Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
не беше тоа обука туку најголемата вежба на мвр од 91 па до тогаш
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
не беше тоа обука туку најголемата вежба на мвр од 91 па до тогаш
Така беше напишано на фб страницата Македонски Лавови, во секој случај благодарам за поправката:);)[DOUBLEPOST=1500150504][/DOUBLEPOST]ЕСЗ ТИГАР-ЕСН ВОЛЦИ — in Tetovo.

Тој во црната униформа го имам видено на повеќе слики, екс/припадник на Волците?
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2013
Мислења
875
Поени од реакции
3.441
Така беше напишано на фб страницата Македонски Лавови, во секој случај благодарам за поправката:);)[DOUBLEPOST=1500150504][/DOUBLEPOST]ЕСЗ ТИГАР-ЕСН ВОЛЦИ — in Tetovo.

Тој во црната униформа го имам видено на повеќе слики, екс/припадник на Волците?
Zlatko kesko nikogas ne bil pripadnik nitu na Volcite nitu na dr edinici tuka e kako sef na obezbeduvanje na precedatelot so specijalcite na slikata...
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Точно така кецко никогаш не беше во никоја единица а носеше беретка на волците а незнам поради која причина.Инаку е мастер во карате и незнам која друга кинеска вештина беше.
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
СПОДЕЛЕТЕ од почит кон нашиот ХЕРОЈ

Текстот е превземен од поранешниот припадник и заменик командант на единицата за специјални задачи Тигар(Сликано во јули 2001-та, еден месец после моето ранување)

На 23 јуни 2001-та имав “среќа“ да учествувам во нападот на Арачиново, да учествувам не како обичен полицаец туку како полициски специјалец. И тоа, не како обичен специјалец, туку како заменик командант на Тигрите!!! Токму овој ден, доцна попладне, во еден подрум наидовме на загинат припадник од УЧК кој, додека умирал, неуспешно се обидувал да си ги врати цревата во расцепениот стомак. Беше здрвен, потемнет во лицето, телото згрчено, рацете му ги притискаа раскинатите црева. Облечен во црна униформа, со пушка на чиј кундак имаше изгравирано УЧК. Нека му е лесна земјата... Знаевме дека неговите бргу ќе дојдат по него. Припадниците на УЧК по ниедна цена не ги оставаа своите мртви.
Со уште двајца полициски старешини веднаш тргнав кон позицијата на армиските Волци која се наоѓаше во соседната куќа. Стигнав точно на средина помеѓу двете куќи. И тогаш почна... Најпрво ракета од РПГ тресна на неколку метри од мене. Силината на експлозијата ме занесе. Куршуми фрчеа на сите страни. Одеднаш силен удар ме фрли во прашината... Истрели, рафали, експлозии, минофрлачки гранати, РПГ ракети... Упатени кон местото на кое паднав. Знаев дека веднаш морам да исползам на безбедно. Напнав со сета сила... Во истиот момент силен млаз од крв ми излета низ уста. Хорор... Додека крвта со силни млазеви ми истекуваше низ уста, сфатив дека умирам. Заедно со крвта од мене истекуваше и животот. Знаев дека ако се онесвестам ќе умрам од самозагушување со крв... Додека умирав, во мислите ми се појави мојата малечка ќерка која наредниот ден требаше да го прослави својот втор роденден. Наместо да бидам покрај неа, јас претав како заклано животно, умирајќи во арачиновската прашина...
И, се случи чудо. Останав жив... Жив но осакатен. Куршумот минувајки низ градниот кош го пробил моето десно белодробно крило, кинејки ја притоа најголемата артерија, поради што настанало обилно крварење. Др. Митко Караѓозов, благодарение на кого денес сум жив, морал да отстрани дел од моето десно белодробно крило, со метална жица ми ги врзал двете скршени ребра, од кое едното скршено на две места, но било невозможно од моето тело да се извадат повеќе од пеесетина ситни шрапнели од бакарната кошулица на куршумот.
Кога се освестив во шок соба, забележав дека две гумени црева излегуваат од мојот граден кош. Гледав како преку нив непрекинато се цеди крв. Со денови крвта, капка по капка, истекуваше од мојата утроба. Бев под 24 часовна терапија со морфиум. Секое земање на воздух за мене беше страшно искушение. На моменти ми се идеше да престанам да дишам. Колку само ме болеше. А кога ќе се накашлав... Мислев дека ќе умрам. Четвртиот ден осакатениот бел дроб ми се наполни со некоја течност. Др. Митко Караѓозов дојде со еден шприц, кој мене ми изгледаше голем колку игла за плетење. Без да ми стави опојка, ми го заби шприцот во грб. Чувствував како иглата ја пробива кожата, го пробива месото, се зарива во белиот дроб... Колку само болеше...
На неколку метри од мене, во другата просторија, неколку дена подоцна умре Оливер Китановски, дваесетгодишен специјалец од Тигрите, тешко ранет во пределот на главата, ранет неколку часа после мене, од другата страна на Арачиново. Преку еден кревет од мене, во кома лежеше Александар Серафимов, дваесетгодишен специјалец од Тигрите, тешко ранет во главата, во Матејче, на почетокот на јуни 2001-та. Понекогаш, кога ќе се приближев до неговиот кревет и ќе почнев да му зборувам, иако беше во кома, некако ми го препознаваше гласот и почнуваа да му течат солзи. Колку само сакаше да живее... Почина подоцна, во октомври 2001-та.
Преживеав вкупно десет пеколни денови во шок соба. The horror…
Десетиот ден и покрај противењето на директорот, излегов од шок соба. Останав уште 7 (седум) дена на домашно лекување. Осмиот ден, спротивно на сите медицински правила, се вратив на работа, ја облеков мојата црна униформа и го земав моето оружје.
По излегувањето од шок соба уште 40 дена пиев три до четири пати дневно по две апчиња тродон или трамадол.
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Точно така кецко никогаш не беше во никоја единица а носеше беретка на волците а незнам поради која причина.Инаку е мастер во карате и незнам која друга кинеска вештина беше.
Semper Fi која генерација си ти пријател ?
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Не е битно која сум,ме знаеш ти мене убаво уште многу одамна овде на темава
 

Kajgana Shop

На врв Bottom