Македонскиот и бугарскиот претседател на 17-ти јуни во Банско

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
Иванов и Прванов на средба без вратоврски

Средбата ќе биде во опуштена атмосфера, пријателска посета, да се запознаат двајцата претседатели и да поразговараат за натамошната соработка меѓу двете земји. Нема да има посебна церемонија за дочек, гарда за пречек - коментираат од Кабинетот на Иванов

Пријателска средба без вратоврски. Вака ќе изгледа посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Бугарија. Без церемонии, знамиња, официјален протокол, Иванов ќе се сретне со својот бугарски колега Георги Прванов. Кабинетите на двајцата држави шефови се договориле средбата да се одржи во Банско на 17 јуни.
- Средбата ќе биде во опуштена атмосфера, пријателска посета, да се запознаат двајцата претседатели и да поразговараат за натамошната соработка меѓу двете земји. Нема да има посебна церемонија за дочек, гарда за пречек - коментираат од Кабинетот на Иванов.
Ова е прва посета на соседните земји, откако Иванов ја презеде функцијата претседател на Македонија. Првичниот разговор за средба меѓу двајцата претседатели беше направен во Рим. За време манифестацијата по повод денот на македонските просветители, Иванов и Прванов случајно се сретнаа во хотел во Рим, во кои и двајцата престојува. Таму тие начелно се договорија да остварат средба во Банско. По враќањето во Македонија Кабинетите на двајцата државни шефови се договориле тоа да биде опуштена средба, без посебни церемонии и протокли.
Претходно од земјите во соседството, Иванов по неговата инаугурација се сретна со српскиот претседател Борис Тадиќ. Имаше обид и за средба со претседателот на самопрогласената Косовска Република, Фатмие Сејдиу, но до средба не дојде, бидејќи Сејдиу очекувал поголем спектакл околу неговиот дочек. Ден пред доаѓањето во Македонија тој ја откажа средбата, бидејќи сакат дочек со голем број знамиња, гарда, голема церемонија. Откако увидел дека Македонија му подготвува редуцирана гарда и ја третира посетата за работна, Сејдиу се налутил, и реши да не доаѓа во Макеоднија. Тој дури и не кревал на телефон, кога претседателот Иванов го барал за да го надминат недоразбирањето. Од Кабинетот на Иванов коментираа дека не е во ред поканетиот гостин да го одредува видот на посетата, но Сејдиу си го дал тоа право и уште од првиот ден започнал со своите специјални барања.
Меѓународниот фактор во земјава веќе побара политичарите во Македонија да го смират високиот тон во меѓусебни односи и да постапуваат разумно. Според нив, само така ќе ги надминат внатрешните недоразбирања, за конкретно да се пристапи кон надминување на политичките проблеми на Македонија, пред се спорот со Грција за името, чие решавање ќе значи членство во НАТО алијансата.
- Време е за креативност, време е за посветување, време е да се покаже лидерство и фокусирање во наоѓање на решение, за што веруваме дека е многу можно да се направи - изјави американскиот амбасадор Филип Рикер, кој смета дека Македонија има голема можност за политичко напредување во наредиот период кога би можело да се изнајде конечното решение за името.
Според него важно е да се искористи тоа што на крајот од јуни Грција ќе заврши со изборите за Европската унија па преку посредништовото амбасадарот Метју Нимиц конкретно да се разговара за решение.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
македонија и бугарија имаат добри и пријателски односи на мегудржавно ниво....така да браво за оваа средба..а прашањето за малцинствата е друга работа
која патриотите ја избегаваат:toe:
 
Член од
4 септември 2008
Мислења
951
Поени од реакции
18
Па нека се сретат. во Банско е ладно, ного убаво, чист воздух. Вака бес формалности ного повеке работа се врши. И дано говорат за сегашно и иднина, бизнес, трговиа, соработка.. Ако се зафанат со историа пак ке се мотаме.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Нека им дадат пример на косоварите сега!!!
Како бе нашиот претседател така се подценува да отиде во друга држава, а да не го пречекаат свечено :nesum:
Крај , нема веќе , бојкот!!! Границите спрема бугарија одма да се затворат , и сите Македонци во бугарија - БУНТ :pos2:
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ауууу нема тепих, нема гарда, нема вратоврска со лавче.
Да си се врати и да се запечати границата за сите времиња и реципроцитет.
Како смее бе јунак таков од народот на Александар Македонски да не биде дочекан.
Да се бара алтернатива за Македонците таму.

Малку иронија.
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Kakvi meani ima u Bansko, mu zaviduvam na Jorge.
 
Друже, си чул за срека без вратоврзки?
Прават го насекаде по светот. САД, Европа.
Бес протокол, на 4 очи. Тогаш се говори наи откровено, вистината, а не шо треба, бес никакви ангажирана.
Прави се моабет, срека. само дваицата. На маса пред камина. Само со преведувач.
Ама от дека да го чуете ова.:toe:
Изумен сум дека го немате слушано и видено. Аи не се излагаите.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Kakvi meani ima u Bansko, mu zaviduvam na Jorge.
Механи....:toe:

Друже, си чул за срека без вратоврзки?
Прават го насекаде по светот. САД, Европа.
Бес протокол, на 4 очи. Тогаш се говори наи откровено, вистината, а не шо треба, бес никакви ангажирана.
Прави се моабет, срека. само дваицата. На маса пред камина. Само со преведувач.
Ама от дека да го чуете ова.:toe:
Изумен сум дека го немате слушано и видено. Аи не се излагаите.

МАЛКУ ИРОНИЈА... и се е како подмачкано :toe:
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Значи Ѓорге ја посетува пиринска Македонија и ќе разговара со комунистичкиот агент “Гуце“ и квазипорецедникот на Воулгариа.
 
Член од
4 септември 2008
Мислења
951
Поени од реакции
18
Значи Ѓорге ја посетува пиринска Македонија и ќе разговара со комунистичкиот агент “Гуце“ и квазипорецедникот на Воулгариа.
Ного вересии има на грешната земjа
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Друже, си чул за срека без вратоврзки?
Прават го насекаде по светот. САД, Европа.
Бес протокол, на 4 очи. Тогаш се говори наи откровено, вистината, а не шо треба, бес никакви ангажирана.
Прави се моабет, срека. само дваицата. На маса пред камина. Само со преведувач.
Ама от дека да го чуете ова.:toe:
Изумен сум дека го немате слушано и видено. Аи не се излагаите.

A zosto ke im e preveduvac , koga Bugarite znaat Makedonski...???Barem onie poobrazovanite...
 
Член од
18 март 2009
Мислења
375
Поени од реакции
7
Ептен лошо ке стане, тие дваицата ке се налокат у некоjа меана, па ке почнат да се преграштат и ке се почне - на ти Банско, даj ми Охрид :pos2::pos2:

Реално убаво е да се развиват добрососедските односи, зашто од лоши односи помегу нас печелат само грците, само дека барем од нашиот председател ништо не зависи, он е само да збори некакви "убави" работи и да се усмихва :)
 
Ah toj Ohrid....
 
N

n/a

Гостин
Anne ben gidiyom Dusmana karsi !!! :vozbud:
Боже... узми бре већ једном оног бугарског кловна који ми се пише претседник...
нећу више да се пуним гневом и да лупам за столом на којим седим!
 
Член од
4 септември 2008
Мислења
951
Поени од реакции
18
A zosto ke im e preveduvac , koga Bugarite znaat Makedonski...???Barem onie poobrazovanite...
Заради вашиот председник. Ке се праи дека не разбира бугарски. Да не кажат дека езикот е ист.

Зевсе, како си брате. Вадиш ли заби?:helou:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom