Македонски текстови од ваши омилени песни

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
меморија - нашите слики во моите мисли сеуште стоиш
ко осамен остров сред океан
во моите песни ќе те има секогаш
во душата рана длабока.

твоето име ко сенка ме следи
и очите твои пред мене се
нашите слики како икони ги чувам
и солзите не ги запирам.

сеуште сум херој во ноќите долги пијани
ко скитник на пат се плашам да легнам негде да заспијам
и сеуште сам во мугрите знам
без тебе постоев, без тебе постоев.

твоето име ко сенка ме следи
и очите твои пред мене се
нашите слики како икони ги чувам
и солзите не ги запирам.

сеуште сум херој во ноќите долги пијани
ко скитник на пат се плашам да легнам негде да заспијам
и сеуште сам во мугрите знам
без тебе постоев.

нашите слики како икони ги чувам
и солзите не ги запирам.

сеуште сум херој во ноќите долги пијани
ко скитник на пат се плашам да легнам негде да заспијам
и сеуште сам во мугрите знам
без тебе постоев.


string forces- sub

Времиња, филмови,
пепелашка, јас…
Снежана, џуџиња,
очекувања, пак…

Доста се откажувам,
ќе одам се до крај.
Лузерската варијанта ми беше навика!
Пак ли ќе се убедам: Совршен си!
Во круг се се врти, а во него јас и ти…
По заобиколен пат,
таква ме сакаат…
Но, не! Веќе не!

Навики се навики.
Тешко е знам:
Кочници, исти игри,
страв да останеш знам.


 
Член од
20 август 2010
Мислења
149
Поени од реакции
16
Многу текстови на Владо Јаневски, на пример:


АКО НЕ ТЕ САКАМ

Сегде околу нас
љубов ефтина
со рака просјачка
и мантил искинат
Но мојата ќе трае се дури сум жив
твојто име да е мој последен здив

Ако не те сакам - зошто ми е мака
кога ноќ ќе падне
и ќе ми помине без тебе?
Ако не ми требаш тогаш што ми прави
кога ке ме гушнеш
светла топлина во гради?

Ако не те сакам - зошто боли вака
секој Божји ден
што ќе ми помине без тебе?
Ако не ми требаш зошто суша
ти ми оставаш во душа
кога и да заминеш?

А сега , одете си сите
сакам да сум сам
не би ме разбрале
ни да ви објаснам

Ве имам како свои
но ми фали едно лице
сокриено во мојто
непроѕирно срце

Ако не те сакам....


Се проаноѓам, буквално се пронаоѓам во секој еден стих од песнава.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин


Сите приказни исти се, тажни ко оваа
Само ти си ми во мислите кога е празна душава
Сите погледи исти се, тешки и опасни
Тие очи не се за тебе, само кој да им објасни
И само...…
Помисли на тоа што се можеме…
Можеби е доцна, а може не
Дали крајот вака мириса?
Ние двајцата сме за...во бестрага...

Сите филмови исти се, долги и развлечени…
Сите стихови во песните веќе се негде кажани
И скоро сите краеви исти се, тивки и расплакни
Велат секој крај е почеток, но, несакам фрази досадни

И само…
Помисли на тоа што се можеме…
Можеби е доцна , а може и не
Дали крајот вака мириса?
Ние двајцата сме за...во бестрага…
Те молам...
Помисли на тоа што се можеме
Можеби е доцна а може не
Дали крајот вака мириса?
Ние двајцата сме за...во бестрага...
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Од сите мои слики што ги чувам
Што ги редам и подредувам
Само една не ми дава мира
Од глава не излегува.

Еден човек и една жена само
Месец млад и блага светлина
Еден за друг знаат што им треба
И место нив ветрот зборува

Песно моја збеснуваш во мене
Остави да ме најде тој по тебе
Ѕвездо моја блеснуваш за мене
Сеуште дише,дише тој во тебе.

Сите мои слики што ги чувам
Сите мои сеќавања
Тажни океани,пловам по нив
Да ме потонат у не,не можат

Песно моја збеснуваш во мене
Остави да ме најде тој по тебе
Ѕвездо моја блеснуваш за мене
Сеуште дише,дише тој во тебе.

Песно моја,ѕвездо моја
Желбо моја,само моја
Ти си сила каква нема
Ти си сила што ме тера
Божји глас да чујам
Во себе што ме крева
Вечна љубов јас да барам
Вечна љубов со него да најдам.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.380
Поени од реакции
4.934
-----------------------------------------

Падна мрак, густа магла, тешко дишам мислам што кур барам тука сам а неможам да мислам..над 10 000 имиња врежани на ладни плочи тела спијат, чекаат над нив да капат солзи. Зошто вие се прашувам, има ли некоја листа или некој по избр ве бира, духот во мене немирен стојам стаписан немам слух свеста слуша чуден звук се ежам, осеќам дис-хармонија во својот ум но сепак срцето е мирно, повеке од себе сум!

