Работнички преку ноќ стана фаворит број 1 за титулата. Гечевски и Чековски доста ќе придонесат,башка имаат и домашни репрезентативци,колку и да се просечни сепак се најдобрите македонски играчи на лагер така да ќе нема потреба да потполнуваат место со странци. Прашање е колку општина Центар ќе може да ја издржи цела сезона,сигурно ќе имаат буџет 600-700.000 евра.
МЗТ исто се фаворити,нивна најсилна алка мислам дека е Боби Митев,типот едноставно прави феноменален скаутинг на екипите,бил помошник во доста европски екипи,нема никогаш да заборавам во сезоната 2008/09 кога им беше тренер и кога беа подпросечна екипа со Соколов,Дамјанац итн а у Јане Сандански не растурија,втора четвртина беше 21-4 мислам
. Исто Змаго Сагадин е познат како тренер кој што форсира доста млади играчи,па мислам дека Младеновски,Арсовски итн можат да напреднат доста под негова палка. Американците сеа за сеа по 1 утакмица шо ги гледав изгледаа како тежок просек,ама само 1 утакмица беше па не се осудувам да давам некој поопширен коментар околу нив.
Куманово се фаворит од сенка според мене,го вратија Костовски,земаа 3-ца странци,башка и полната сала таму,еден од најжешките терени во мкд тоа е сигурно,ќе биде тешко за сите екипи таму да играат.
Фени може на сите да му ги замрси сметките,но не ги сметам меѓу фаворитите. Странците се релативно добри,Амонс и Гајовиќ сигурно ќе бидат едни од најдобрите странци што ќе играат сезонава,Јововиќ си е просек,а за Кемп сеуште неможам да дадам подетален коментар,против МЗТ одигра очајни 3/4 и одлична 4/4,но според мене фалат уште 1 бек и уште 1 висок играч. Караџовски се покажа исто солидно,но прашање е колку Самарџиев и Радуловиќ шо се веќе во години можат да го надополнат кога овој ќе биде на клупа за резерви. Доколку се земат уште 2-ца играчи,мислам дека и ние би можеле да бидеме фаворити од сенка. Вака-тешко
Кожув за мене се тотална непознаница сезонава. Им отиде пола тим,добрите странци од лани си заминаа,му замина Караџовски а на негово место Богоев(не се свесни колку ќе бидат у загуба,лани Тимба беше у Фени и беше ОЧАЕН). Сега мислам и Брчков дека го земаа,а се шпекулира и за Димчевски,мада мислам дека сепак Кожув ќе бидат ослабени од лани.
Карпош Соколи-исто екипа што може да замрси сметки. Мијајловиќ,Кнежевиќ,Пенов,Огнен Стојановски,Филиповиќ...Искусни играчи,на домашен терен ќе има сигурно притисок од Огнен Дедиќ и остала багра,ама сепак ништо повеќе од нив. Прашање е и колку општина Карпош ќе може да го издржи овој товар,и овие сигурно ќе имаа едно 200-250к буџет годишно.
Тоа се тимовите што ќе водат главна битка во шампионатот според мене,сигурно дека не очекува многу интересна сезона каде што секој од горепосменативе тимови може да победи секој. Од другите екипи неам видено состави сеуште,доколку и овие се засилат со уште нешто ќе направам малце поопширна анализа од моја гледна точка.