Soreno
Big Brother
- Член од
- 14 јануари 2009
- Мислења
- 530
- Поени од реакции
- 19
Иванов и Прванов на средба без вратоврски
Средбата ќе биде во опуштена атмосфера, пријателска посета, да се запознаат двајцата претседатели и да поразговараат за натамошната соработка меѓу двете земји. Нема да има посебна церемонија за дочек, гарда за пречек - коментираат од Кабинетот на Иванов
Пријателска средба без вратоврски. Вака ќе изгледа посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Бугарија. Без церемонии, знамиња, официјален протокол, Иванов ќе се сретне со својот бугарски колега Георги Прванов. Кабинетите на двајцата држави шефови се договориле средбата да се одржи во Банско на 17 јуни.
- Средбата ќе биде во опуштена атмосфера, пријателска посета, да се запознаат двајцата претседатели и да поразговараат за натамошната соработка меѓу двете земји. Нема да има посебна церемонија за дочек, гарда за пречек - коментираат од Кабинетот на Иванов.
Ова е прва посета на соседните земји, откако Иванов ја презеде функцијата претседател на Македонија. Првичниот разговор за средба меѓу двајцата претседатели беше направен во Рим. За време манифестацијата по повод денот на македонските просветители, Иванов и Прванов случајно се сретнаа во хотел во Рим, во кои и двајцата престојува. Таму тие начелно се договорија да остварат средба во Банско. По враќањето во Македонија Кабинетите на двајцата државни шефови се договориле тоа да биде опуштена средба, без посебни церемонии и протокли.
Претходно од земјите во соседството, Иванов по неговата инаугурација се сретна со српскиот претседател Борис Тадиќ. Имаше обид и за средба со претседателот на самопрогласената Косовска Република, Фатмие Сејдиу, но до средба не дојде, бидејќи Сејдиу очекувал поголем спектакл околу неговиот дочек. Ден пред доаѓањето во Македонија тој ја откажа средбата, бидејќи сакат дочек со голем број знамиња, гарда, голема церемонија. Откако увидел дека Македонија му подготвува редуцирана гарда и ја третира посетата за работна, Сејдиу се налутил, и реши да не доаѓа во Макеоднија. Тој дури и не кревал на телефон, кога претседателот Иванов го барал за да го надминат недоразбирањето. Од Кабинетот на Иванов коментираа дека не е во ред поканетиот гостин да го одредува видот на посетата, но Сејдиу си го дал тоа право и уште од првиот ден започнал со своите специјални барања.
Меѓународниот фактор во земјава веќе побара политичарите во Македонија да го смират високиот тон во меѓусебни односи и да постапуваат разумно. Според нив, само така ќе ги надминат внатрешните недоразбирања, за конкретно да се пристапи кон надминување на политичките проблеми на Македонија, пред се спорот со Грција за името, чие решавање ќе значи членство во НАТО алијансата.
- Време е за креативност, време е за посветување, време е да се покаже лидерство и фокусирање во наоѓање на решение, за што веруваме дека е многу можно да се направи - изјави американскиот амбасадор Филип Рикер, кој смета дека Македонија има голема можност за политичко напредување во наредиот период кога би можело да се изнајде конечното решение за името.
Според него важно е да се искористи тоа што на крајот од јуни Грција ќе заврши со изборите за Европската унија па преку посредништовото амбасадарот Метју Нимиц конкретно да се разговара за решение.