Бледи фаци со камени очи тука се сите исти, и офци и волци, немам жал за никој а пак сум тажен дојдов за да бидам ислушан а не да бидам сфатен! Почнав да ценам живот гледајќи болка научив за страв слушајќи ја последната молитва, мирисот на темјан остава трага ко нирвана понекогаш и ја сакам да бидам ко нив паднат но не оставен сум да се мачам. За некој црква, за некој тагата е душевен храм ни малку не ми е срам тука да пуштам солза на никој не му смета кога губам образ бидејќи тука не сум битен покрај сите борци, почиваат во мир - остави ги..

Конечно стигнав со прст и бацувам слика седнувам на клупа гневен ми доаѓа да вриштам по 2 години ништо не е сменето буквите златни обоени се на мајка ми уметност, потрошен талент ко неа сум ист но за тоа друг пат, дојдов тука пошто само тука нема суд! ИЗВИНИ ШТО ТЕ РАЗОЧАРАВ, МИ БЕШЕ ЗАМЕНА ЗА РОДИТЕЛ ШТО НЕ ГО БАРАВ, МИ БЕШЕ ПОТСВЕСТ,ГРИЖА НА СОВЕСТ,ПРИЈАТЕЛ, СВЕТЛИНА ВО МРАКОТ НА КАРАКТЕРОТ МОЈ ПИСАТЕЛ, кажи зошто ме остави од тебе имам само спомени, бледи сенки од моменти светли а сега само ја гледам твојата насмевка на камен иста ко што ја памтев но сега заробена во затвор стаклен! Немам ни солзи очите суви се, морници ме лажат сите звуци чудни се! Сто пати сум сакал да дојдам по тебе, но пичка сум извини сеуште не сум спремен! Но ќе ме стигне време, ќе се вратам во последното засолниште кај тебе..на гробишта.[/QUOTE]
koja e ovaa pesna???
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Кога в зори душа собирам
цигара и кафе побарав,
се сеќавам на една зима
една стара љубов има,
капка солза и бела постела.

Ех да можам да те видам пак
се ќе сторам срце тагува
зар помина една зима
ладен ден ко пекол мина,
една слика што ми остана.

реф: кој ми е крив што на други верував
и пред себе знам претерував,
кој ми е крив мила кажими
јас и така пак те изгубив х2

Ех, да можам да те видам пак
се ќе сторам срце тагува
зар помина една зима
ладен ден ко пекол мина,
една слика што ми остана.

реф: кој ми е крив што на други верував
и пред себе знам претерував,
кој ми е крив мила кажими
јас и така пак те изгубив х2

Еј, да можам да те видам пак...

Песната е изведена на Мак-Фест, од некој Кире... Нит презиме му знам, нити како се вика песната. Ја имам по компјутерот, неможам да најдам ништо на Google и останатата багра за пребарување. Ако знае некој како се вика песната да се јави :)
 
H

HITCH

Гостин
За Навека

Очи сини, ширни езера
Вишни неба охридски,
Еден бакнеж за аманет,
Да ме следи здравје, берикет.

Има едно малој моме што знае да чека
Си вели кај да е ќе дојде, па нека не иде нека
Една љубов за навека.

Во тие коси ѕунат гајди, пеат планини
Ај не застанеле од оломнани
И само една желба имам, па нека се и две
Пак да се родиме и се сретнеме.

Има едно малој моме што знае да чека
Си вели кај да е ќе дојде, па нека не иде нека
Една љубов довека, како небо голема
Пак во душа ми се сокрива една љубов за навека.

Насмевка, бисер, лице бело, кршне снага
Саде душа, саде душа, и во радост и во тага
Параходот знам пристигна, но не за тебе најмила.

Има едно малој моме што знае да чека
Си вели кај да е ќе дојде, па нека не иде нека
Една љубов довека, како небо голема
Пак во душа ми се сокрива една љубов за навека.

 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
738
Поени од реакции
705
OGAN POD ZVEZDITE
-MEMORIJA

Не сум веќе оган под звездите
не сум звезда што сјае во ноќите
во овој час чуствувам
еден бел коњ умира
в градите некоја планина

Мојот дом од името далеку е
пуштете ме да ја видам светлината
сонцата денес силно нека светат
и птиците да се вратат на југ

РЕФ:х2
Не барајте вино, испиено е
единствено што можам
е да излезам
со вас на парадите

Ноќва виното во крвта ми е
црвано вино,црвени знаминња
црвено вино,црвени знаминња
пред очите на сигурно

Не сум веќе оган под звездите
не сум звезда што сјае во ноќите
сонцата денес силно нека светат
и птиците да се вратат на југ

РЕФ - не барајте вино...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не се враќаш - Каролина Гочева и Влатко Стефановски

Мислев можам да ти верувам,
Нема лаги нема ѕид меѓу нас...
И се сеќавам на секој збор по ред,
Ми рече: Ти си ми се... Да бидеш со мене, засекогаш до крај.

Сега гледам, како одиш и знам...

Ти не се враќаш не,
Не се враќаш кај мене...

Никој не ме ранил како ти.
Во срце, во крило, во лет.
И тешко ми е да се погледнам,
да се видам без тебе.

Ми требаш, до мене,
Ми требаш ти до крај...
Сега гледам, како одиш, и знам...

Ти не се враќаш, не,
Не се враќаш кај мене...

Се што било некогаш,
Сакам да заборавам,
ко да не си ни бил од мене дел.
 
H

HITCH

Гостин

Твојата рака е сега далечна
но веќе топлина на друга дава
а мене студени соништа ме мачат
ќе ме убијат

Вака ни зората, не ме скорива
и уште повеќе ме прави тажна
и сега јасно е, денот што ме буди
ќе ме полуди

Свирете ја зајди зајди, тивко полека
мене ми е таа песна гледам судена
чашата е преполна, ме задушува
душата е уморна и ме напушта

Вака ни зората не ме скорива
и уште повеќе ме прави тажна
и сега јасно е, денот што ме буди
ќе ме полуди

Свирете ја зајди зајди, тивко полека
мене ми е таа песна гледам судена
чашата е преполна, ме задушува
душата е уморна и ме напушта.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Една од најубавите македонски песни некогаш направени. Текстов е прекрасен, музиката исто... Комплетна и прекрасна песна! Евергрин.

Сонце за три света - Мики Јовановски Џафер

Една ѕвезда ми шепоти
дали си блесок што постои
трепет од крилја на гулаби
срце ми создава бол

Дали може љубовта
ноќва да ја продолжи
дали може да ја задржи

Ја имам само ноќва да бидам јас со неа
и не знам дали можам да заборавам
во гради имам сонце за уште три светови
ако замине ќе изгаснат

Илјада слики сеќавања
и мечти не домечтаени
ќе носам трагови нејзини
во себе цел еден век

Знам дека ќе замине денот штом ќе надојде
ќе ми рече " Не барај ме!
 

TheKoksi

[K]oksi
Член од
7 декември 2010
Мислења
139
Поени од реакции
22
Архангел - Рубин кармин

Скопје, мај, зрела пролет
1994
„Рубин кармин“ карши „Путник“
лица и улици насмеани.
Прва средба, дланка в дланка
јас и ти ко деца палави.
Бела Барток, концерт за пијано
сред звуци волшебни
ние крилести.

Дадов Будим
за нова Пешта.
Не знам смеев ли,
да ти нудам
ветво срце
за нова радост.
Залудни години.


Лудости и жешки солзи
сокриваш зад лажни сомнежи.
Преку разум не ме гледај
в срце провери
со срце погледни.


Невидливо ќе те води
в послета од топли прегратки.
Мојот лик е само привид
зад него се гледаш себе си.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.913
Поени од реакции
1.567
Студени нозе - Проблем

На тебе налетувам кога не сум бањат
или со испиени сто џин тоници
ради тебе запаѓам во некои чудни стања
мамурлак, депресии и несоници.
Цел еден век штом те видам
моментално болен легнувам
и нема лек ќе те следам,
а ти стално ќе ме избегнуваш.

Ти си проблем што сакам да го имам
Ти си дрога што сакам да ја примам
Ти си тајна што смртно ме занима
Ти си грев што на душа го зимам.

Џабе шише мастика или гајба пиво
што ќе ми да добијам на лото седмица
кога си ко настинка те влечам пола живот
ти од дневен ред ме одбиваш ко на седница
цел еден век чим те видам
моментално болен легнувам
и нема лек ќе те следам,
а ти стално ќе ме избегнуваш.

Ти си проблем што сакам да го имам
Ти си дрога што сакам да ја примам
Ти си тајна што смртно ме занима
Ти си грев што на душа го зимам.

:motor:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom