Македонски народни приказни

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Сиромаио и арно да речи, никој не го слуша

Марко Цепенков

Еден сиромав чоек седел до некој чорбаџии и слушал што се разгоараа. Муабето му бил за оти имало многу глувци. Поголемиот чорбаџија велел оти глувците му го изгризале железото што го продал на дуќан, и сите му го потврдиле зборо.

- Вистина, вистина, чорбаџии - му рекол сиромаио - има многу глувци, чунки што имав троа брашенце ми го изедоа!
Неќејќи му го зборо чорбаџијата од сиромаио, му рекол:
- Ај не туку лажи, бре чоече, кај јада(т) глувците брашно, да је жито, можи, ама брашно не јадат. Ама не је, браќа, јас као што велам? - му рекол на друзите чорбаџији што биле околу него.
Сите му го потврдија зборо на богатио и го застрамија сиромаио.
- Туф, бре, гиди, јас брашното реков ми го јада(т) глувците, чорбаџиите не ми го потврдија, а пак чорбаџијата рече железото го јадат - тоа што не било до денеска, му го потврдија. Што беше оваа пуста сиромаштија, што ја нема чес? - си рекол сам со себе и уште еднаш не беше пошол при чорбаџиите на муабет.
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Мајсторот и калфата што спечалиле многу пари со мачето во земја во која не виделе мачки

Марко Цепенков

Си било едно дете главено кај еден тргоец за слуга. Му работило една година и на годината му платил тргоецот ругата што му чинело. Детето му вратило парите и само три пари си задржало и отишло покрај река, та пуштило во водата да види дали ќе пропаднат; едно пуштило, и му пропаднале. Другата година пак така сторило и треќа година не му пропаднале тие пари, и тие веќе имало за алал. Четвртата година пак останало у тргоецот да му служит.
Сторил ниет тргоецот за да одит на панаѓур. Детето му дало трите пари за да му купит нешто стока од панаир мајстор му. ’И зел тргоецот трите пари и се насмеал.
- Е, ќе ти купам една свирка за триве пари од панаѓур - рекол по кротко.
Момчето чуло тој збор и недраго му паднало.
- Мајсторе - му рекло - те молам и мене земи ме на панаир, за да ти чинам измет барем по патот.
Го примал мајстор му, и тргнале да одат на панаир. Уште невлезени в море, видело детево покрај море три деца кај тепаат едно маченце. Му се нажалило и посакало да го откинит од децата, арно ама децата не слушале негоата молба, ами сакале да го отепаат. Најпосле помолило со по една пара и го откинало и си го зело, та си ошло при мајстора си.
Влегле во гемија и си тргнале по море со гемијата да пливаат. Оделе донекаде в море, и се кренале големи талази (бура голема), та ја затерала гемијата без пат и ја отерала до некоја ада (остров), ја врзале гемијата на крајот и излегле во адата, и пречекале луѓето од адата, та зеле на вечера во некоја куќа.
Вечерта, кај што биле тргоецот и детето, надошле од селаните на муабет. Ставиле да вечераат и му дале на секого по еден стап в рака и му рекле: да се бранат оти ќе излезат многу глувци, та ќе му грабаат лебот од пред нив. Кога чу детето оти така, отиде та си го зеде мачето од дисагите и си го држало в раце готоо за кога ќе излезат глувците. Едно ставиле лебот на трпеза, и наизлегле глувци од дупките едночудо, и веднаш детето го пуштило мачето, та кога грабнало глувците да дави, спискале, трештиле на бегање, кој кај му очи - таму му глаа, полојната тукуречи издавило, и друзите се искриле по дупките.
Кога видоа селаните оти мачорчето толку му било јунак, сите се зачудија и му се молија да му го продаит детето. Кога виде тргоецот оти мачорчето на тоа место било многу требно, му рекол на луѓето:
- Е, бре луѓе, колку илјади ќе даите за да ви го даам ова мачорче, да ви сотрит сите глувци и да куртулисате од глувчои маки?
- Колку сакаш ќе ти дајме, само, аман те молиме, да ни го даиш, трговче! - му рекле селаните.
Му дадоа пари што нејќеа, и си отидоа на панаир, кај што му беше ниетот на чоекот. Колку што зеде стока мајстор му, вудве зеде калвата и се сторило голем тргоец.
Ете алал пари како се множат.
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Селцкиот поп и граѓанецот

Марко Цепенков

Еден селцки поп влегол в црква да му поит ѓоа литургија на селаните, во недела. Се погодило да влези и еден граѓанец в црква, чунки бил дојден в село на гости у некој селанец. Едно го видел попот граѓанецот, запрел пеењето, чунки ништо не знаел од редот на црквата кое кога сакат да се пеит. Само си стоел в олтар и си молчел. Се чуделе селаните оти не му пеит попот како понапред, туку си молчел.
На тоа згора се созборувале неколцина селани од попрвите и му влегле в олтар, та го прашале оти не пеал.
- Море, како да ви пеам и Бога да молам, бре рисјани - му рекол попо - кога грацкио ѓаол ни дошол встред црква, за да ми се бие мене шега и после да го налутиме Бога и да ми скуси од селово бериќетот.
- Ами чаре на тоа згора, бре попе - го прашале селаните - као да се праит, ако не ни кажиш?
- Ќарето, бре благосоени рисјани, за раменици и истуркајте го надвор за да ви испеам таин Божи и свршена работа!
Коа чуле селаните попо, излегле надвор и го грабнале за раменици граѓанецот, та го изваиле од црква надвор за да не чуе граѓанецот тоа што ќе пеит без ред попо. И тогај си останал на раат попо да си пеит што си знај и да му се чини на селаните оти литургија му пеи.
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Од трњето волна ќе збира, да борч да плаќа

Марко Цепенков

Једен сиромав чоек му имал за давање троа пари на једен богат. Многу му сакал парите богатио на сиромаиo, арно ама сиромаио немал да му плати. Со денеска, со утре-се поминало баеги време. Врвејќи едно утро сиромаио пред богатио, го видел и го викнал да му сака парите.
- Оти не си плаќаш борџот, бре пријателе? - му рекол богатио како на лутина. Еве толкуа време кај те чекам, оти не се засрамуваш барем од малку малку да даваш и да се платиме.
- Ќе потраиш, чорбаџи, уште некој месец - му рекол- дури да изврват ќаите со овците за на виљает, да ќе остаат овците волна по трњето, и јас ќе си соберам, та ќе ја продадаам и ќе ми ти платам и натплатам, а не сега да ти даам малку, утре поеќе и до најпосле сите. Тој еѓупштилак, чорбаџи, не го праам, јас сите веднаш, ја ти биди ми жив и здрав!
Кога чу чорбаџијата тој збор од сиромаио, брбна да се смеи и да му вели, смееќи се кр, кр, кр,кр:
- Еее, пријателе, трај коњу до зелена трева! Ти ми велиш да собериш волна од трње и да ми платиш.
- Еее, смеиш, чорбаџи - му рекол сиромаио - оти ти идит арно, чунки се увери оти ќе си земиш парите.
Коа чул тој збор чорбаџијата, уште посилно се изнасмеал и го пуштил.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Еве ми ти петка за темава, а и за онаа за македонската поезија:wink:
 

sinook

Rock 'n' Roll
Член од
26 февруари 2005
Мислења
218
Поени од реакции
2
Интересен избор на приказни..
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Народни кажувања од Струга

Викторија Поп Стефанија


РАЗЛИКАТА МЕЃУ М’ЖОТ И ЖЕНАТА
Ко и избркал госпот Адам и Ева, ’лугето и разделил со сабја, да не се спојени заједно и тије ост’нале разделени, несошијани. Им дал по две пари за да си купет конец и игла и да се сошијет. Жената ошла чаршија, се гледала по дуќаните и нашла ногу убај рабоќе. Си купила две клопчина конец и игла и ј ост’нале тро пари за помада. Та си купила помада и не зела ушче едно клопче конец. Ко ошла да се сошијат к’ј шо ги разделил госпот, не је фт’сало от конецот и ост’нала расп’рана до денеска.
М’жот за парите купил три клопчина конец и игла. Ко зел да се шијат, му прест’нале од двете клопчина ушче малу, а от третото, ост’нала само една вису'лка. Зато и денеска, тој си и носит сите работи от то шијајне на себе.

------------------------------

СВЕТИ ЈОН ВЛАДИМИР
Свети Јон Владимир бил царско дете. И го женеле со сила, арно ама, навечер се поклонвел. Жена му му велит на татко је:
- Овај к’тавечер је негдека.
Една вечер брат је ојт по него и како шчо одел, брат је је извајл сабијата да му је пресечит глата. Свети Јон имал дрвена сабија. Му је дал на брат је и му рекол оту само со таја может да му је пресечит глата. И со неја му је пресекол.
Го носеле некаде телото, но ни којн ни брод кинисвел и го остајле во Елбасан.
Секоја година одет таму. На третиот ден го вртеле околу црквата. Од народ Турците не можеле да се приближет и ги спушчиле озгора врзани фесојте, да го добијет неговото тело.
-----------------------------


СВЕТИ СПИРУНДИЈА (Спиро)
Биле некои, сакале некоја планина да помрнет. Се собрале народ, оделе. Овај бил крпач и тој ќе ојт со службеникот и калфата. Имале којн и м’ска и требеле да препливет и му велит:
- Оди, скорни го којнот и м’ската.
Слегвит тој и пулит - глајте пресечени. Се качил горе и му казал на мајсторот. Мајсторот рекол:
- Клај ги глајте од којнот на м’ската и обратно. И, тије станале. Кај народот сите се зачудиле.
Се м’челе за планината да је мрнет. Спиро (крпачот) ошол со фркот, је преместил планината. Граѓаните се зачудиле.
Спиро праел други чуда. Ќе је истискал герамидата и на стрна клавал вода, кал и огон и повторно је замесвел.
Спиро бил закопан во карпус. Секоја година му ставале други скорни - сигурно целотрупен шетал.
Татко ми видел оту немал скорни на денот кога го отвориле гробот.
--------------------------


СВЕТИ ТРИФУН
Царицата персиска била неизлечиво болна и таа викнала: - Трифун ке ме оздравит. Се сетиле и пушчил царот да барат некој Трифун доктур. Но, нишчо. Најседне, во едно село, било едно дете шо пасело гуски - се викало Трифун. Дошло детето и ушче од’леку било от царицата пенџерото, фатило да викат: - Трифун идат, ушче два дена, ушче еден ден... Влегол, је прекрстил со стапот и оздравела. Царот му је дал керката, (но тој) не је зел. Богатството (што го добил) го дал по сиромаси.

---------------------
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Приказни од Струга

Гускарот и ламјата

Си биле тројца брајча и си тргнале по к'смет, по работа. Одет, одет, наождет на едно место една ламја к'ј шо си го работат лозјето. Со ламјава имало и едно малко дете. Брајчата појдвет к'де неја и е опитвет али е требет измечари, а таја им велит:
Ми требет, ами како, ми требет ево лозјево да се работат требит.
И така се погождет. Е, во то време, ко зеле да работет, ова, ламјава, си наредвит довечер да имат к'смет шо да вечерет, та зела едно писменце, напишвит оту да се спремат фурната за довечер оту имет гости. Арно ама, од триве брајча најмалиов бил ногу шерет. Кога го виде писменцево мало, му го дават на детето и му велит на детето:
- Дај да го вида то шареното шо е?
Го земат, го отворат, гледат шо пишвит, а пишвит да е пригответ фурната за довечер да имет шо да вечерет. Е, се стори то. Вечерта одет, ламјава ги најадвит убо и им постелвит да спиет. Добро, ама овај, најмалиов брат, на брајчава не им кажвит шо е работава, само им велит да трмет. Легвит ама не заспиват и ко че легнит ламјата и ко че заспиет во првите соништа, тога станвит најмалиот брат, земат јорганот од к'ј ними и го фрлат на трите деца од ламјата, а нивниот го земат к'ј ними и им велит на брајча му:
- Станвите да бегаме оту работата ни е лоша!
Во то време кога станвет да бегет, на полицата виждат три јаболка, убај и златни кои биле од ламјата, ги земат и ги клават в џеб и избегвет. Бегет, бегет, дошле до к'ј една река, е префрлет и тука се застовет да се одморет малку.
Едно време ламјава станвит, 'и земат сосе јорган и креват триве нејзини деца наместо тројцата брајча, 'и фрлат во фурната и пак си легвит. Сабајлето ко станвит шо че видит. Место тројцата брајча ги наожџат испечени децата нејзини. Одма се спуштила да трчат по ними. Трчат, трчат до к'ј реката, а преку реката ги вижџат сите тројца к'ј седет, па им велит:
Шо ми напрајвте така бре, ми изгоревте децата и трите јаболка ми 'и зедовте, ама че ми падните пак в р'ци. Че видите шо че ви напра, нема да ве оста така, паметвејте добро!
Сакаше нас да не погубиш!? - е велит најмалиот брат. - Ама јас дури не ти е зема и глата не те остава!
И така, таја си сјотиде, а и тие си сјодвет по п'т, по други к'смет да барет. Одет, одет, одет, наожџет од царот дворот и к'ј царот се главјет сите тројца, едниот како гоедар, другиот како свињар, а овај, најмалиов, како гускар.
Потем неколку дена, гускарот земат да играт со едно јаболко. Го довижџат царската черка, е се бендисало јаболкото и е велит на измејчарката:
- Оди да му речиш на гускарон да ми го дајт јаболконо!
Ојт таја и му велит така и така, ми рече царскана черка да ми го дајш јаболкото шо си играл.
- Добро! - велит тој. - Ама ако е кабиљ да дојдит барем до вратана.
Измејчарката ојт таму, е кажвит на царскава черка:
- Ти го дават јаболкото, тук да дојш до врата и после да ти го предајме.
- Голема работа, нека дојт! - е дават изан таја. После неколку дена, гускарот пак земат да си играт со второто јаболко. Пак го вижџат царската черка и за то јаболко пак е пушчат слугинката.
- Одеј да му речиш да ми го дајт јаболконо!
Ојт таја и му велит оту царската черка го барат и ова јаболко. Најмалиот брат е велит:
Сака да е го да лично, со мојава р'ка
Измејчарката е кажвит на царската черка, а ова:
- Ам аку, немат нишчо и да ми го дајт. Шо се стори то? Одеј да ми го донесиш!
Ојт тој и е го дават јаболкото нејзе и се свршвит и то.
Негојте брајча е усештет таја работа и си велет оту ако усетит царот че и погубит ним. И му кровјет план како да го изгубет.
После некој ден, најмалиот земат и си играт и со третото јаболко. Во то време пак го вижџат царевата черка. Ојт по измејчарката и е пушчат пак да му речит да е го дајт јаболкото, за то било уште поубо од другите. Тој е одгорил вака:
- Е, третово јаболко можа да е го да, ама ак можа и да е баца еднушка!
Ојт измејчаркава и е кажвит на царскава черка вака и вака. Е велит оту че е го дајт јаболкото ако е бацит еднушка. Таја, од мерак по јаболкото, пак се враштат и се сложвит да е бацит, немат ништо. Најмалиот брат ојт, е го дават јаболкото и е бацвит.
Брајчава уште појче усетвет нешто и уште појче се плашет оту немат чаре, че 'и погубит царот ко че дознајт. Се мислет каква замка да му напрает за да го погубет овој чоек. Еден ден отишле к'ј царот и му велет:
Честити царе, све убо, убо, убо, ама еден јорган шо го немаш… Ето, каде ламјана каков јорган имат, да го имаш уште тој јорган како тебе овдека во дворов би немало!
Кој можит тој да го земит? - опитал царот.
- Само гускарон, друг немојт, само гускарон! - му рекле брајчата на царот.
Царот го виквит гускарот и му велит:
Ела ваму, ето к'де си имало еден јорган и си можел да го земиш ти. Ако го донесиш, олку награда че ти да. Ако не, погубен си!
Добро, честити цару! - рекол гускарот.
Една вечер ојт к'ј ламјата и токму во првото спајне е чекат да заспијат та да се качит горе да го земат јорганот, да избегат и то го направјат. И пак, от ко го земвит јорганот, ојт до к'ј реката, префрлат преку реката и се застовјат. Знајт оту ламјава че му дојт. Кога станвит ламјата сабајле, кога гледат, јорган немат и се сешчат оту тој, најмалиот брат, е го имат напраено и ова. Трчат по него и од далеку му викат:
- Ако ми падниш в р'ци да знајш оту че бидиш погубен. Децата ми изгори, јаболката ми 'и зеде и сега и јорганот ми го зеде.
- И глата че ти е зема најпосле! - викат гускарот. – Ти сакаше нас да не изгубиш, ама ја че те изгуба тебе!
Така ламјата, пошчо не можела да е префрлит реката, се вратила назад, а гускаров му го однесвит јорганот на царот.
Царот му дал голем бакшиш. Брајча му виделе шо е работава, се плашет, и му планирет нешто друго како да го погубет. После неколку дена, пак му велет на царот:
Честити цару, све убо имаш, ама уште нешто немаш. Имат еден којн к'ј ламјана. Да го имаш тој којн ко тебе би немало.
Убо, а кој мојт да го напрајт то? - велит царот.
Само гускарон, само гускарон и никој друг!
Мојт тој то да го напрајт?
Мојт, само тој мојт.
Потем царот го викнал гускарот и му велит:
- Имат еден којн к'ј ламјана. Да ми го донесиш него и че ти да дупло награда!
-Добро, и то че го напра! - велит гускарот
Една вечер се намирвит и ојт, влегвит к'ј шо е којнот.
Го фаштат којнот ама тој скокат, 'ржит и врескат. Ламјата
го сумвит.
- А, куче едно. И којнот дојде да ми го земаш. Че видиш сега шо че ти напра!
Гускарот се скривјат да не мојт да го најт никаде. Слегвит ламјата долу, барат, барат некого од чоек, ама немат никого. Барат ваму, барат таму, немат никого. Се налутвит на којнот зошто скокат толку и земат еден стап и го набивјат убо, го набивјат, го набивјат, го направјат тепсија. После ламјата сјодвит и се качвит горе да си легнит да спијат. Од ко заспивјат, овај си го фаштат којнот и пополека си го земвит, му се качвит и избегвит преку река. Стојт отаде реката и е чекат да дојт ламјата. Сабајлето, кога станвит ламјата во раното, видела дека е го немат којнот.
- А, рекла, то куче и којнот ми го зело!
И трчат, трчат по него, го наожџат преку река и му велит:
А бре, децата ми изгоре, јаболката ми зеде, јорганот ми го зеде, којнот ми го зеде, ама ак ми падниш в р'ци од тебе немат ништо да останит.
Ти казав ја! - велит гускарот. - Сакаше нас да не погубиш, ама најнајодзади и глата че ти е зема.
Ламјава си се враштат назад, немат шо да прајт, а гускарот со којнот к'ј царот и му го дават којнот.
- Ево, честити царе, ја ти го донесов и којнов. Добил уште поголема награда от првиот п'т.
Се чудет брајча му шо да прает. Како да го погубет ового. Шо да му речет тој го извршават. Најпосле им текнало оту к'ј ламјата имало едно дебело и големо дрво. То дрво било ногу големо и дебело и ногу тешко. Им текнало да му речет на царот да го зејт то дрво и да му то донесит на царот. Отишле к'ј царот и му рекле:
Честити царе, све имаш, само уште едно дрво немаш. Уште да го имаш то дрво ко твојот двор би немало!
Кој мојт да го донесит то дрво? - опитал царот.
Немат кој други освен гускарон. Други не мојт кој да го земит!
Го викнал царот гускарот и му велит:
Имат едно дрво големо, дебело, ете к'ј кого. Сака да ми го донесиш него. И ако го донесиш него, че ти е да черка ми и на царството тебе наследник те реда, заш нема друго ништо. А ако не го донесиш, че те погуба!
Добро, честити цару, ама ова работа е тешка некако!
Немат, инаку си изгубен! - му рекол царот.
Е, добро! - рекол гускарот. - Само че ми дајш све шо че ти посака јас. И то можа да го напра!
Му побарал една кола, три чифта волој, една секира од дванајс кила, една секира од шест кила, клинци од 25, од 50 и од 6 сантими, разни клинци. Царот све шо му побарал му дал. И тој тргвит, со колата и со волојте и со целата опрема, право кун ламјата, во нејзиниот двор. Е зел секирата и почнал да удират по дрвото, брам, брам. Го сумвит ламјата.
Ах, куче едно, дојде и дрвото да ми го земиш, ама сега немат каде да ми бегаш, сега че те изја! - рекла ламјата.
Море ела ваму! - е викнал гускарот. - Царот разбрал оту си имала големо и дебело дрво овдека, та ме пушти да напрајме една бочва оту фатил еден ногу бесен и лош чоек та сакат да го затворит во бочвава. Ела, поможи ми да го исечиме, да го напрајме бочва!
Аха, тој е! - си рекла ламјата. - Морат да е тој шо ми изгоре децата, шо ми го зеде којнот и јаболката.
Станала таја и ошла к'ј него. Е дал нејзе секирата од 12 кила, а тој е зел таја од 6 кила. Го исеквет дрвото, го исеквет убо и после го заковјет. Оставет само едно место да влезит ламјата. Тога гускарот е рекол:
- Сега влези ти овдека и стежни! К'ј че крцкат некаде, ја да удра со брујчава за да е сигурно!
Ламјата се изм'мила и влегла н'тре, а тој убо, убо е заковјат. Ламјата му викнала од н'тре:
А бре, сега ја од к'де че излеза?
Ами ко ти реков оту че ти е зеја и глата?! - е рекол.
Ова немаше шо да прајт. Е земат, е клават на кола и тргвит сосе кола и со бочвата со ламјата н'тре и му е однесвит на царот.
- Честити цару, ево ти е ламјата и дрвово!
Ко го виделе брајчава, немале вејче појче шо да прает.
Е! - рекол царот. - Ја ветвењето не го забора. Чим е сврши и ова работа ти е дава черка ми. То е готова работа!
Е сега че ми дајш изан да појда кун к'ј нас, к'ј мајка ми, оту си има мајка. Само едно да знајте, дур не дојда јас, не смејте вие да е отворате. Можда имаш лујџе да те кандисвет да е отвориш, ама ти да не е отвораш, з'ш ако е отвориш че напрајт пусто све! - му велит гускарот на царот
Царот му дал изан и му обејчал оту немат да гибат ништо, Овој, заедно со жена си, тргнал за дома му. Со него го зел секирчето од 6 кила. На едно место му се соспало и легнал да поспиет малку. Царската черка визџат к'де идет големи праој од далеку, нешто трчат. Кога вижџат шо че видит - овје е имале пуштено ламјата. Таја таму напрајла дрдарама, ама чоекот шо е фатил го немат, трчат таја по него сега. Царската черка е видела ламјата како трчат по ним и го разбудила м'жа си:
Стани, татко е изм'мен, е имат отворено ламјата и таја трчат по нас право!
Како мори? - се разбудил гускарот. - Ах таја работа сега. Сега шо че прајме? Ај, уште сега че стора гајрет!
И ето, мадам се наближала ламјата блиску, тој замавнал со секирата и е удрил еднушка по гла и е остат на место. Ама та уште не е доумрена и му велит:
- Удри, удри уш еднушка, удри како м'ж, јунак еднушка мат, појче пати не мат!
И ламјата тресвит од вереф. Овје чим видвет то нешто, решвет да се вратет дома, к'ј царот, да видет шо е напрено таму, сигурно таму е напрено пустош.
Така било навистина. Ко се вратиле, вижџавет оту било све пусто напраено.

Раскажал: Крсте Жупаноски (1893)
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Клеанти Лиаку-Ановска

Миш Кукутела

Миш Кукутела беше петле, куцо. Имаше една мајка и еден татко. Немаа деца и го имаа земено Миш Кукутела за син. И како јунак во фамилијата ги чуваше татко му и мајка му и им носеше што им требаше. Беа многу сиромашни. Кога отиде од бедното село во богатото, се стркала со едната нога на буништето. Го најде еден богат од селото и зеде да им кажува дома:
- Најдов едно куцо петле, ама не е пцовисано уште, уште не е пцовисано. Ај да Го нахраниме.
Го нахранија. Живна и така го задржаа богатите. Јадеше. Одеше на буниште и им пееше како петелот што кукурика на сабајле. Ги будеше богатите a немаше ниту саат.
- Кикирику.
Еден ден богатите рекоа:
- Ама, овој е многу иамешен иешел. Ај да го земе-ме да спие во соба.
Го зедоа, го фрлија во собата. Во собата си имаа пари, златници скриено. Миш Кукутела немаше што да прави. Сите златници ги голтна. Голтна еден, голтна друг, виде дека е тешко, не може ништо. Си легна како да е пцовисан. Ама да мислат дека е пцовисан. Со една пара, една обетка беше, си ја фати усната. Овие видоа дека е пцовисан и го фрлија на буниште. Овој виде де-ка го фрлија. Тој полн со златници кога се врати во се-лото кај мајка му и татако му, им рече:
- Земете го ceгa сукалото и удрите на мене, на мојот мев! Врзете ме за ногата што ја имам и тресе-те ме!
Така ги направи богати. Им паднаа парите од ме-вот на Миш Кукутела и се сторија со богатство, со пари. Можеа да живеат тројцата така и си го поминаа нивниот живот добро, старецот со старата и Миш Кукутела.
- И така, ако сакате eue да спечалите, на друг начин, оти вие не сте Миш Кукутела, - ни велеа нам. - Туку да учите, да работите и да носите за мајките, за татковците за да живеете сите добро. Да си го поминете векот како што е редот.
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Свети Трипун на први февруарија одејќи в лозје го срела Богоројца
Марко Цепенков

На први сечко си зел Трипун едно кравајче в торба и една карта вино, си закачил соро за појас и тргнал да оди в лозје да го кроит.
Одејќи по пато, го стрела Богоројца и го поздравила
-Со здравје, свети Трипуне, ако даи Госпо, каде вака?
-Ќе одам да го кројам лозјето, - је рекол- света Богоројце.
-Ако је кабил, Трипуне, не оди денеска кај се пригодуам за утре да одам црква да си земам молитва, да ке те клаам да те празнуат луѓето на треќио ден од сечка, пред мене да бидеш, а не зад мене.
- Не се враќам, Богоројце - је рекол- јас сум си зел кравајчето, картето со винце и соро сум си го наточил ќе одам и друго чаре не бидуа.
Коа виде Богоројца оти не се враќа Трипун и не ја послуша му рекла:
[- Е арно ќе одиш в лозле да кроиш, бре Трипуне, ами ти лели не знаиш да кроиш?
- Кој ти рече оти не знам - је рекол- знам ем саде за ќеф, знам да кројам!
- Е, ко знајш, де кажи ми да видам као ќе кроиш?
- Пеки, света Богоројце - је рекол - да ти кажам, еве вака је!
Го изваил соро од појас и се ватил за нос ѓоа прачка носо му се стори да је на некоја пењушка, и тргнал со соро та си пресекол носо и останал со чпрнтав нос. Тогај дури се сетил сиромаи Трипун пијаница оти со непослушувањето на Богоројца си го исекол носот и останал чпрнтав, и го кладоа празник да биде пред Богоројца, а не по Богоројца.
Одејќи Трипун в лозје, застанал на крајо од лозјето и се наведил до еден ќутук да го крои, арно ама, едно се наведил и ватило крв да му течи од носо, како река. Тогај виде оти не Ќе можи да го крои сето лозје, та се предумал да го крои две-три пењушки. Тогај да оди утре тамо да го крои.
Зел кравајчето малце да касни, арно ама од крвта што му течела, не могол да јади, кренал картето да се напие винце, па од крвта не могол да се напие. На тоа згора измислил да напраи, потурил една пењушка со вино и пресекол три прачки колку за адет и отишол во другио крај на лозјето и тамо потурил една пењушка со вино и пресекол од неа три прачки, та го остаил нескројено лозјето и си тргнал да си оди дома.
Кого ќе сретнеше Трипун и ќе му дадеше едно парче од кравајчето и ќе го напиеше една чаша винце. Дури си влегол в град, сето кравајче го раздал и сето вино, за задуша, чунки тој не можел да каснува од крвта што му течеше. Едно додал сичко и крвта му престанала.
- Еј, сполајти, Богородице - беше рекол - па си била милостина што ми запре крвта за да не умрам без дена!
Од тој адет што го напраил некогаш цвети Трипун, и ден-денеска го праат луѓе у нас што имаат лозја, ама не како што праеја во постаро време.
Чунки во старо време носеше секи домаќин што имал лозје- кравајче и карте со вино, та откоа ќе кроеше по три пењушки, ќе седнеше на меѓата од комшијата и ќе се собереа неколцина од комшиите, та ќе седнеа да се напоручаат и да се изнапијат од винцето.
Откоа ќе си изблоосоија лозјата за Госпо да му умножи со бериќет и да му чуа од слана и град, ќе си тргнеа да си идат дома, до што чоек ќе сретеа, се ќе почестеа со едно парче кравајче и една чаша вино, да дури имаа леб и вино.
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Марко Цепенков

Царската ќерка и екимо
Марко Цепенков

Една царска ќерка боледуала од некоа мисла што имала. Сите царски екими ја ватиле да ја лекуаат и никој лек не беше нашол. Од ден на ден сe полошо се чинела и на лице гинела.
Чул еден стар еќим што бил забораен од светот поради староста што ја имал, никој не беше го викал.
- Ја чекај - рекол сам со себе - да појдам кај царската ќерка, да ја видам што болес имат и да ја оздравам.
Пошол и се преставил пред царската ќерка. Откога ја испрашал заради болеста од секаде што је и што ја боли, го нашол лекот.
- Мнозина еќими - му рекол старио еќим - те лекуале и билки ти давале и пак не те оздравеле, ќерко; јас без билки ќе те оздравам, да ме паметуаш и да велиш Бог да го прости старио еќим што ме оздраве без билка.
- Оф, бре дедо - му рекла нажалено царската ќерка - ако можиш да ме оздравеиш, јас ќе му речам на татка тебе да те клаит прв еќим на столнината и голем бакшиш ќе ти даам.
Откоа чул еќимо тие зборои, отишол при куменџијата и напраил еден позлатен прстен со муур озгора. На мууро беше пишал вака: „Се што било - поминало, и се што ќе биди - ќе поминит”. И го донесол еќимо прстено и је клал на прсто.
- Еве ти го леко, царска девојко - је рекол еќимот - секој саат и секој ден, кога ќе ти дојдит лошата мисла што ти го мачит срцето, ќе го пеиш муурот и ќе го поразмислиш тоа што ќе го пеиш. Така ако го пеиш и размислиш, до четириесет дни ќе оздравеиш, бездруго те уверуам и со глава моја ти се таксуам: ако не оздравеиш, да ми ја пресечите.
За вистина, царската ќерка беше оздравеала, побрго од четириесетте дни, од болеста што ја имала во мислата. Таа оздравела и еќимо на голема чес беа го клале.
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Кој го украде сеното тој ја има мувата на капата


Некој човек си имал сено во племната.Друг му се навртел,та му го крадел.Стопанот на сеното,од ден на ден гледал,оти сеното му се намалувало и оти некој му крадел,ама на можел да разбере кој бил арамијата.Таму бил и стопанот на сеното и арамијата.Стопанот не знаел сигурно дали навистина бил тој или некој друг.Се отворил збор меѓу нив за крадењето сено и за тоа кој ќе биде тој што го крадел?За да дознае кој е арамијата,стопанот им рекол:Сега јас ќе го најдам арамијата
Тој што го украде сеното,рекол тој,си ја има мувата на капата!И навистина тој час арамијата мавнал со раката по капата за да си ја истера мувата,без да се сети оти ќе го познае.Стопанот вчасот го познал и викнал:Ете како го познав и го најдов арамијата-и го фатил за рака
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Рибина чорба


Тргнал Пејо еден петок со своите Мариовци на пазар.Одејќи така,патем видел еден вир кој имало риби,па бидејќи било петок и не се мрсело,Пејо решил да направи ручек со риби.Но вирот бил длабок и рибите не се фаќале за да ги испече Пејо,па Мариовците седнале да јадат леб и кромид.Пејо си велел како за себе:Е и оване е право.
Гледај риби-јади кромид!
Одеднаш како да се досетил,скокнал од местото,ја извадил лажицата од торбата и им рекол на другите:
Лажиците,бре другари!Не гледате ли колку рибина чорба има пред нас,а ние јадемелеб и кромид!?
И самиот почнал до барата да срка од водата во која се префрлале слатките мренчиња,шаранчиња и разни други риби.Селаните го послушале и се наредиле окулу барата,та се насркале од рибината чорба
 

Kajgana Shop

На врв Bottom