Македонски менталитет

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Менталитет у Македонија??? 0 ...
Нула?
Веројатно мешаш поими. Претпоставувам мислеше на некоја култура.

Менталитетот претставува сет од карактеристики кои детерминираат како единката или група луѓе интерпретираат и реагираат во одредени ситуации.

Така да тоа не може да е нула :pos:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Менталитет у Македонија??? 0 ...
ај објасни ми шо мислеше со ова нулава??? немаме менталитет???
уствари како го сваќаш ти поимов менталитет брат??? неможе нула да биде у секј случај... опиши, генерелизирај, општо, конкретно, типично карактерестично... навики обичаи а у... не сваќам шо е со нулава
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Ќе го напишам моето размислување знам дека ќе се повторувам и сигурен сум дека сите мислиме слично или исто но сепак ете и јас да го напишам моето мислење, прво кога некој ќе ми спомне менталитет, не знам зошто ми се враќаат реченици од романот на Стале Попов, Крпен живот, човекот го имаше толку детално опишано менталитетот што и самиот се чудев и се уште се чудам како може се да има останато исто и се да се повторува и денес. Прво сите меѓу нас не сакаме да се видиме не сакаме да им помогнеме на никој, не сакаме никој да успее повеќе од нас, живееме само за да им наштетеме на другите, и да се фалиме ние како се ни е совршено и како го живееме животот лудо и незаборавно, и тоа се повторува години и години, со роднините сите се сакаме, но се гледаме само на свадби, и после собирот, секој за секој зборува нешто, е тоа се случува додека сме живо од кога ќе умреме тогаш веќе почнува почитувањето, тогаш почнуваат сите роднини да трчаат за организирање на погребот, сите жалат плачат сите кажуваат колку бил добар, но кога ќе помини сето тоа, и кога ќе дојде да ручаат сите заедно коментарите почнуваат меѓу себе, зошто не дојде овој зошто не дојде оној, зошто нема вино, зошто нема ракија, и уште што не, и најтрагично оваа приказна се повторува со стотици години, и не знам дали упорно, се трудиме да го задржиме ваквото размислување или се трудиме да го смениме, сепак можеби сето ова изгледа стереотипно, сите овие се стереотипи на еден народ, се разбира дека има и индивидуалци, што станале свесни за ова, и веќе го имаат сменето, но како што гледам на темите за тоше изгледа приказната уште се повторува, пред 4, години нели беше педер,не знаеше да пее ?
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
Сите ние учествуваме во тој македонски менталитет сакале или не.
Ако не учествувавме едноставно ќе сме одделени од пријателите, роднините па и од нашите `ептен` блиски :D.
Сите го опишавте менталитетот но никој не предложи начин за негово менување бидејќи не е возможно да се промени менталитетот на просечниот Македонец (не македонче).
Некои работи изглеа не се менуваат :toe:
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Македонскиот менталитет...И го мразам И го обожавам во исто време.
 

Котето

Новајлија
Член од
6 февруари 2010
Мислења
8
Поени од реакции
0
Аууу... ужас... па многу го мразам македонскиот менталитет... во 16 век сме заглавени :S бљак е сето... Ако сакаш да си рокер, металец, емо, панкер... или нешто такво... те гледаат како зол човек... тоа го мразам многу... на запад сето тоа е секојдневие... а овде сеуште не се прифаќа и нема ни точка на хоризонтот за прифаќање на тие идеи.
Втора причина зашто се мразам дека сум македонец : пример: во грција на пензионерите му ги намалија пензиите на пензионерите за 0,01% , сите излегоа да бунтуваат.. стари млади... па блокади... а кај нас, ќе намалат 20% и сите ќутат... „скраја да е од полошо“
Трета причина. Сите оговараат за секого... најлесно е да се живее во Македонија, особено во Прилеп... Комшиите ти го берат гајлето, ти само да живееш... сите сметки ти ги прават, ти само по планот да се придржуваш... бљак е...

:helou:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Група овци кои служат само за молзење и стрижење,а се водат само со стап.
Краток опис.
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
Жалосно е што никој не се дрзнува да ја смени ситуацијава со Мак менталитет. Колку луѓево во другите земји се смирени никаде не брзаат и секаде стигаат на време, а ние секаде брзаме и секогаш касниме. Си имаме свои животи но ете мора да се чалабрцне во туѓи, зашто бОг знае. Сите се клабери сите сакаат журки а никој нејќе да стане утрето рано и да работи. Сите штрајкуваат и чекаат владата да им даде леб а никој нејке да фати да работи и да си заработи некој денар. Лугето у др земји чистат канализации за некој долар а овие си послале шатори си лежат цели дни чекаат помош од небо да им падне.
Место вести можат да го сменат името у Црна хроника пошо освен тоа не глеам друго на вести. Само што рекол Рикер што кажал Обама извештај за мкд, уше ниво 5рица киднапирани, дилери на бело робје, малолетничка проституција... Ништо човек да чуе весело на вести. Во др земји вести само еднаш на ден има луѓето незнаат никој им е премиер, а ние знаеме дури и на Бранко внукот каде учи и која му била женска. Срамотааа! после вестите Екслкузив обавезна доза на трачеви , а ако тоа не е доста има и Фаци. А најлошо за мак и балк менталитет е проблемот со мамините синчиња. Нашата екс-комшика имаше два сина и до 23 год им носеше кафица и појадок иу кревет, им даваше мн пари за у град а они дома немаа за леб, и на крај им го унижшти животот едниот е ерген а др е разведен со дете. На запад пунат 18 ги бркаат од дома и им даваат да работат најмалку 2 работи. Е така се стануе човек!
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.247
Поени од реакции
8.036
Македонски менталитет=Само уништување :uvo:
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Поговорките најнапред? ФРЛИ РИПЧЕ ФАТИ КРАПЧЕ ( читај мито и корупција), ВЕДНАТА ГЛАВА САБЈА НЕ ЈА СЕЧЕ, лигушавење, ЏАБЕ РАБОТИ ЏАБЕ НЕ СЕДИ - потпикуање на оние кои работат,.....Празнување на 1ви Мај со лапачки, ...
лидерите за нивните партиски војници - идоли,се на се сосема различно од модерниот и слободољубив свет.
:toe::toe::toe::toe::toe::toe:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Менталитетот ни е тапа со чесен исклучок на сите оние што пишале на темава
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Да се обидеме барем малку да смениме од сето понапред опишано.Инаку навистина ништо позитивно а сепак сите не се такви недај боже.Значи напори за менување на се она што не остава во 19 век.Да се заложиме сите.:smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir:
 
Член од
4 април 2010
Мислења
36
Поени од реакции
3
македонски менталитет од позитивна гледна точка многу традиција, талент, уметност,амбиција, култура итн.

од негативна гледна точка, многу завист и пакост, може има уште нешто но и ова е премногу.
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Култура,уметност,амбиција...
Леле мамо, некултурата ни е обележје( Премиерот каснел на состанокот со израелецов што не посети само 29 минути?),уметност? Колку најмногу чини наша слика во однос на светските сликари а за амбиција - надвор од државата кои се наши истакнати граѓани на светот? Тапа.
Кој е наш Никола Тесла, Пупин, Миланковиќ, Руџер Бошковиќ,Пикасо,Дали,Гауди,Роден..
Нашиве архитекти кои ќе го уништат Скопје?
Брука, не ни се гледа алот. А за фалби навистина сме на врвот.
Достигнувања никакви - со мали исклучоци и тоа од избегани од државата.
:baeh:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom