Добиени 119 американски одликувања
АРМ учествуваше во операцијата „Слобода за Ирак“ од 6 јуни 2003 година до 31 декември 2008 година. Во 11 контингенти наизменично се заменуваа тимови на „волците“ и ренџерите. Во 2008 година на контингентите им беше додаден и по еден пешадиски вод, кој ја обезбедуваше базата во Таџи. Низ мисијата минаа вкупно 490 македонски војници.
За борбени достигања, меѓу кои и спасување живот на коалициски војници, македонските војници добија 119 американски одликувања: осум „Бронзена ѕвезда“, 43 „армиски медали за достигања“ и 68 „армиски медали за заслуги“.
Медалите на припадниците на првиот контингент им ги врачи лично американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, кој затоа допатува во Скопје