Македонските Тв канали без фудбал - 2013/2014 година ....

  • Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.470
Се смени што тогаш немаше закони и имаше можност да ги крадат од сателит..
Сега ме утеши, ќе си седнам да изгледам некоја реприза на турско индиска бљувотина, за да не го кршам законот.
Закон и тогаш имаше, ама имаше и телевизии кои сакаат според законот да им пружат на гледачите задоволство за возврат на парите од рекламите. Сега не мораат да пружат квалитет бидејќи парите и вака и така владата ќе им ги даде, макар имале и 0,001% промили гледаност.
--- надополнето: 25 август 2013 во 12:08 ---
Впрочем и туѓа национална лига не може да биде за општо добро на една држава.

А туѓи сапунски серии можат?
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Кај нас едвај права за репрезентации земаат а не па за цели лиги.Алфа и МТВ кај само донекаде се ангажираат за купување некакви си права за спорт.Реално не ни сакам Канал 5 и Сител да пренесуваат нешто,Моментално само Серија А не е достапна,друго се има на Спорт Клуб и Еуроспорт а што се однесува до мене така и нека остане.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Зашто ниту еден канал не ја пренесува кошарката како ги тепаме грците и германците?!?
Не е се до парите така се научија завладеа некој МЕДИУМСКИ МРАК :pos: со самите МЕДИУМИ,Приметувате ли дека и другите содржини ги скинаа да гледаш документарец,забавна програма,премиера филм и просто невозможно
Целата работа е што се научија со овие глупави турски серии да плакаат малце,а да си остваруваат профит
Da baras fudbalski prenos od mk televizii vo 21vi vek e isto ko da se simnes od konj na magare. A zasto bi?
а што е работа на една тв куќа? да се нарекува само телевизија или да пушти нешто квалитетно
 

kjara

Самовилата
Член од
1 март 2007
Мислења
666
Поени од реакции
1.424
Заборавивте да кажете дека на времето А1 ги правеше најдобрите преноси на NBA со најдобриот коментатор на сите времиња Љубомир Николовски! :love:
Да ти е мерак да не спиеш по цели ноќи само за да гледаш утакмици до 6 саатот сабајле.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Кај нас репрезентациите не ги даваат не па странските лигите. Посебно ракомет и кошарка, спортови во кои сме најуспешни. На фудбалот му се обрнува преголемо внимание и му се дава преголемо значење, Македонија ниту била ниту некогаш ќе биде нешто во фудбалот. Тоа на страна, туку само МТВ е за почит за тоа како функционира и како јавен сервис, целосно се реорганизираа што не може да се каже за другите телевизии. Пренесување на шампионат не е само да даваш слика на 2 минути пред да почне мечот, или со 5 минутно закаснување туку да има добро разработена програма, со емисии и се што е пропратно да речеме за останатите балкански држави и телевизии.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.025
Поени од реакции
7.746
Сега ме утеши, ќе си седнам да изгледам некоја реприза на турско индиска бљувотина, за да не го кршам законот.
Закон и тогаш имаше, ама имаше и телевизии кои сакаат според законот да им пружат на гледачите задоволство за возврат на парите од рекламите. Сега не мораат да пружат квалитет бидејќи парите и вака и така владата ќе им ги даде, макар имале и 0,001% промили гледаност.
--- надополнето: 25 август 2013 во 12:08 ---



А туѓи сапунски серии можат?
ПАРИ друже пари нема...ѓупците од Индија ќе ги земи за 3-4 илјади евра и ќе му ги пушта две години
а за премиер лига треба да оддели неколку милиончиња...евра и тоа и да ги пушта само за викенди.
Сега е тешко и да се откупат, замисли сега треба да го натплати Спорт клуб за да му ги лапни правата.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
:LOL:
Ало бре, па пред 10-15 години ги гледавме бесплатно сите добри фудбалски лиги, да не спомнувам добри филмчиња, порки на амазон после 12.

Што се смени од тогаш до сега па да мора да плаќаме?
Газдите на телевизиите сега сакаат да лапаат народни пари преку државни реклами а нејќат да инвестираат денар за некое општо добро.

До сега чат пат гледав Мк телевизии, од утре ги бришам сите Мк канали (and I mean it seriously) .
Телевизиите, глобално, на светско ниво се сменија. Речиси секоја држава доби своја подружница на Еуроспорт и СпортКлуб, се појавија Тринг, Арена, ти реков, ми рече. Се појавија спортски телевизии, земаа замав на успешност и ги потиснаа националните.

Македонија е утепана за да има барем една таква подружница на свој јазик. Ем мал пазар, ем мали средства. Мислам дека тука некој отвори спортска телевизија треба да биде свесен дека ќе работи со загуба. Имаше на времето една Канал4 или како беше нели? Не издржа долго.

А и народов тука дупи. Кога имаше спорт на македонскиве телевизии плачеа како биле срање преносите и дркаа на преностие на РТС, ХРТ, ОБН итн. Епа другари, сакавте тогаш, глеајте.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.470
ПАРИ друже пари нема...
Паре нису проблем, паре има и тоа милиони евра секоја година

http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/84178/vladata_godishno_plakja_39_milioni_evra_za_reklami_vo_odredeni_mediumi_!.aspx?iId=2743
--- надополнето: 25 август 2013 во 12:41 ---
Македонија е утепана за да има барем една таква подружница на свој јазик. Ем мал пазар, ем мали средства. Мислам дека тука некој отвори спортска телевизија треба да биде свесен дека ќе работи со загуба. Имаше на времето една Канал4 или како беше нели? Не издржа долго.
Ок ти е анализава, ама забораваш дека националните со милоните евра државни пари плус уште нешто реклами можат да откупат добри првенства и пак да бидат во позитива.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
:LOL:
Ало бре, па пред 10-15 години ги гледавме бесплатно сите добри фудбалски лиги, да не спомнувам добри филмчиња, порки на амазон после 12.

Што се смени од тогаш до сега па да мора да плаќаме?
Газдите на телевизиите сега сакаат да лапаат народни пари преку државни реклами а нејќат да инвестираат денар за некое општо добро.

До сега чат пат гледав Мк телевизии, од утре ги бришам сите Мк канали (and I mean it seriously) .
Епа тогаш да откупиш права за пренос биле многу поефтини,а сега еве пример мислим дека за да гледаш Премиер Лига,треба да платиш милион ипол евра:eek:.Епа ти сеа види која наша тв е е спремна да си го дозволи овја луксуз,така да почните да се навикнувате на тоа дека нема да гледамо светски фудбал на нашите тв канали.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.025
Поени од реакции
7.746
Паре нису проблем, паре има и тоа милиони евра секоја година

http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/84178/vladata_godishno_plakja_39_milioni_evra_za_reklami_vo_odredeni_mediumi_!.aspx?iId=2743
Го тупиш и ти малку...што кур па државата да ти откупва Сериа А или не знам шо....
Пак ќе ти речам не се доволно моќни да откупат моментално(да му земиш права на Спорт клуб или Еуроспорт) ниту е можно телевизија во Македонија да има толку пари..Ѓупските и Српските срања му се евтини.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
ќе ви заштедат време таман, нема радост од тв гледање :)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Битно уште ќе ги има сериите што го потресоа Балканот од Индиско и Турско производство. Шо се секирате?
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.365
Поени од реакции
6.372
Првиот пост. На македонските телевизии КАКО да не им е гајле. Па не им е гајле бе....
Си праат пари со турски серии кур ги боли. Се додека имаат гледаност на турски серии ќе ви даваат турски серии, зјапајте, глеајте бате онур дали прднал или баба фикрие дали се одмочала. Шо сакаат тоа ќе праат, само не се они криви, воопшто не се криви, и треба да го разберете тоа. Законот им го дозволува тоа. Султан сулејман наместо турска серија е заведен како документарна емисија, да научиме кој султанов слуга бил чкопан и на која султанот највеќе и го опирал.... И се додека радиодифузија си го лади курот со народот се така ќе биде. И не е само за фудбалот работата, за се е на телевизија што оди и што не оди. Програмскиве шеми се заокружени на турски серии, реклами и вести. Со исклучок на телма што нема турски серии ама има нискобуџетни филмови од 80тите години доволно за да прикажува до крајот на 2200 година.
 
B

BooBojan

Гостин
Таква е ситуацијата,сите гледаат профит,тоа е кога живееме во ваква мувла држава.
Ние не знаеме да живееме,и сакаме да имаме добра телевизија.Во Европа се знае дневно максимум се гледа 2 саати телевизија.
Во работни денови,можеби воопшто не гледаат телевизија,а викенди погледуваат.Се знае народот што треба да гледа:Спорт и по некој филм,или светски позната серија.Оние кои не можат да отидат во живо да си го гледаат омилениот клуб или спорт,на ТВ ке си изгледат.

Е кај нас Турско/Индиски/Шпанските серии ни го ебаа мамето.Македонски телевизии гледам 2-3саати неделно.ЕДНОСТАВНО НЕМААТ ПРОГРАМА,што да гледам.
А сличен ефект постигнуваат со сериите како фудбалот,затоа мораме да се помириме со тоа што ке си ги гледаме Спорт Клуб,Скај,и други програми кои се рај за очите на нас спортските фанатици.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom