Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
5 август 2016
Мислења
118
Поени од реакции
22
Да се воведииии задолжително одење војска 5-6 месеци!!!!!!!!!!!!!!!!!


За македонска војска целосна војска специјалните единици полиција зборувам се и сешто дека имаме добра војска како за Македонија да ама треба за да има уште појака војска треба многу вложување паричка за то.. најмнногу средства треба да се вложат во војска а после во другите работи..
И да се донеси воениот рок!! ако не се донеси ја полнам 18ка уште малце и се пријавувам со сигурност! ;D
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
nema zaginato stranci.
Грешка напишале од една страница на фб се извинувам и јас што не сум се информирал пред време[DOUBLEPOST=1496476996][/DOUBLEPOST]Припадник на Ренџерскиот Баталјон при ПСО на АРМ во Авганистан.




Припадници во мисијата ИСАФ во Авганистан:
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
[DOUBLEPOST=1496580983][/DOUBLEPOST]Тигрите

Знае некој нешто повеќе за оваа слика? Ако знае нека каже.[DOUBLEPOST=1496582387][/DOUBLEPOST]


Тигрите со преведениот командант на учк ако не грешам?

_______________________________________________________________________________




Воена Полиција



ЕБР
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Авдил Јакупи - Чакала е на сликата, осуден е заради киднапирање на двајца македонци во Арачиново. По киднапирањето бега на Косово, а од таму преку Бондстил е екстрадиран во Македонија. Целта му е да направи размена на киднапираните со некои негови луѓе кои во тој момент мислам дека се во затвор.
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732

Превземено од фб страницата Единица за специјални задачи Тигар[DOUBLEPOST=1496661332][/DOUBLEPOST]


Одбележана годишнина од загинувањето на тројца бранители кај Гајре, Шипковица
Делегација на општина Новаци, денеска положи цвеќе на споменикот „Паднатиот анѓел“ во Битола и споменикот кај касарната „Стив Наумов“, а по повод 16-годишнината од загинувањето на тројца бранители кои во 2001 година го загубија животот кај Гајре, Шипковица.

Пред 16 години, во конфликтот во 2001 година, згаснаа младите животи на Пеце Матичевски, Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, истакна градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

– Во чест на бранителите Влатко, Благојче и Пеце, заедно со подрачното одделение на Министерство за одбрана и организацијата на резервни офицери, секоја година организираме бројни манифестации во знак на сеќавање и почит на жртвите. Организираме и меморијален турнир во фудбал на кој со своја екипа учествува и општина Новаци. Организатор на целиот настан е Министерството за одбрана – одделение во Битола, а за победникот доделуваме преоден пехар и пехар во трајна сопственост, посочи Котевски.

Општина Новаци донесе одлука со која новата спортска сала во таа општина го носи името на бранителот Пеце Матичевски.
Вечна им слава![DOUBLEPOST=1496661940][/DOUBLEPOST]http://kurir.mk/makedonija/vesti/golem-intsident-na-partizanska-povredeni-8-spetsijaltsi-foto/
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Кољо Китанов (Сарај, Струмичко; 2 септември 1981 – с. Лавце, Тетовско, 5 јуни 2001) — најмладиот загинат македонски бранител, приправник на АРМ на отслужување на редовниот воен рок во времето на воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 6 јуни 2001 во заседата на патот Гајре - Шипковица кај селото Лавце, имал 19 години.

Кољо или Коле Китанов е роден на 2 септември 1981 година во струмичкото село Сарај. Коле во себе носеше комитска крв и беше патриотски настроен. Неговиот прадедо бил соработник на Даме Груев и сведок на неговото убиство кај Петлец, близу Русиново, Беровско. Неговиот дедо Јаким Китанов за време на Втората светска војна активно се бореше против балистичките чети на Шар Планина, каде што неговиот внук ќе загине во 2001 година.
Коле завршува средно земјоделско училиште и сакаше да продолжи на факултет. Во октомври 2000 година, Коле станува војник на АРМ. Учествува во војната во 2001 година како редовен војник на македонската армија.
На 5 јуни 2001 година, Коле е убиен од терористичка банда во близина на тетовското село Гајре, заедно со неговиот старешина, водникот Исак Руфати. Беа пречекани во заседа и изрешетани во военото „пик-ап“ возило со кое носеле храна до своите колеги на Шар Планина. Коле бил возач, и никогаш, како што вели неговиот татко, не фатил оружје в рака. Ниту во некој пукал, ниту пак имал можност да пука и да им се брани во моментот кога убијците пукале од сите страни на нив. Тој, како војник од резервниот состав, имал само уште 13 дена за да го заврши својот воен рок и потоа да се посвети на претстојните приемни испити за упис на факултет. Неговите планови завршија во селските гробишта во Сарај.
Кољо на 19 години ја пролеа својата крв како војник на АРМ чија прекината младост го завитка во црно семејниот род Китанови чии планови беа поврзани со синот наследник и надеж, машка глава во фамилијата.
На 5 јуни 2001 кај патот Шипковица - Гајре, во заседа слична на Вејце загинуваат 5 припадници на АРМ, меѓу нив и Кољо Китанов. Сите петмина загинале за само 15 минути, прво Руфати и младиот Китанов, а потоа без никаква придружба, по претходна наредба да пружат помош на повредени војници во армиско-полицискиот пункт во Шипковичка кривина, во истата заседа паднале Матичевски, Силјанов и Миленковски.
На свиокот на патот што води кон овој пункт, терористите со рачен фрлач го погодиле возилото "пик-ап 101", кое носело храна за пунктот кај Шипковица. На самото место загинале Руфати и Китанов, кои биле во возилото. По само пет минути, на истото место е нападнат џип „Ленд ровер“, кое се упатило да им помогне на ранетите во Шипковица. Од четворица луѓе внатре, тројца загинаа на местото.
Според увидот, на возилата било пукано од две групи по 5-6 напаѓачи, од 8-10 метарска оддалеченост. На местото биле најдени 60 празни чаури, рачни бомби, неексплодирани гранати. По џипот се движело санитетско возило, кое за влакно успеало да сврти и лекарите да се спасат од заседата.
На 5 јуни 2010 година, во чест на петтемина загинати војници е поставен спомен плоча на местото каде загинаа.

ВЕЧНА СЛАВА ХЕРОЈУ!
[DOUBLEPOST=1496774769][/DOUBLEPOST]

Ајте на риба :):D
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Тигрите
[DOUBLEPOST=1496932240][/DOUBLEPOST]10 Декември 2003,Свечен дочек на првиот контигент од мисијата „Слобода за Ирак“,Воен Аеродром Петровец Скопје
 
Последно уредено:
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
952
Нели ви кажував дека во АРМ има украински калашникови.Сликата од шкорпионите со нивните украински калашникови не ја најдов,ама затоа овде на видеото убаво се гледа.И волците имаат украински калашникови. Убаво запазете на 2:48
https://youtu.be/Scb0dYJXYWI?t=168
 

Kajgana Shop

На врв Bottom