Македонски звучи подобро

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.015
Поени од реакции
34.600
здраво на сите. понекогаш ја следам темата за ЈУ, али пошто не сум ногу по таа музика, бев само набљудивач. :D
но ова со македонската музика е нешто што ме зголица :noze: па ќе ви се придружам. е сега, .... гледам дека многу, да не кажам скоро се’ што е добро е веќе напишано ...... со мое мало надополнување (во моментов тоа ми текнува) а тоа е КИСМЕТ (сите песни). мизар гледам има, според мене сите песни се ЗА, но ете, и тоа што е веќе напишано е сосема доволно.
албум Dormant Dire
blood
fathom
death song
album Damjan's_War
zurla
love will tear us apart
earth
damjan's hope
album Wake_Up_Gods
...... море СЕ’
златки, ..... не ме мрзи да ги постирам песните таму, ... проблемот е што не знам како треба, ..... не сум користел до сега ..... така да ако ми извиниш ОК, ако не, пак ОК, па ваљда некој друг ќе ги стави
(y)
Многу едноставно: во полето НАСЛОВ пишуваш наслов на песна, во полето ИЗВЕДУВАЧ го пишуваш изведувачот на песната, кликаш SUBMIT, и that's it! После се враќаш на back, и ставаш нова песна...

https://docs.google.com/forms/d/1SZKbAp0TFikeecLeJaOvaQ-LJfI-eD0SD-93jcCVNys/viewform
--- надополнето: 25 август 2013 во 13:22 ---
Ако ви е проблем, еве јас ќе се нафатам да ви помогнам при внесувањето
Јас немам ништо против!
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.820
Јас се нафаќам моите да ги внесам во теков на денот. Да ја олесниме тро од тро работава.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.125
Поени од реакции
57.552
дани, браво царе. еве јас сум прв на ред, нели? си земав бројче :pos:
по ПП ако сакаш останатите песни?
Тука гледам и некои англиски наслови, а изборов е за песни испеани на Македонски јазик :)
Инаку не е проблем, ќе ти ги внесам и твоите
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Повторувам уше еднаш. Доаѓаат во предвид само песни испеани на македонски јазик.

Не наши изведувачи на нивен замислен јазик, не наши изведувачи на странЦки, туку само песни на МАКЕДОНСКИ јазик.

Може инструменталки. Може и странци на македонски.

Опцијата која ви ја даде Златикевичиус е стварно коректна. Внесувајте ги песните во формуларов.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.015
Поени од реакции
34.600
Тука гледам и некои англиски наслови, а изборов е за песни испеани на Македонски јазик :)
Инаку не е проблем, ќе ти ги внесам и твоите
Повторувам уше еднаш. Доаѓаат во предвид само песни испеани на македонски јазик.

Не наши изведувачи на нивен замислен јазик, не наши изведувачи на странЦки, туку само песни на МАКЕДОНСКИ јазик.

Може инструменталки. Може и странци на македонски.

Не знам за тоа. Јас сум против тоа да има само песни на македонски јазик. Што е со Bei the Fish (на пример), тогаш? Или со Kismet? Нема да има нивни песни на изборов? Има песни во Македонија отпеани на многу странски јазици кои оставиле белег тука, зошто тие да немаат еднакво право да се натпреваруваат со другите?
И - што ако во песната има неколку стиха на англиски, или ако е испеана на друг јазик, а во неа има стихови на македонски, или ако е пола-пола????

Јас се нафаќам моите да ги внесам во теков на денот. Да ја олесниме тро од тро работава.
Вака: се што е предложено тука заклучно со постот број #38 (кликни тука) ќе внесам јас, не се малтретирајте вие. Вие предложувајте си нови песни, или внесувајте ги песните што се предложени тука од после.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Не знам за тоа. Јас сум против тоа да има само песни на македонски јазик. Што е со Bei the Fish (на пример), тогаш? Или со Kismet? Нема да има нивни песни на изборов? Има песни во Македонија отпеани на многу странски јазици кои оставиле белег тука, зошто тие да немаат еднакво право да се натпреваруваат со другите?
И - што ако во песната има неколку стиха на англиски, или ако е испеана на друг јазик, а во неа има стихови на македонски, или ако е пола-пола????

Да бе пер, едноставно е. Нема да ги има.

Ако е пола пола, може. Сеа наредно очекувам "а еден збор"?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.015
Поени од реакции
34.600
Да бе пер, едноставно е. Нема да ги има.

Ако е пола пола, може. Сеа наредно очекувам "а еден збор"?
Поооо, поголем диктатор и од Груевски си станал. ОК, нема да ги има, само не се тепај одма!
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Одлична тема,прекрасен вовед.Македонштината на дело.

Мизар-Почесна стрелба
Мизар-Девојка од бронза
Мизар-Јуда
Архангел-Нож
Архангел-Нова вера,нова библија
Архангел-Вина
Архангел-Рубин кармин
Архангел-Убер Македониште
String forces-Sub
String forces-Каде бегаш
String forces-Келари шарени
ДНО-Идеме до крај
Фолтин-Везилка
Фолтин-Милице
Фолтин-128
Фолтин-If you touch me I'll die
Anastasia-Time never dies
Anastasia-The circle is not round
Зијан-Пушти коси
Ареа-Фреквенција на љубовта
Ареа-Сите мои слики
Ареа-Нешто недостасува
Ареа-Дозволи ми
Влатко Стефановски-Gypsy song
Игор Џамбазов-Лектира
Игор Џамбазов-Колјо што го викаат поп
Игор Џамбазов-Диши Длабоко
Брејк-Во бестрага
Нокаут/Каролина-Од нас зависи
Џафер-Сонце за три светови
Верица-Галебе мој тажен
Зафир Хаџиманов-Како Вардар
Славе Димитров-Чија си
Олгица Христова-Свирете ја зајди,зајди
Владо Јаневски-Црно тиквешко
Владо Јаневски-Евергрин
Драган Мијалковски-Кажи нешто драга
Нина Спирова-Еден бакнеж
Калиопи-Бато
Маја Оџаклиевска-Многу солзи исплакав
Пеницилин-Цимер
Меморија-Оган под звездите
Лева патика-Неправда
Конкорд-Високи штикли
Бени и Нонстоп-По навика
Нокаут-Леат дождови
Нокаут-Ти си проблем
...
Легијата-1L
Green out-Фреквенции
Tonyo San-Одмазда
Tonyo San-Пријатели
RNS-Мојот народ
Страјк-Хипноза
Страјк-Од срце
Страјк-Кутија
Страјк-Дали ти значи
Страјк-Писмо
Страјк-Тие што знаат,знаат
Подземан ефект-Да ти ебу детство
Подземан ефект-Чист образ
Подземан ефект-Направи гу разлику
Герила-Рап театар
...
ТБ Трачери-Кога со Оскар Вајлд зборувавме за тебе
Bernays Propaganda-Убиј ме
Yudhistira-Maha mantra
Yudhistira-Vishnu suktam
Yudhistira-Maya...
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Поооо, поголем диктатор и од Груевски си станал. ОК, нема да ги има, само не се тепај одма!

Ете ми ја знаеш слабата точка. Тогаш, ако толку инсистирате сите да има, тогаш нека има, ама занемарлив број. Ако во изборов има 512 песни, песни со вајлд карта испеани од Македонци на странски јазик , нека има 20 да речеме.

Ма да јас сум повеќе за првичната опција, само на македонски.

Останати, шо мислете?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.125
Поени од реакции
57.552
Само на македонски испеани.
Јас и инструменталките би ги исклучил
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.820
Само на македонски нека бидат. Поедноставно е и нема шо да усложнуваме. Кисмет имаат и по некоја на македонски, пример ваа :cool:
А ако има странски сигурен сум дека ќе биде малечок бројот, па од друга страна и не е тоа некој голем проблем реално. Има бендови кои тежнеат кон звукот на другиве европски земји, како овие скопјаниве со Sun is gone и сл.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Само на македонски нека бидат. Поедноставно е и нема шо да усложнуваме. Кисмет имаат и по некоја на македонски, пример ваа :cool:
А ако има странски сигурен сум дека ќе биде малечок бројот, па од друга страна и не е тоа некој голем проблем реално. Има бендови кои тежнеат кон звукот на другиве европски земји, како овие скопјаниве со Sun is gone и сл.
На Златикевичиус проблем му се Кисмет, Беј д фиш, Ај кју, Фолтин, Фулиш грин и Тања Царовска.

Сите набројани имаат по некоја македонска песна. Ја мислам дека се може и без нивните англиски песни.

Ама затоа е и отворена темава од сеа, да ги сумираме правилата, за да не биде после требаше вака, требаше ова.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.820
Плус насловов е ,,Македонски звучи подобро" (по некоја логика странЦки е исклучен со насловов :D )

Јас сум еве да нема. Не дека ако има нешто ќе се смени многу, но пофацлесто е директ за македонцки да се гласа.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Плус насловов е македонски звучи подобро (по некоја логика странЦки е исклучен со насловов :D )

Јас сум еве да нема. Не дека ако има нешто ќе се смени многу, но пофацлесто е директ за македонцки да се гласа.

Тоа му го викам и ја. Покул е. Само македонски.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom