Македонски актери/актерки

Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.579
Поени од реакции
4.149
За да не ја полнам темава за македонски филмови со новости за нашиве актери, нека оваа тема биде само за македонските актери, без разлика дали играат на филм, серија или во театар. Во темава пишувајте за нови актерски ангажмани, како ви се допаднала изведбата на некој актер во одреден филм, серија или претстава, зошто мислите дека е одличен актер итн...

Како што веќе споменав и во темава за македонски филмови, новост од Србија е дека Тони Михајловски ја игра една од главните улоги во серијата „Црна свадба“. Се работи за психолошки трилер со елементи на мистерија и хорор. Серијата моментално се снима, а покрај Тони, во главните улоги се и Уликс Фехмиу, Никола Којо, Јелена Ѓокиќ и Славко Штимац. Премиерата е планирана за пролет 2021 г.

Во Бугарија, моментално се снима филмот “В с'рцето на машината”, а во една од главните улоги ќе го видиме и нашиот Игор Ангелов (Коста од „Преспав“). Филмот е затворски трилер, а покрај Игор, една од главните улоги ја игра и Александар Сано (познат кај нас како Кос'ма од бугарската серија „Под прикритие“). Премиерата се очекува за есен 2021 г.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Имам чувство дека имаме хипер-продукција на глумци. Мој впечаток, можеби грешам.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.255
Поени од реакции
7.459

Ја па обратно. До пред некоја година во секој филм/серија све едни исти актери гледавме. Добро е што се пробиваат нови ликови.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ја па обратно. До пред некоја година во секој филм/серија све едни исти актери гледавме. Добро е што се пробиваат нови ликови.
Во филмовите/сериите кои се малку на број се претежно исти глумци, ама не дека нема други.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.579
Поени од реакции
4.149
Во време кога во Србија се снимаат/снимиле околу 50 серии за престојната сезона, срамота е да чекаат шанса во тие неколку филмови што се снимаат кај нас. А многупати досега се покажало дека кога ќе излезат во некој проект надвор од земјава, добиваат на значење и овде.

Уште една новост има од Србија, главната улога на Софка во серијата „Нечиста крв“ ја игра македонската актерка Сара Сандева. Непознато име кај нас, зашто девојката живее во Чешка и досега играла во десетина филмови/серии во Чешка. Ова ќе и биде прва улога на Балканот, ако се занемари улогата во едно студентско филмче на Георги Унковски.
 
Мислам дека македонските актери премногу очекуваат од државата. Да ги вработи, да им дава добри плати, итн... Не е лошо самите да продуцираат проекти (претстави) со по неколку лика, да настапуваат и да обезбедат дополнителни примања. Државата би можела да им помогне со евтини или бесплатни сали/бини. Колку ли само има глумци кои примаат плата, а со години не играле претстава, без разлика по чија вина.
 
Тоа ми е муабетот другар, очекуваат. Очекуваат да ги викне некој во филм, во претстава, они се големи глумци, не идат по аудиции, тоа им е испод чест, чекаат некој да ги викне. Секоја чест на исклучоци, ама огромен број од нашиве глумци се вакви.

Наместо ко дечкиве од „Копање“ сами да се организираат, тие дремат, државата им е крива. Тројца глумци (Гораст, Ивица и Александар) си се договориле, текстот од претставата што ја играле во МНТ го снимиле на филм, не чекале средства од државава, не чекале повик од некој, сами сработиле нешто.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.255
Поени од реакции
7.459
Во време кога во Србија се снимаат/снимиле околу 50 серии за престојната сезона, срамота е да чекаат шанса во тие неколку филмови што се снимаат кај нас. А многупати досега се покажало дека кога ќе излезат во некој проект надвор од земјава, добиваат на значење и овде.

Уште една новост има од Србија, главната улога на Софка во серијата „Нечиста крв“ ја игра македонската актерка Сара Сандева. Непознато име кај нас, зашто девојката живее во Чешка и досега играла во десетина филмови/серии во Чешка. Ова ќе и биде прва улога на Балканот, ако се занемари улогата во едно студентско филмче на Георги Унковски.
Moжеме да се носиме рамо до рамо и со тој пролифичен модел на Србија а и на Бугарија, само ако државава увидеше дека сите овие работи вредат многу повеќе отколку што сега сметаат дека вредат. И од претходната власт и сегашнава, културава само ни тоне. Да не зборам па поедино за филмска/сериска продукција. Види кој мизерен буџет има, а не па како се дели и кај кого.

За другово инаку сте во право за тие што чекаат покана. Секаде во светот аудициите се правило а не исклучок, дури познати актери ветерани се уште аудицираат за улоги, не секогаш агентите им ги ловат, а не па далеку понепознати актери. И не е само со актерите проблемов, општо со многумина што се занимаваат со филм од другиве бранши. Некои ради тој еготрип, други се во бед позиција затоа што сметаат дека тука без буџет не може ништо квалитетно да се направи. Не дека се право или го грешка, ама тој е отприлика процесот на рационализација кој го користат.
 
Види парите што се доделуваат од Филмскиот фонд, никогаш нема да се доволни. За тоа колку правилно се распределуваат муабетевме нашироко во темана за македонски филмови.

Не е за тука ни следниов муабет, ама немаме општествено одговорни компании. Додека кај нас се се чека од државата, т.е. од џебот на народот, во таа пролифична Србија, Телеком спонзорира снимање на едно 20 серии моментално, ВИП е целосен покровител на проект за реставрација на стари филмови. Што добро имаат направено за македонската култура, ВИП и Телеком?!

Да не одиме надвор од темава, генерално и кога имаат шанса нашиве актери да направат нешто, се глупираат и прават одлуки што разумен човек не би ги направил.

Во едно интервју, ако не грешам во Еден на еден беше, Дејан Лилиќ кажува дека по премиерата на рускиот филм на Серебреников имал доста понуди за снимање во Русија и можел да направи кариера, ама он си го одбрал директорското столче во МНТ.

Тоа доволно говори за колку нашиве актери се борат да снимат нешто и да направат кариера.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.313
Поени од реакции
7.224

Мислам дека за одење надвор, барање понуди надвор и слично, повеќе младиве актери треба да се ангажираат. Лилиќ тука има семејство, има деца (сеуште релативно мали), жена му тука работи и има кариера, малку е потешко за човек што тука му е се, да се нафати да оди во Русија да снима ако тука е добро ситуиран. Мене барем не ми е толку ненормално тоа што Лилиќ одбил да снима во Русија од аспект на тоа дека е семеен човек и веќе има солидна работа тука.
 
Филмот за кој зборам е излезен пред 8 години. Таква шанса добиваш еднаш во живот и веќе никогаш. Работата е што не бил амбициозен доволно и нејќел да ризикува. Поарно му било во фотелја да седи тука, отколку да прави кариера таму.

А за семејство, имам еден куп роднини и пријатели што истотака се семејни луѓе, ама за да обезбедат уште повеќе за своите семејства, заминале да работат по Русија, Германија, Либија...
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Па не е само културата дејност, па само нејзе да и се дава. Секој би побарал дотација од државата, па и „банални“ професии, зошто уметниците и културата да се толку привилегирани? Мора да се развива менаџментот кој ќе брка пари, спонзори, ќе ангажира лица. Ај сега да им се направат платите на глумците по 1500 евра од буџетот. Па исто ќе сакаат сите.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
14.137
Поени од реакции
22.185
Леле Сароооооо каде со таа маичка бе срцуш. И после не била лезбејка/феминаци/dad complex...
 
На врв Bottom