На денешен ден, 4-ти Април 2004 година околу 00:45, е ликвидиран Горан Георгиевски - Мујо (2.12.1969), еден од командантите на единицата Лавови од страна на Горан Стојковски - Линка.Мујо е крвнички ликвидиран со 8 куршуми од зад грб.
Горан Георгиевски - Мујо (1969-2005)
.
Роден на 2-ри Декември 1969-та година во Куманово.
Прекарот Мујо му го дал неговиот дедо,првоборец од Кумановскиот партизански одред.Бидејќи како мал,Горан бил многу ситно и слабо дете,кое постојано негде трчало и паѓало,дедо му на шега му викал дека е како "мујче". Со оглед на тоа што во Куманово речиси нема човек што нема прекар,децата кои неколкупати го слушнале дедо му како му вика "мујче",го презеле тоа и го прекрстиле Горан во Мујо. Тој прекар му останал цел живот,а му беше напишан и на крстот.
За многумина е карактеризиран како криминалец.
Етикетата ја има заработено кога во 1990 година предизвика тепачка со офицери на ЈНА кои ги демонтираа и празнеа македонските касарни.Мујо работеше во Царина.
Во 1995 година тој и неговите другари излегуваат на протест со црвени баретки и ја поддржуваат Македонската национална партија.Тогашната власт ова го карактеризира како криминал, тие се приведени во полиција и претепани, а на дел од нив им се залепени криминални етикети.
Нему истотака му има тргнато пик шефот на кумановската полиција и провокациите,обидите да го компромитираат до денешен ден не престанале.
Од 1995-та тој и неговите истомисленици постојано се вознемирувани од тајните служби.Истата година заминува да живее во Јужна Африка.
Единица Лавови
Поради воените и полициски дезертерства и неодзивање на позив за регрутирање имаше потреба во 2001 година од формирање на антитерористичка единица,која беше наречена Лавови.Системот на регрутација во специјалната полициска единица Лавови беше на база на доброволци.Во 2001-ва година ,Георгиевски се враќа во Македонија за доброволно да пристапи во оваа единица и да се бори за својата татковина.
Веројатно на многумина им беше трн во око и во 2004-та, неколку месеци пред својата смрт е ставен на црната листа на ФСАД заедно со Генералот Горан Стојков.
Насилно распуштање на Единицата Лавови под притисок на надворешните и внатрешните непријатели.Денес поднесов неотповиклива оставка како командант на "лавовите", од три причини: морална, безбедносна и социјална. Како прво, не можам да учествувам во непристојните методи што се употребуваат за растурање на единицата. Од мене се бара да отпуштам 960 полицајци, а мал дел и понатаму да останат на работа, што ќе предизвика раздор и неслога меѓу соборците кои до вчера заедно го ризикуваа животот за земјата. Од безбедносен аспект, сметам дека не смее да биде распуштена најдобрата единица која многу даде за својата татковина. И како трето, од социјален аспект, илјада луѓе ќе останат на улица без работа, а од друга страна во МВР се вработуваат поранешни терористи - изјави Горан Стојков.
Како и многу други негови соборци (Диме Ицковски- Поштар, Никола Мојсоски - Кољо, Орце Коруновски итн.)и македонски патриоти од времињата кога сме биле под турска , бугарска,италијанска,балистичка или српска управа е кукавички убиен од зад грб на 4 Април 2005 година.Дали тој и другите беа потребни (искористени) само за одбрана на земјата, а подоцна беа убиени на мизерен начин ?
...'Сведокот на обвинението, Љупчо Мицевски-Бељур, кој е очевидец на убиството,на вчерашниот судски процес во Куманово ги негираше речиси сите искази на сведоците на обвинетиот,тврдејќи дека Мујо е убиен од зад грб со седум-осум истрели од пиштолот'...
16 октомври 2006
..."Кога почна војната ние ги оставивме нашите семејства,за да се бориме.Во она време во Македонија имаше многу "комити" и "партизани"што пееа песни и сечеа вени по кафани.Беа поголеми од нас кои отидовме и бевме онаму каде што тие не смееа ни да помислат да отидат.Кога гледаме како не третираат и шиканираат од политичари до медиуми,срцето ми е некако празно.Се чуствувам повредено и изневерено зашто во оваа наша држава се искривува вистината.Ги гледам луѓето во очи,оние кои не оговараат и напаѓаат,и забележувам дека ми го избегнуваат погледот.Тие се свесни што ни прават,ама не знам дали знаат оти со тоа се омаловажуваат и негираат"...
Изјава на Горан Мујо за неделното списание Фокус на 27 јуни 2003 година.
Вечна им слава на сите загинати бранители.
Одмазда во Куманово: Застрелан Горан Стојковски-Линка
Дали ќе дочекаме некогаш ваква вест и за наредбодавачите?
Почивај во мир