Македонски звучи подобро

Статус
Затворена за нови мислења.

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Едит, за консолидација на правилата :) :

1. Бројот на песни е 1024. За избегување на гужви и за да се избегне одолговечувањето на изборот, во првиот круг ќе имаме по два дуела. Понатаму ќе видиме.

Принципот - преполовуваме, ви е веќе познат и редоследот на дуелите (1 со 1024, 2 со 1023, 3 со 1022....) такоџе? Да се надеваме дека е така.(y)

2. Во едно денонќие имаме 2 дуели. Можете да гласате за двата, може за едниот, за ниту еден не може (значи мора да гласате). Можете да коментирате за песните, за изведувачите, да лобирате и се тоа до 19.45 кога се објавува новиот дуел.

3. Жирито (шо грд збор) е проширено и е во состав: Ја, Бо, Перо и близнаците. Нека дојде кој сака. Или во превод: ја, @Crazy in Love, @Zlatikevichius, @turvior и @Sky.

4. Во случај на реми, се договоривме. Во првиот круг жирито, понатаму гласовите кои песната си ги влече од претходните кругови.

5. Кликај болд при гласање, да не летаат песици!

6. Секој глас после 19.45 нема да се брои.

7. Кругот не е тркалезен. Се глеаме на крајот од тунелот:)
* Листата на песни и тековни дуели ТУКА



Пушти ги сетилата на дивеење!

Македонска музика, шуштење од душата на овој народ, хронична естетика, нафора, бескрај, бесконечност, непребол, непокор, неопфат, опуштени дојки, жонглирање со чувства, метеж од спомени, впивање на сонцето, експлозија на космосот, истенчена духовна преобразба, тишина на битието... Купишта од епитети, соништа, мноштво човечки судбини, сатирични рефлексии на секојдневието, интимни копнежи, многу исконско, многу модерно, многу рок, многу соул, многу хип хоп, многу етно... Многу се!

На овој народ се може да му земеш, но не можеш да го лишиш од култот кон музиката. Не за џабе и тетовската Менада џускала уште во VI век п.н.е.

Клише: „Во Македонија не се ни обидувај да заиграш или да запееш, затоа што секогаш ќе бидеш надигран и натпеан!“

Во минатото македонската музика била без стероиди. Таа била здивот на Македонецот. Дихотмијата е отсутна, затоа што музиката била и неговата молитва, сенка, трепет, надеж, немир, храброст, неговиот некорумпиран одраз во огледалото, бескомпромисен и брутален римејк на секојдневието.​

Денес, кога ќе се спомене македонска музика, сфаќаш дека географијата е само мит, а гравитацијата говна да јаде.

Таа се надмудрува со времето, без вулгаризација спиритистички општи со дамнината, ги прилагодува изгрејсонцата на твоите потреби, го амротизира шкрипењето на празнината, ги модулира чувствата.

Протоколот налагаше куртоазија и поклонување пред нашата музика на почеток. :D

А сега да се фатиме за работа :) Оваа тема е брат близнак на Ју кајгана песна. Како што можете да забележите листата сеуште не е составена. Но, мислевме дека е време да ја отвориме темава и да го слушнеме гласот на народот. Вашиот пулс, сугестии, мислења, предлози, ерекции...

Што нема да смениме:

1. Нема да се смени 24-часовниот формат на еден дуел и затворањето на темата во 19.45.

2. Болдирањето на песните при гласање, правило кое ревносно го почитувавте.

3. Тимот шо победува... Ја, @Crazy in Love, @Zlatikevichius за затворање на дуели и прогласување на нови, за убо, за арно.

4. @Io Sono Interista и екипата, за да добие на тежина изборов.

Што е ваша работа?

1. Да предлагате песни. (Секако сите предложени најверојатно нема да можат да влезат во конечната листа туку ќе бидат подложени на селекција).

2. Да предложите начин на кој ќе се одвиваат дуелите. За да не ни се случуваат лакрдии (пример од типот Јован Јованов Vs Анастасија) дали да ги организираме дуелите (херметички) поп со поп, рок до рок, етно крај етно, евергрини сами со себе, па после од најдобрите правиме лига на шампиони? Или да оставиме како што беше до сега. Дестини.

3. Што во случај на реми? Ние сеуште мислиме дека најдобрата варијанта е жири комисија (ја, Крејзи ин лав, Златикевичиус ко до сега), но ајде да ве слушнеме (овде имавте најмногу забелешки).

4. Колку песни од еден изведувач? Дали воопшто е потребно да имаме ограничување?

5. Дали Тоше Проески да биде вклучен во изборот? (Прашањето не е за негово маргинализирање, туку ко еден вид поклонување за се што тој преставува за Македонија).

6. Друго нешто да додадете? По дома арни?:)



Го ставам изборов на референдум. Кајганџии, вие сте на ред.:)

П.с Насловот на темата е украден од најавата за еден концерт на Архгангел. :)

П.П.С Темата најверојатно ќе биде отворена за предлози до 1 септември, по шо ќе се затвори и ќе се сумираат правилата и песните. Фала на пажња.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
+1 за идејата за херметички дуели

да предложам нешто

Кучето мое - Студени нозе

Јовано Јованке - Македонска народна

Чудесен свет - Архангел

толку да не претерувам :)

И мое мислење е Тоше да го оставиме настрана, бидејќи според мене нема да има објективно гласање кога негова песна ќе е во дуел.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Дарио - Косоока
Ана Костовска - Анушка
Kaмелеон - Дај ми љубов
Aре Брадрс Бенд - Ми треба љубов
Tри пати на ден - Тања
Трајче Манев - Осамен
Маријана и Росана - Признавам
Лидија Кочовска - Ти си тој
Бастион - Емил врати се
Автограм - Одам на југ
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Да ве замолам немојте со јуб туб варијанти на песните, да не се отежнува отварањето на темава. Доволно е со име и презиме :)
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Игор Џамбазов - Ова не е блуз
Влатко и Тамара - Гушни ме
Суперхикс - Графити Бој
Паркети - Бал (im srs)
Фолтин - Лолитату
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Сонце за три светови - Мики Јовановски Џафер
Розо моја - Ибуш Ибраимовски. Да, сериозен сум.
Да пукнеш, леле што ми направи - Арчи.
Дал да плачам - Биз Бес
Неправда - Лева патика
Сите мои слики - Ареа
Глупави песни - Суперхикс
Како Вардар - Зафир Хаџиманов
Осамен - Трајче Манев
Моја гитара - Гиш
Почесна стрелба - Мизар
Чија си - Славе Димитров

Ај доволно е, и другите да имаат прилика.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Поп Дизајн - Дајте ги рацете
Цики - Во кого ли си вљубена
Ерзана - Ноќна кралица
Игор Узунов - Ми требаш како молитва
Кристијан Габровски - Пак
Maгија - Магија
Нови дечки - Забава до бесвест
Мартин Вучиќ - Муза
Сашо - Пијан и млад
Врчак & P.S - Повторно сам
Нулта Позитив – Мара
Искра Трпева - Допри ме
Угро - Знам дека си ти
Жаклина Стефковска - Писма неотворени
Даскал & Сања Ѓошевска - Дежаву
Ристо Самарџиев & Питер џон Босе - Паричка
Багаж - Името твое
Ластовица - Корпичка
Суперхикс - Песни глупави
Дуле и Коки - Виолина и гитара
Студени Нозе - 50 Марки
Студени Нозе - Ти си проблем
Тијана & Брејк - Љубов моја
Студени Нозе - Во парк
Студени Нозе - Кучето мое (колку и да е луд Сури, заслужуваат момците 3 песни барем тука)
Kуку Леле - Кучка Неверна
Aнастасија - The Circle Is Not Round
Анастасија - Time Never Dies
Кирил Џајковски - Primitive Science
Bei The Fish - Livin' In A Box
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Зарем и народњаци ќе има во дуелов ?
Предлози за песни и општо околу изборот од мене, подоцна. Ме мрзи да пишувам подолги постови од телефонЧЕво :(
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Зарем и народњаци ќе има во дуелов ?
Предлози за песни и општо околу изборот од мене, подоцна. Ме мрзи да пишувам подолги постови од телефонЧЕво :(

Народњаци, па не баш. Да се концентрираме на она другото :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Така и си мислев, но во предлозиве видов и народњак, па да си прашам јас :)

Ја бутнав песната, со знаење дека нема да биде прифатена, зашто ми е омилен народњак. :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Според мене убаво е да се издвојат песните по жанрови, па после најдобрите од секој жанр се соочуваат со другиот жанр и така ќе видиме дали македонците по им лежи некоја култна песна на Архангел или Мизар или некоја тралалајка на Тоше или Нокаут, во поп жанрот сметам дека треба да биде вклучен и Проески заедно со другите поп изведувачи, нема потреба за него да се прави посебен жанр ниту пак да се изостави од изборот (тоа не би било логично). Само до која година е лимитот на песните?

И предлагам песните што беа во изборот на другата тема што не се отпеани на македонски, а се од македонски групи да не се ово овој избор.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom