Македонски борци

Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Сите македонски синови кои во тоа време беа спремни после предавството во 2001 што ни се случи на се за да се исправи неправдата и лошата слика што ја претстави Хари Костов и остала багра кои слушаа се што ќе им кажат Солана, Пердју,Леотар и компанија со цел да воспостават т.н. нов поредок во држава беа ликвидирани зошто знаеа колку е голема нивната љубов према татковината и дека се спремни и живот да ризикуваат само да останат доследни до каузата за што се бореле ! Господ ќе ги казни педерчињата во канцеларии после 2001 за се што направија на нивните фамилии...
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Генерал мајор Панде Петровски (1943 - 2006)
Македонската влада (тогашниот министер Лазар Китановски) во 1998 потпиша договор со МПРИ (таканаречена организација на пензионирани воени професионалци ) за реорганизирање на АРМ, по препорака (читај притисок) на фашистичката НАТО.
Нивниот 'план' беше 'реорганизација' на АРМ како армија со една лесна пешадиска бригада, два лесни баталјони, без специјални единици, без оклопни единици, без артилерија и воздухопловство.Заедно со тоа и десеткратно намалување на составот од тогашните 120.000 припадници.Генералот Петровски, заедно со тогашниот министер Никола Кљусев во 1999 година (во време на кризата на Косово) беа луѓето поради кои ваквиот план не е прифатен.За илустрација, овие МПРИ беа протерани од Хрватска и од Словенија во време за и после нивните војни / отцепувања од Југославија.
Очигледна е заднината на целиот тнр.проект на МПРИ во очи на почетокот на војната во 2001-ва година.
На 26-ти Декември 1999 година, е представен планот за реорганизација на АРМ од страна на Петровски и тогашниот нов министер Кљусев.
После неколку дена, Петровски од медиумите дознава дека е пензиониран.

По згуснувањето на воените дејства во 2001-ва, Петровски е одново вратен во АРМ на генералска позиција.Во текот на сите воени активности се соочува со работење зад грб, криење на податоци и притисок од дома и надвор.По нападот во Карпалак, дава оставка на позицијата од морални причини, а истотака и поради сомневања дека настанот на 8-ми Август 2001-ва е режија.
После пензионирањето ја најавува книгата Сведоштва 2001, а многу брзе после ова е повреден во мистериозна сообраќајна несреќа.
Книгата е издадена на крајот на Септември 2006 година, а Петровски ненадејно умира на 31 Декември истата година кратко после најавата за втор дел од книгата.
Очигледно на многу луѓе им беше трн во очи неговата книга.
Едно квалитетно интервју со Петровски http://www.makedonskosonce.com/broevis/2006/sonce643.pdf/12_17_intervju.pdf

Роден во село Живојно, Битолско.Командант на првите македонски одбранбени сили по осамостојувањето на РМ, командант на борбените македонски сили во конфликтот во 2001 г. меѓу македонската војска со албанските терористички
групи.
Генерал Петровски стратегот на операцијата за ослободување на Арачиново, во својата книга "Сведоштва 2001" изјавува дека македонските сили биле пред конечна победа.


Во дел од книгата Сведоштва 2001 објаснето е за притисокот од фашистичката НАТО
Кажи ми дали знаеш кај може да ја најдам книгава???
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Музиката е хрватска и оригинално е наменета за Анте Готовина, овде е со друга личност ама приказната е слична.
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51


... Никогаш да не се заборави,
Кои беа?
Чии жртви станаа,
Зошто со отворени очи остана ...
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723

Методи Хаџи-Јанев

Методи Хаџи-Јанев завршува Воена академија како еден од тројцата најдобри питомци во генерацијата. Во 2003 г. магистрира на Правниот факултет во Скопје на тема "Тероризмот во меѓународното право и институции за негово спречување". Во 2008 г. завршува Командноштабна академија како најдобар интернационален
студент во САД. Има завршено повеќе курсеви за контратероризам во Велика Британија, САД и Турција. Во 2004 г. завршува курс за лидери на XXI век на Колеџот за безбедносни студии "Џорџ Маршал" во Германија. Во
2003 г. е командант на првиот контингент кој замина во мисија во Ирак. Својата академска надградба ја продолжува на Правниот факултет, каде како надворешен соработник го предава предметот Меѓународно хуманитарно право, а со одлука на Наставничкиот совет од 2007 г. е докторант по меѓународно право. ...

За престојот во Ирак ја пишува книгата Слобода за Ирак - патот кон вавилон .. интересни работи се случуваат таму и он завршува(со неговата единица) со највисоки одликувања од САД за работите којшто ги направиле ...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Дел од командниот состав на Единица за брзи интервенција Лавови жртви на заседи, местенки и режирани убиства
Марјан Маркоски - Мачето (Прилеп) , Горан Георгиевски - Мујо (Куманово) (горе)​
Сашо Лазаревски - Брада (Битола), Драган Кимовски - Драгче (Куманово) (долу)​
 
B

Black Guard

Гостин
Слава им!

(иако господинот Петровски, кој длабоко го почитувам, има многу претерано кога во неговата книга вели дека забележале италијански авиони на радар... па какви тоа футуристички радари/сателити имавме ние? :D)
Не ти треба футуристички радар за детекција на летало...еве на пример "невидливиот" кој го соборија србите беше детектиран од расар стар 30 години мислам П-12.
--- надополнето: 5 март 2012 во 20:31 ---
Вечна им слава на Македонските борци, само да можат да подѕирнат за што загинаа :place:
Да можат да видат на кое дереџе се доведени нивните соборци, колку државава си поигра со нивните животи и углед, колку само ги измалтретираа и омаловажија....само затоа што си го бранеа своето парче земја. Бранителите ги бркаат од работа за да се вработат оние кои ја нападнаа Македонија.:(
И Амнестијата на злосторот која ја изврши вмбло и луи за да владеат.
 

shady3

Никогаш не вели никогаш..
Член од
22 февруари 2009
Мислења
110
Поени од реакции
61
Не ти треба футуристички радар за детекција на летало...еве на пример "невидливиот" кој го соборија србите беше детектиран од расар стар 30 години мислам П-12.
--- надополнето: 5 март 2012 во 20:31 ---
На растојание од повеќе стотици километри? Ти треба и тоа како. Србите го детектираа Ф-117ката над нив, не во Италија.
 
B

Black Guard

Гостин
Де најди ми радар кој ќе детектира летало од тука еве од скопје па до Рим???
 

shady3

Никогаш не вели никогаш..
Член од
22 февруари 2009
Мислења
110
Поени од реакции
61
Па за тоа зборувам. Тоа се современи радари кои ние ни во 2001 ги имавме, ни сега ги имаме.
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Слава им!

(иако господинот Петровски, кој длабоко го почитувам, има многу претерано кога во неговата книга вели дека забележале италијански авиони на радар... па какви тоа футуристички радари/сателити имавме ние? :D)
Цитат од „Сведоштва 2001“ (стр. 110):
„...Бригадниот генерал Звонко Стојановски, командант на Воено воздухоплоство и Противвоздушна одбрана, ме извести дека на радар се фатени 6 авиони ловци бомбардери кои имаат курс од Италија преку Албанија кон Р. Македонија...“

Човекот е темелен и базира сѐ на податоци и факти. Во овој случај, цитира што му било кажано. Дали може некој да потврди (и докаже) дека не сме можеле да детектираме?
Но, исто можно е да е сервирана информација (како што направиле некои „пријателски“ разузнавачки служби) со цел да се исплашиме што побрзо. Да не избрзуваме дека „претерал“ затоа што е многу можно и веројатно да е вистина.
Кој не ја прочитал книгата на Генерал Панде Петровски, не може да има реално познавање на состојбата во 2001 и многуте околности (велепредавства) што се извршени.
Тој тврди дека „војната“ (не е ни прогласена војна, а е класична агресија од туѓа територија (протекторат на ООН, Косово)) не сме ја изгубиле на терен, туку под многу сомнителни околности, се одлучуваме да потпишеме р.д. како кулминација; сето тоа потпомогнато од внатрешни елементи и од надворешен „режисер“.

Секоја чест за бранителите на Македонија. Дали некогаш ќе дочекаме да одговараат тие кои ги издаваа информациите (рути, акции, ...) на терористите?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
На денешен ден, 4-ти Април 2004 година околу 00:45, е ликвидиран Горан Георгиевски - Мујо (2.12.1969), еден од командантите на единицата Лавови од страна на Горан Стојковски - Линка.Мујо е крвнички ликвидиран со 8 куршуми од зад грб.

Горан Георгиевски - Мујо (1969-2005)
.
Роден на 2-ри Декември 1969-та година во Куманово.
Прекарот Мујо му го дал неговиот дедо,првоборец од Кумановскиот партизански одред.Бидејќи како мал,Горан бил многу ситно и слабо дете,кое постојано негде трчало и паѓало,дедо му на шега му викал дека е како "мујче". Со оглед на тоа што во Куманово речиси нема човек што нема прекар,децата кои неколкупати го слушнале дедо му како му вика "мујче",го презеле тоа и го прекрстиле Горан во Мујо. Тој прекар му останал цел живот,а му беше напишан и на крстот.
За многумина е карактеризиран како криминалец.
Етикетата ја има заработено кога во 1990 година предизвика тепачка со офицери на ЈНА кои ги демонтираа и празнеа македонските касарни.Мујо работеше во Царина.
Во 1995 година тој и неговите другари излегуваат на протест со црвени баретки и ја поддржуваат Македонската национална партија.Тогашната власт ова го карактеризира како криминал, тие се приведени во полиција и претепани, а на дел од нив им се залепени криминални етикети.
Нему истотака му има тргнато пик шефот на кумановската полиција и провокациите,обидите да го компромитираат до денешен ден не престанале.
Од 1995-та тој и неговите истомисленици постојано се вознемирувани од тајните служби.Истата година заминува да живее во Јужна Африка.
Единица Лавови
Поради воените и полициски дезертерства и неодзивање на позив за регрутирање имаше потреба во 2001 година од формирање на антитерористичка единица,која беше наречена Лавови.Системот на регрутација во специјалната полициска единица Лавови беше на база на доброволци.Во 2001-ва година ,Георгиевски се враќа во Македонија за доброволно да пристапи во оваа единица и да се бори за својата татковина.
Веројатно на многумина им беше трн во око и во 2004-та, неколку месеци пред својата смрт е ставен на црната листа на ФСАД заедно со Генералот Горан Стојков.
Насилно распуштање на Единицата Лавови под притисок на надворешните и внатрешните непријатели.Денес поднесов неотповиклива оставка како командант на "лавовите", од три причини: морална, безбедносна и социјална. Како прво, не можам да учествувам во непристојните методи што се употребуваат за растурање на единицата. Од мене се бара да отпуштам 960 полицајци, а мал дел и понатаму да останат на работа, што ќе предизвика раздор и неслога меѓу соборците кои до вчера заедно го ризикуваа животот за земјата. Од безбедносен аспект, сметам дека не смее да биде распуштена најдобрата единица која многу даде за својата татковина. И како трето, од социјален аспект, илјада луѓе ќе останат на улица без работа, а од друга страна во МВР се вработуваат поранешни терористи - изјави Горан Стојков.
Како и многу други негови соборци (Диме Ицковски- Поштар, Никола Мојсоски - Кољо, Орце Коруновски итн.)и македонски патриоти од времињата кога сме биле под турска , бугарска,италијанска,балистичка или српска управа е кукавички убиен од зад грб на 4 Април 2005 година.Дали тој и другите беа потребни (искористени) само за одбрана на земјата, а подоцна беа убиени на мизерен начин ?
...'Сведокот на обвинението, Љупчо Мицевски-Бељур, кој е очевидец на убиството,на вчерашниот судски процес во Куманово ги негираше речиси сите искази на сведоците на обвинетиот,тврдејќи дека Мујо е убиен од зад грб со седум-осум истрели од пиштолот'...
16 октомври 2006
..."Кога почна војната ние ги оставивме нашите семејства,за да се бориме.Во она време во Македонија имаше многу "комити" и "партизани"што пееа песни и сечеа вени по кафани.Беа поголеми од нас кои отидовме и бевме онаму каде што тие не смееа ни да помислат да отидат.Кога гледаме како не третираат и шиканираат од политичари до медиуми,срцето ми е некако празно.Се чуствувам повредено и изневерено зашто во оваа наша држава се искривува вистината.Ги гледам луѓето во очи,оние кои не оговараат и напаѓаат,и забележувам дека ми го избегнуваат погледот.Тие се свесни што ни прават,ама не знам дали знаат оти со тоа се омаловажуваат и негираат"...
Изјава на Горан Мујо за неделното списание Фокус на 27 јуни 2003 година.

Вечна им слава на сите загинати бранители.

Одмазда во Куманово: Застрелан Горан Стојковски-Линка
Дали ќе дочекаме некогаш ваква вест и за наредбодавачите?

Почивај во мир
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.903
Поени од реакции
8.482
Добро е вака коа криминалците ќе се кријат зад знамето на патриотизмот, па дури и ќе ги претставуваат како херои кои иако повеќе го тероризирале својот народ.

 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Страшно само колкав култ се направи од Мујо..:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom