Ти посочив, не ја пренаменувај темава и не ми третирај лични фрустрации.
Словени - племе лесно вооружено и воени тактики?
:pos2:
Нели така не учеа ценетите историчари досега.
Меѓутоа, испадна дека највисоките генерали ВЕЌЕ во 6 век во Византија биле СЛОВЕНИ.
Јустинијан до 6 век бил Ромеј, а од 6 веќе Словен.
Прочитај кои политички трансформации ги направил и зошто токму периодот на возобнувањето на славата на Источната Римска Иперија која почнува токму со Јустинијан, се вметнуваат тие политички термини во 6-от век!?
3 ќерамиди не сведочат за некој си обем на миграции, а самиот си свесен дека нема со што “словенско“ да се пофалиме.
Над 3000 археолошки локалитети... од кои 3 стомни, 5 грниња треба да сведочат за “масовноста“ и претопувањето, на народот кој овде имал воспоставено и политички систем и религија и писмо и професионална армија.
На Скопско Кале пронајдени се и Викиншки самострели и останат материјал, сепак никој не не' напнал со големата Викиншка преселба.
Тоа дека Словените наводно ги гореле телата е повторно бегање од аргументација и не е точно.
Како се пронајдени тие керамики знаеш ли?
Во гробови.
Но од кој век?
Од 9-10.
По прифаќањето на религијата, а тоа во тоа време означувало и културна асимилација.
Обичаите на закопување кај тие словени со предмети од стакло, накит, стомни и сл. се овдешни, бидејќи како што тврдиш пред 6-7 век и нивната христијанизација ( тие кои дошле на балканот би требало први да се христијанизираат ) нема никакви гробови.
А лага е тоа, бидејќи пепелта од телата не ја растурале туку кремираните тела ги ставале во стомни, садови и ги закопувале, сепак... во ГРОБОВИ.
Доаѓаш кај мене дома, јас те покрстувам, почнуваш да веруваш во “мојот“ Бог, по МОИТЕ ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА, па татко ти веќе го закопуваш по “новите“ религиозни обичаи.
Еве во контекст на контрадикторноста на нашите панслависти, каде излезе дека сите наши соседи се поголеми Словенчишта него ние:
За жал, досега не успеавме да регистрираме археолошки (материjални) траги од присуството на Словените на нашето подрачjе од 7., 8. и поголемиот дел од 9. век.
Одговорот на ова загатка не лежи во непознаването на материjалната култура на Словените. Словенски гробови (со кремациjа, во урни) и остатоци од населби се откриени во Jужна и Средна Грциjа; колку се оди повеќе кон jуг, толку се тие поброjни. Од друга страна, големиот среднобалкански простор од Дунав на север, до Солун на jуг, досега не дал никакви ранословенски наоди. Очигледно е дека Словените од Подунавjето едноставно поминале низ тоj простор, претходно веќе опустошен, без ромеjски населби и за нив неатрактивен. Тие се населиле во медитеранскиот дел на Грциjа, со блага клима, до морето кое со векови привлекувало броени народи од север. Тука Словените можеле да контактираат со преостанатите грчки градови и да се снабдуваат со толку ценетите занаетчиски произведи, кои Византиjа ja издигнале меѓу водечките во светот. Ако ги проследиме сочуваните пишани податоци, ќе ja добиеме истата географска слика. Според Монемвасиската хроника, Пелопонез бил под власта на Словените цели 218 години (од 586-805 г.).
Острогорски 1959, 198. — Каранис 1972, Х, 147
Уште во 13. век Латините возувале против Езерjаните и Милингите (Миjаците) на Пелопонез. Археолошките словенски наоди од 7. до 9. век се броjни (Тиринс, Арг, Патрас, Олимпиjа и др.).
В. Поповиќ 1980, 234-239, сл. 2.3.
Тесалиjа несомнено била населена исто така густо со Словени. На тоа укажува настанот од 799 г. кога кнезот Акамир заедно со Хеладиките (домашните Грци) прави заговор против царицата Ирина. Во тоа време Акамир е с? уште независен словенски архон на областа Верзетиjа, во Тесалиjа.
M. Vasmer 1970, 85, 86.
Верзетите (или Велегезити) се спомнати и во Чудата на св. Димитриjа како едно од словенските племиња што порано го опседнувале Солун.
Постарите истажувачи (Л. Нидерле, М. Дринов и др.) претпоставувале дека ова племе е идентично со подоцнежните Брсjаци (забележани во 11. век). Сепак, пред половина век М. Фаснер, светски авторитет за овие прашања, ова аргументирано го отфрлил. Од Верзитиjа (Тесалиjа) потекнуваат и повеќе археолошки наоди од 7.-9. век, како и голем броj рани словенски топоними.
В. Поповиќ 1980, 238, сл. 3; — Н. Чаусидис 1992, 141-154 и 1993, 159-178.
Племето Воjунити продрело во Епир, до Jадранскиот брег на jугoзапад.
Понатаму на север од спомнатите региони, а тоа значи и на подрачjето на денешна Република Македониjа, нема писмени докази за престоjот на Словени во тоа време.
Исто така, нема ни археолошки наоди од тоа време и покраj тоа што во изминатите 4 децении со интензивни рекогносцирања на теренот евидентиравме околу 3.600 археолошки локалитети од различни епохи.
Во издание на МАНУ, Скопjе, во 1994 г. излезе I том на Археолошката карта на Република Македониjа. Тоа се општи текстови како воведи во поjавите од одделните временски периоди и одделни култури. Картоните на наоѓалиштата како материални докази се уште не се обработени. Спореди ja книгата на Е. Манева 1992, 11-15.
Ранословенски наоди нема.
Извор: Средновековни градови и тврдини во Македониjа - Иван Микулчиќ
ЈБГ.. Словените не рипнале... ама сепак, словени сме си бе...толку знаат - “учените“.