L
.Lost Angel.
Гостин
Еве видеа од Македонски народни приказни од Канал5
Може ли некој да ми напише поука за приказнава, стварно не ми текнува за проектна ми е ?Сиромаио и арно да речи, никој не го слуша
Марко Цепенков
Еден сиромав чоек седел до некој чорбаџии и слушал што се разгоараа. Муабето му бил за оти имало многу глувци. Поголемиот чорбаџија велел оти глувците му го изгризале железото што го продал на дуќан, и сите му го потврдиле зборо.
- Вистина, вистина, чорбаџии - му рекол сиромаио - има многу глувци, чунки што имав троа брашенце ми го изедоа!
Неќејќи му го зборо чорбаџијата од сиромаио, му рекол:
- Ај не туку лажи, бре чоече, кај јада(т) глувците брашно, да је жито, можи, ама брашно не јадат. Ама не је, браќа, јас као што велам? - му рекол на друзите чорбаџији што биле околу него.
Сите му го потврдија зборо на богатио и го застрамија сиромаио.
- Туф, бре, гиди, јас брашното реков ми го јада(т) глувците, чорбаџиите не ми го потврдија, а пак чорбаџијата рече железото го јадат - тоа што не било до денеска, му го потврдија. Што беше оваа пуста сиромаштија, што ја нема чес? - си рекол сам со себе и уште еднаш не беше пошол при чорбаџиите на муабет.
Ова би дошло вака.Кога сиромавиот и точно нешто да каже ќе биде презрен неговиот збор од богаството на богатиот,оти кај дупи парата таму ни сврдел не дупи.Може ли некој да ми напише поука за приказнава, стварно не ми текнува за проектна ми е ?