежат,
тука се моите чекори но како олово тежат
од мене што и да бараш, јас сум на адреса стара.
Моја си замка паднав и спијам, сите си мислат дека се кријам,
нема да пројде само од себе, се ме боли после тебе.
Моја си замка паднав и спијам, сите си мислат дека се кријам,
нема да пројде само од себе, се ме боли после тебе.



Во чест на Тоше :cry:
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60

Денес за мене најзначајни стихови.

По тебе - Тоше

Фрли поглед преку рамо ако одиш....сакам да ти бидам патот кој те води...како суво лисје згази ме под себеее,ништо не е грубо ако е од тебеее.

Пушти насмев меѓу прамени од злато,
еден поглед меѓу трепки,ама длабок.
Божем случајно запалено и филмски,
само рака подај ми и тајно стисни.

По тебе...кај што газиш мојот поглед бакнува,
мојто срце стапки ти одбројува, гори надеж
ден да дојде,твојот чекор кон мене да појде.

По тебе...

Со тебе под еден чадор да се стиснам,
да сум среќен иако на пола киснам.
Како суво лисје згази ме под себе,
ништо не е грубо ако е од тебе.

По тебе...кај што газиш мојот поглед бакнува,
мојто срце стапки ти одбројува, гори надеж
ден да дојде,твојот чекор кон мене да појде.

Крвта ми се бранува,
твојот допир удира,
како струја тело ми оживува.

По тебе...кај што газиш мојот поглед бакнува,
мојто срце стапки ти одбројува, гори надеж
ден да дојде,твојот чекор кон мене да појде.


По тебе....
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Тоше Проески - Громови на душа

Магла пак ме покрива
Мириса на невоља
Ноќва сум ти така сам
Улици накиснати
Прозорци расплакани
Каде ли си бар да знам?

Од небо нек се спуштаат
И громови на душа
Само да ти слушнам глас
Признавам пред светот
Ќе го минам векот
Да те најдам ради нас

Не можам
Од тебе да оздравам
Сета љубов дур сум жив
На тебе ја потрошив
Светот мој
Минус тебе во него
Она што ќе остане
Малку е

Од небо нек се спуштаат
И громови на душа
Само да ти слушнам глас
Признавам пред светот
Ќе го минам векот
Да те најдам ради нас

Не можам
Од тебе да оздравам
Сета љубов дур сум жив
На тебе ја потрошив
Светот мој
Минус тебе во него
Она што ќе остане
Малку е

Не можам
Од тебе да оздравам
Сета љубов дур сум жив
На тебе ја потрошив

Не можам
Од тебе да оздравам
Сета љубов дур сум жив
На тебе ја потрошив
Светот мој
Минус тебе во него
Она што ќе остане
Малку е
Малку е


In loving memory of Toshe Proeski:cry:
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Тоше Проески - Кој ли ти гризе образи

Фатена жива
На сопствена мамка
Ко ефтина слика во прескапа рамка
Да спасиш нешто бар што можеш
Наместо да ми признаеш
Во лага од лага тонеш

Лажливо срце
Ќе застрани лесно
Во секоја ширина пак му е тесно
А твоето чука како на Јуда
Само во ритам на измама
Но неможам да ти судам

Кој ли ти гризе образи?
Чиј ли траг на вратот криеш?
Како по него можеш ти
До мене да си и мирно спиеш?
Кому ли си се ветила?
Се што ми зема кај го даде?
Мила,за колку ли ме продаде?

Лажливо срце
Ќе застрани лесно
Во секоја ширина пак му е тесно
А твоето чука како на Јуда
Само во ритам на измама
Но не можам да ти судам

Кој ли ти гризе образи?
Чиј ли траг на вратот криеш?
Како по него можеш ти
До мене да си и мирно спиеш?
Кому ли си се ветила?
Се што ми зема кај го даде?
Мила,за колку ли ме продаде?

Кој ли ти гризе образи?
Чиј ли траг на вратот криеш?
Како по него можеш ти
До мене да си и мирно спиеш?
Кому ли си се ветила?
Се што ми зема кај го даде?
Мила,за колку ли ме продаде?

Мила,за колку ли ме продаде?
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Тоше - Зошто отиде?

Ljubovta e ikona
Znaevme da kazeme
Sekoja nokj zakletva
Vetrovi na neboto
Mozevme da sopreme
Samo Bog znae se
Zosto otide...
[Uuu..aa...]
Zosto otide...
[Ooo..uooo...]

[Ref.]
Zaspivam samo da
Bidam so tebe
Makar na son da sum tvoj
No, sonuvam kako ti
So drug cekoris
So nepoznat pogled minuvas
Minuvas

Barem da se javese
Zbogum da kazese
Posleden baknez za kraj
Nesto sto ke trae
Dolgo da ni ostane
Ili da mi kazes zosto otide

Vo mene uste ognot gori
Ne zgasnat
Se e bledo, lazno znam -
Bez tebe ne mozam

[Ref.]
Zaspivam samo da
Bidam so tebe
Makar na son da sum tvoj
No, sonuvam kako ti
So drug cekoris
So nepoznat pogled minuvas
Minuvas
Uuu..eee...
Minuvas
Minuvas

:cry:
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Тоше Проески-Никој како тебе не бакнува

Немој да ме гледаш
Немој очи да ми бараш
За тебе ме нема
Јас и ти сме болка стара

Подобро да не знам
Каде и со кој си сега
И од овде бегам
Кога веќе не ти требам

Казна е
Со тебе,но и без тебе
И овој живот мој
Не е бајка бела
Штом те имав,пак те немам

Никој како тебе не бакнува
За тоа си родена
Незнам дал ќе успеам
Да простам се и да заборавам
Никој како тебе не бакнува
За тоа си родена
Незнам дал ќе успеам
Да простам се и да заборавам
Не..

Не сакам да слушнам
Ниту збор да знам за тебе
Ќе смирам душа
Ако бидам сам со себе

Нема пат за назад
Нема веќе да сме цели
Што и да ни кажат
Кога некој трет не дели

Казна е
И со тебе,но и без тебе
И овој живот мој
Не е бајка бела
Штом те имав,пак те немам

Никој како тебе не бакнува
За тоа си родена
Незнам дал ќе успеам
Да простам се и да заборавам
Никој како тебе не бакнува
За тоа си родена
Незнам дал ќе успеам
Да простам се и да заборавам..

Никој како тебе не бакнува
За тоа си родена
Незнам дал ќе успеам
Да простам се и да заборавам
Никој како тебе не бакнува
За тоа си родена
Незнам дал ќе успеам
Да простам се и да заборавам
Не..
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Тоше Проески - Боже,чувај ја од зло

Таа има очи
Кои ми ги знаат тајните
Сите победи и сите порази

Таа има раце
Кои кријат цели светови
И би умрел јас за тие прегратки
И би умрел јас за тие прегратки

Боже не ми треба ништо друго
Дур сум жив под ова небо
Топла постела
И очи што ги знам
Боже ангели од небо прати
Таа нема да се врати
Чувај ја од зло
Таа нема никој свој..
Ммм,нема никој свој
Боже чувај ја од зло

Таа има усни
Вкусни како зрела јагода
Кои никој не ги бакнува ко јас
Кои никој не ги бакнува ко јас

Боже не ми треба ништо друго
Дур сум жив под ова небо
Топла постела
И очи што ги знам
Боже ангели од небо прати
Таа нема да се врати
Чувај ја од зло
Таа нема никој свој..
Ммм,нема никој свој
Боже чувај ја од зло..

Боже не ми треба ништо друго
Дур сум жив под ова небо
Топла постела
И очи што ги знам
Боже ангели од небо прати
Таа нема да се врати
Чувај ја од зло
Таа нема никој свој..
Божееее...

Боже ангели од небо прати
Таа нема да се врати
Чувај ја од зло
Таа нема никој свој..
Ммм,нема никој свој
Боже чувај ја од зло..
Боже чувај ја од зло
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Тоше Проески - Тајно моја

Твојот лик
Јас го сонам,како икона
Нежна,блиска,далечна

Моја прва платонска
Љубов чиста како солза
Сега кога пораснав
Сфатив што си ти

Дојдов пак,тајно моја
Ѕвезда праќам,да те повика
Ништо не е сменето
Шушка молика

Темно е,тајно моја
А во душа светат фенери
Се што имав заложив
Да ти пеам,под пенџери

Дали си уште сама
Дали тагуваш
Дали исто чувствуваш

Морав да ги дофатам
Сите висини на светот
За да сепак откријам
Што ми значиш ти

Дојдов пак,тајно моја
Ѕвезда праќам,да те повика
Ништо не е сменето
Шушка молика

Темно е,тајно моја
А во душа светат фенери
Се што имав заложив
Да ти пеам под пенџери

Да ти пеам под пенџери
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
68
Поени од реакции
3
SUB - String Forces

Времиња, филмови,
пепелашка, јас…
Снежана, џуџиња,
очекувања, пак…

Доста се откажувам,
ќе одам се до крај.
Лузерската варијанта ми беше навика!
Пак ли ќе се убедам: Совршен си!
Во круг се се врти, а во него јас и ти…
По заобиколен пат,
таква ме сакаат…
Но, не! Веќе не!

Навики се навики.
Тешко е знам:
Кочници, исти игри,
страв да останеш знам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom