- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.098
- Поени од реакции
- 9.903
За да не ја полнам темава за македонски филмови со новости за нашиве актери, нека оваа тема биде само за македонските актери, без разлика дали играат на филм, серија или во театар. Во темава пишувајте за нови актерски ангажмани, како ви се допаднала изведбата на некој актер во одреден филм, серија или претстава, зошто мислите дека е одличен актер итн...
Како што веќе споменав и во темава за македонски филмови, новост од Србија е дека Тони Михајловски ја игра една од главните улоги во серијата „Црна свадба“. Се работи за психолошки трилер со елементи на мистерија и хорор. Серијата моментално се снима, а покрај Тони, во главните улоги се и Уликс Фехмиу, Никола Којо, Јелена Ѓокиќ и Славко Штимац. Премиерата е планирана за пролет 2021 г.
Во Бугарија, моментално се снима филмот “В с'рцето на машината”, а во една од главните улоги ќе го видиме и нашиот Игор Ангелов (Коста од „Преспав“). Филмот е затворски трилер, а покрај Игор, една од главните улоги ја игра и Александар Сано (познат кај нас како Кос'ма од бугарската серија „Под прикритие“). Премиерата се очекува за есен 2021 г.