Македонска Kошаркарска Лига - Сезона 2014/15

Статус
Затворена за нови мислења.

Yeezus

Господин Ѕверка
Член од
25 јануари 2014
Мислења
149
Поени од реакции
251
Во оваа сезона сите екипи влегуваат со високи амбиции и има голема шанса пак да следиме уште повеќе квалитетна македонска кошаркарска сезона. Дали МЗТ ќе остане на тронот или пак тимовите Работнички, КК Куманово, Фени Индустри, Кожуф, Лирија или Карпош Соколи ќе се искачат на врвот ? Ве молиме статирајте ги вашите мислења за следната сезона која започнува на средината на месецот Октомври. :)
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.988
И наградата за интро на годината goes to..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Уште не се знае кои екипи ќе учествуваат во темата, екипите ни приближно не ги заокружиле составите, а ти тема си отворил...
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Kakvi sokoli be, MZT ke si e šampion kako i sekogaš :love:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Како што разбрав Водњански немале амбиции за прва лига и не планирале да плаќаат котизација за учество. Ќе видиме кој клуб ќе го добие нивното место.
Порано се шпекулираше дека ќе го пордадат на Шкупи ака НБА Чаир...
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Како што разбрав Водњански немале амбиции за прва лига и не планирале да плаќаат котизација за учество. Ќе видиме кој клуб ќе го добие нивното место.
Порано се шпекулираше дека ќе го пордадат на Шкупи ака НБА Чаир...
Па тоа .. малку мака мачиме со местенките на Лирија .. затоа што нели двадесет пет кома седамнаес неможе они дома да губат не важи ниту едно правило кај нив .. па сега уште овие талибанци ни фалат ... да ти ебам лигата скапана ..
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
После 15 години повторно ќе има возбудлива сезона !!!
МЗТ Скопје, Работнички, Куманово, Фени :vozbud:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Па тоа .. малку мака мачиме со местенките на Лирија .. затоа што нели двадесет пет кома седамнаес неможе они дома да губат не важи ниту едно правило кај нив .. па сега уште овие талибанци ни фалат ... да ти ебам лигата скапана ..
Добра околност е што ни едните ни другите немаат сала во која што би играле, така да не верувам да влезе НБА Чаир да игра на местото на Водњански.
Вардар не би требало да им ја отстапи салата годинава, така да ако општина Чаир не им направи нова сала или да им ја реновира постоечката, ни Лирија нема каде да играат :)
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.206
Поени од реакции
6.558
Работнички преку ноќ стана фаворит број 1 за титулата. Гечевски и Чековски доста ќе придонесат,башка имаат и домашни репрезентативци,колку и да се просечни сепак се најдобрите македонски играчи на лагер така да ќе нема потреба да потполнуваат место со странци. Прашање е колку општина Центар ќе може да ја издржи цела сезона,сигурно ќе имаат буџет 600-700.000 евра.

МЗТ исто се фаворити,нивна најсилна алка мислам дека е Боби Митев,типот едноставно прави феноменален скаутинг на екипите,бил помошник во доста европски екипи,нема никогаш да заборавам во сезоната 2008/09 кога им беше тренер и кога беа подпросечна екипа со Соколов,Дамјанац итн а у Јане Сандански не растурија,втора четвртина беше 21-4 мислам :confused:. Исто Змаго Сагадин е познат како тренер кој што форсира доста млади играчи,па мислам дека Младеновски,Арсовски итн можат да напреднат доста под негова палка. Американците сеа за сеа по 1 утакмица шо ги гледав изгледаа како тежок просек,ама само 1 утакмица беше па не се осудувам да давам некој поопширен коментар околу нив.

Куманово се фаворит од сенка според мене,го вратија Костовски,земаа 3-ца странци,башка и полната сала таму,еден од најжешките терени во мкд тоа е сигурно,ќе биде тешко за сите екипи таму да играат.

Фени може на сите да му ги замрси сметките,но не ги сметам меѓу фаворитите. Странците се релативно добри,Амонс и Гајовиќ сигурно ќе бидат едни од најдобрите странци што ќе играат сезонава,Јововиќ си е просек,а за Кемп сеуште неможам да дадам подетален коментар,против МЗТ одигра очајни 3/4 и одлична 4/4,но според мене фалат уште 1 бек и уште 1 висок играч. Караџовски се покажа исто солидно,но прашање е колку Самарџиев и Радуловиќ шо се веќе во години можат да го надополнат кога овој ќе биде на клупа за резерви. Доколку се земат уште 2-ца играчи,мислам дека и ние би можеле да бидеме фаворити од сенка. Вака-тешко

Кожув за мене се тотална непознаница сезонава. Им отиде пола тим,добрите странци од лани си заминаа,му замина Караџовски а на негово место Богоев(не се свесни колку ќе бидат у загуба,лани Тимба беше у Фени и беше ОЧАЕН). Сега мислам и Брчков дека го земаа,а се шпекулира и за Димчевски,мада мислам дека сепак Кожув ќе бидат ослабени од лани.

Карпош Соколи-исто екипа што може да замрси сметки. Мијајловиќ,Кнежевиќ,Пенов,Огнен Стојановски,Филиповиќ...Искусни играчи,на домашен терен ќе има сигурно притисок од Огнен Дедиќ и остала багра,ама сепак ништо повеќе од нив. Прашање е и колку општина Карпош ќе може да го издржи овој товар,и овие сигурно ќе имаа едно 200-250к буџет годишно.

Тоа се тимовите што ќе водат главна битка во шампионатот според мене,сигурно дека не очекува многу интересна сезона каде што секој од горепосменативе тимови може да победи секој. Од другите екипи неам видено состави сеуште,доколку и овие се засилат со уште нешто ќе направам малце поопширна анализа од моја гледна точка.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Работнички ќе ги сметам за фаворити под услов да потпише Илиевски и плус 3-4 странци со било каков квалитет ( сигурно нема очајни да бидат ).
Вака не гледам како би им парирале на МЗТ само со Чековски и Гечевски кои сигурно нема да можат да играат по 40 минути.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Добра околност е што ни едните ни другите немаат сала во која што би играле, така да не верувам да влезе НБА Чаир да игра на местото на Водњански.
Вардар не би требало да им ја отстапи салата годинава, така да ако општина Чаир не им направи нова сала или да им ја реновира постоечката, ни Лирија нема каде да играат :)
Проблем број 2 .. ке им ја дадат Борис
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Одлични тимови годинава, за разлика од претходниве 3 години ќе има изедначеност во квалитет и мислам дека не очекува една од најинтересните сезони :)
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Одлични тимови годинава, за разлика од претходниве 3 години ќе има изедначеност во квалитет и мислам дека не очекува една од најинтересните сезони :)
И доле меѓу пелистер вардар струмица и овие новиве од Штип ке биде интересно Соколи ке бидат гаден тим за играње на гости нема да биде лесна утакмица тоа 100%
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom