Македонска фудбалска репрезентација

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.851
Поени од реакции
23.200
Реално за ваков состав каде само Алими, Серафимов и Манев се стандардни првотимци во своите клубови ваквите резултати се дефинитивно над очекувањата.
Не знам зашто се тресеме толку и бараме константна промена на тренерското место кога со ваков фонд на играчи ниту Гвардиола ќе успее три натпревари по ред да не прими гол. Па Алиоски и Ашковски му се леви бекови а десен воопшто немаме. Алиоски заборавил за кој клуб игра а Ашковски не е стандарден во просечен тим од втора турска лига. Велковски без клуб а Елмас чека репрезентативен собир за да осети како е да се игра 90ка.
Инаку ако не се лажам со Латвија прв состав му беа и Ашковски и Алиоски.
Се да му ебам на Ристовски што ми глуми некој многу битен играч како божем има статус на Пандев во репрезентацијата и во најлош момент реши да го стави егото пред нацијата.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
1728844445725.png

Лигата на нации обезбедува 4 екипи со пат до баражот за Светското првенство.
Сите победници на групите во УНЛ ќе бидат рангирани, и најдобрите 4 кои нема да завршат меѓу првите 2 во својата квалификациска група за Светското првенство, ќе се квалификуваат за баражот за Светското првенство.
Табелата го покажува тековното рангирање на лидерите на групите во УНЛ. Тимовите во СИНО се проектирани да бидат во Пот 1 и 2 во квалификациите за Светското првенство.
Ако сите тие завршат меѓу првите 2 во своите квалификациски групи за сп, најдобрите 4 преостанати победници на групите во УНЛ би отишле во баражот на светско првенство. Моментално тоа се:

Грузија
Македонија
Бугарија
Молдавија
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.088
Поени од реакции
3.834
Го отпуштиле селекторов на Ерменија. Затоа толку се силеше пред утакмицата, дека му висеше столчето. :icon_lol:
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.382
Поени од реакции
4.307
Ние сме можеби единствената репрезентација во светот (не само во Европа), каде што првотимците воопшто немаат првотимски статус во своите клубови. Еден играч немаме што игра барем во просек 80 минути по натпревар. Ми делува како репрезентацијата е една Вибер група каде што се собираат рандом луѓе да играат голем фудбал под рефлектори, и гласаат на анкета со Играм / Не играм.

Елмас не го разбирам откако си отиде од Фенербахче, со секој изминат ден игра се помалку и помалку фудбал. Натепа пари на сметка, минутажа јок. Барем во Саудиска Арабија или Америка да идеше, ем фиксно ќе играше 90 минути, ем пари ќе зимаше.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.492
Поени од реакции
26.045
Прегледај го приврзокот 432142

Лигата на нации обезбедува 4 екипи со пат до баражот за Светското првенство.
Сите победници на групите во УНЛ ќе бидат рангирани, и најдобрите 4 кои нема да завршат меѓу првите 2 во својата квалификациска група за Светското првенство, ќе се квалификуваат за баражот за Светското првенство.
Табелата го покажува тековното рангирање на лидерите на групите во УНЛ. Тимовите во СИНО се проектирани да бидат во Пот 1 и 2 во квалификациите за Светското првенство.
Ако сите тие завршат меѓу првите 2 во своите квалификациски групи за сп, најдобрите 4 преостанати победници на групите во УНЛ би отишле во баражот на светско првенство. Моментално тоа се:

Грузија
Македонија
Бугарија
Молдавија
Зашто другиве со 7 бода се со плаво означени а ние со 7 не сме ?
Што сме ние поразлични или послаби од нив ?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.919
Поени од реакции
73.290
Зашто другиве со 7 бода се со плаво означени а ние со 7 не сме ?
Што сме ние поразлични или послаби од нив ?
Има пишано во текстот. Тоа се екипи кои во ждребот за редовните квалификации ќе бидат во првите два шешири.
 
acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.926
Поени од реакции
839
Светла точка на последниве репрезентативни собири ми е Серафимов, дечкото изгледа најстабилно до сите одбранбени играчи мислам дека времето на Висар е веќе пројдено дури и добро што не играше на натпреваров со Ерменија.

Серафимов ми изгледа дека има потенцијал да игра и во некоја подобра лига иако за наши услови добро е што игра во Унгарија.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.919
Поени од реакции
73.290
СП 2022
Македонија - Ерменија 0-0
Исланд - Македонија 2-2
Македонија - Романија 0-0
Лихтенштајн - Македонија 0-4
Македонија - Германија 0-4
Ерменија - Македонија 0-5
Македонија - Исланд 3-1
Италија - Македонија 0-1
Португалија - Македонија 2-0
Скор: 4-3-2 15-9

Лига на нации 2022
Бугарија - Македонија 1-1
Гибралтар - Македонија 0-2
Македонија - Грузија 0-3
Македонија - Гибралтар 4-0
Грузија - Македонија 2-0
Македонија - Бугарија 0-1
Скор: 2-1-3 7-7

ЕП 2024
Македонија - Украина 2-3
Англија - Македонија 7-0
Македонија - Италија 1-1
Малта - Македонија 0-2
Украина - Македонија 2-0
Италија - Македонија 5-2
Македонија - Англија 1-1
Скор: 2-2-4 10-20

Лига на нации 2024
Фарски Острови - Македонија 1-1
Македонија - Ерменија 2-0
Летонија - Македонија 0-3
Ерменија - Македонија 0-2
Скор: 3-1-0 8-1

За 3 години, на официјалниве натпревари, надвор од пријателските, под палка на Боби Македонија има скор од 11 победи, 7 нерешени средби и 9 порази, со гол разлика 40-38.

Луѓето малку претеруваат во проценка на квалитетот на нашата репрезентација, па може да се каже дека од репрезентациите со сличен квалитет на нашиот имаме 3 победи со Ерменија, 1 со Исланд и една со посилен протовник (Италија). Сме претрпеле 2 порази од Грузија и Украина (првиот во Скопје доста сомнителен), една катастрофа со Бугарија што по мене е најголема дамка и неколку катастрофални порази од селекции како Англија, Италија и Германија.
Да се одбележат и две ремија со Англија и Италија.
Како и скоро перфектниот скор со условно најслабите репрезентации, со еден кикс против Фарски Острови, што порано било научна фантастика за нас, сме знаеле да кикснеме било каде.

Во овие години, по ЕП, имавме:
1. Напуштање на репрезентацијата на Пандев, кој беше алфа и омега во тимот. Плус од старт, од политички причини агитираше против Боби и ФФМ, затоа што сакаше со помош на сдсм да постават нивни луѓе во сојузот.

2. Пад на кариерата на Барди, од Леванте, оди во Турција каде што не игра редовно. Да не речам скоро ич.

3. Слободен пад во кариерата на Елмас. Од стартер во Наполи, до резерва, до скоро 0 минути во Лајпциг.

4. Уништување на сопствената кариера на Алиоски. Од Лидс, оди во во Саудиска Арабија, па на позајмица во Фенер и веќе ГОДИНА ДЕНА нема клуб.

5. Неколку страшни повреди на Чурлинов, кариерата му оди во надолна линија и има лош избор на клубови. Само што тргн во подобра насока, пак се повреди.

6. Страшна повреда на Тихомир Костадинов. Таман покажа нешто во националниот тим, после сите критики и се повреди над година дена. Со неговото враќање добивме на квалитет во средината. Зборуваме за играч од словачко/полсо првенство, а за нас многу важен.

7. Триото дефанзивци. Зајков тоне во бугарски клубови, за да биде најстандарден на клупски план, од сите играчи, играјќи за Крајова. Велковски од Ријека се решава да оди во арапскиот свет, па пола година немаше клуб. Не постои на мапа две години. Муслиу од најнадежен играч во одбрана, оди во трета германска лига и во последните клубови од втора лига и прашање е и таму дали игра.

8. Ристовски се курчи, ја бојкотира репрезентацијата, а покрај него и Адеми се пензионира од репрезентација. Претходно, кога сакаше доаѓаше на собир, кога не глумеше повреден.

9. Спировски и Бобан Николов, скоро па не постојат на мапа. Првиот се врати во Трим Љум да игра, другиов прашање е дали има пипнато топка една година.

10. Несторот со тешка повреда, потоа во Асколи, за на крај резерва во Славен Белупо. Трајковски и онака со слаба минутажа, гравитира по тимови ко златна резерва.

Значи ЕДЕН ИГРАЧ нема од оние што играа на ЕП, кој напреднал на клупска кариера. Бродолом од кариери имаат.

Кои се другите опции?
1 (Миовски) тазе играч кој е резерва во Примера и единсвен кој има напредок на клупски план + 1 голман кој малку згреши со новиот тим (Столе)
1 во Бундес кој е закован на клупа
0 играчи во Премиер лига
0 играчи во Италија
0 играчи во Франција
0 играчи во Португалија
0 играчи во Холандија

Најсилните играчи ни доаѓаат од смешни првенства. Луѓево бараат да се пробале играчи ко Дориев, пустиот во УЗБЕКИСТАНСКА ЛИГА игра.

Зад себе, имаме младинска репрезентација водена од ЦАПАР. Туристичка агенција. Ако тогаш Боби ги однесе младинците на ЕП во квалификациска група со Франција, сега им градиме CV на разни турци и албанци од дијаспора.

Македонската лига на најслабо можно ниво. Нема ќор млад играч на некои задоволително ниво.

Али важно, луѓето сакаат промена на тренер и сметаат дека треба со овој состав што на клупско ниво игра 16 минути во просек во еден викенд, треба Англија да ја тепаме.

Патем промените кои ќе дојдат ќе бидат:
Омерагиќ главен на ФФМ
Пандев со Миленко и Иди задолжени за репрезентација
Копач Седлоски за селектор

Гл хф!
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
Копач Седлоски за селектор
Тек тогаш ќе го бараме Милевски назад, бидејќи од лошо секогаш има полошо. И покрај сите проблеми со играчите, нивниот пад на форма итн..
Милевски според мене успеа да игра најдопадлив фудбал во историјата на Македонија, особено имајќи предвид со какви играчи располагаме.
Читав коментари вчера во стилот - шо бе се радувате шо сме ја победиле Ерменија? како да сме победиле против Англија или Италија..
Па добро, ние не располагаме со играчи како Кејн, Белингам или Фоден, за да не се радуваме на победи против репрезентации како Ерменија, кои пак рака на срце, се на исто ниво со нас по вредност. Разликата е само што нивните играчи добиваат минутажа во своите клубови, за разлика од нашите.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.448
Поени од реакции
18.707
Второ полувреме како друга репрезентација да излезе, топ изиграа и заслужена победа над Ерменците.
Елмас вчера нула, како стара баба се движеше вчера на контрите.
Има уште фудбал во него знај да извади некој потег ама ептен е пропаднат
Да смени средина кај шо ќе има повеќе минутажа ќе си ја врати формата
 
Не сака, му одговара. Ништо не игра, а зима плата. Животна цел на секој македонец. Србин игра, трча, се поти, влага, искача од прва постава. Грк, гризе на терен, трча, се поти, стандарден првотимец. Бугар (овие како нас се ајде), албанциве, косовариве играат, се борат, нешто прават... Нашиве црепови. Не ми е јасно, како може цела година да немаш клуб. Па мејл да им пишам на некоја рандом полска/чешка екипа, ќе ме викнат на еден пробен тренинг ако ништо друго (така е зборот). Овие дремат, чмаат, заработиле по 1-2 стана и сеа ќе си го дрват курот. Барем нека се повлечат од репрезентација, нека не замараат. Дај им таму по 50.000 евра и нека кршат глава.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.639
Поени од реакции
4.241
СП 2022
Македонија - Ерменија 0-0
Исланд - Македонија 2-2
Македонија - Романија 0-0
Лихтенштајн - Македонија 0-4
Македонија - Германија 0-4
Ерменија - Македонија 0-5
Македонија - Исланд 3-1
Италија - Македонија 0-1
Португалија - Македонија 2-0
Скор: 4-3-2 15-9

Лига на нации 2022
Бугарија - Македонија 1-1
Гибралтар - Македонија 0-2
Македонија - Грузија 0-3
Македонија - Гибралтар 4-0
Грузија - Македонија 2-0
Македонија - Бугарија 0-1
Скор: 2-1-3 7-7

ЕП 2024
Македонија - Украина 2-3
Англија - Македонија 7-0
Македонија - Италија 1-1
Малта - Македонија 0-2
Украина - Македонија 2-0
Италија - Македонија 5-2
Македонија - Англија 1-1
Скор: 2-2-4 10-20

Лига на нации 2024
Фарски Острови - Македонија 1-1
Македонија - Ерменија 2-0
Летонија - Македонија 0-3
Ерменија - Македонија 0-2
Скор: 3-1-0 8-1

За 3 години, на официјалниве натпревари, надвор од пријателските, под палка на Боби Македонија има скор од 11 победи, 7 нерешени средби и 9 порази, со гол разлика 40-38.

Луѓето малку претеруваат во проценка на квалитетот на нашата репрезентација, па може да се каже дека од репрезентациите со сличен квалитет на нашиот имаме 3 победи со Ерменија, 1 со Исланд и една со посилен протовник (Италија). Сме претрпеле 2 порази од Грузија и Украина (првиот во Скопје доста сомнителен), една катастрофа со Бугарија што по мене е најголема дамка и неколку катастрофални порази од селекции како Англија, Италија и Германија.
Да се одбележат и две ремија со Англија и Италија.
Како и скоро перфектниот скор со условно најслабите репрезентации, со еден кикс против Фарски Острови, што порано било научна фантастика за нас, сме знаеле да кикснеме било каде.

Во овие години, по ЕП, имавме:
1. Напуштање на репрезентацијата на Пандев, кој беше алфа и омега во тимот. Плус од старт, од политички причини агитираше против Боби и ФФМ, затоа што сакаше со помош на сдсм да постават нивни луѓе во сојузот.

2. Пад на кариерата на Барди, од Леванте, оди во Турција каде што не игра редовно. Да не речам скоро ич.

3. Слободен пад во кариерата на Елмас. Од стартер во Наполи, до резерва, до скоро 0 минути во Лајпциг.

4. Уништување на сопствената кариера на Алиоски. Од Лидс, оди во во Саудиска Арабија, па на позајмица во Фенер и веќе ГОДИНА ДЕНА нема клуб.

5. Неколку страшни повреди на Чурлинов, кариерата му оди во надолна линија и има лош избор на клубови. Само што тргн во подобра насока, пак се повреди.

6. Страшна повреда на Тихомир Костадинов. Таман покажа нешто во националниот тим, после сите критики и се повреди над година дена. Со неговото враќање добивме на квалитет во средината. Зборуваме за играч од словачко/полсо првенство, а за нас многу важен.

7. Триото дефанзивци. Зајков тоне во бугарски клубови, за да биде најстандарден на клупски план, од сите играчи, играјќи за Крајова. Велковски од Ријека се решава да оди во арапскиот свет, па пола година немаше клуб. Не постои на мапа две години. Муслиу од најнадежен играч во одбрана, оди во трета германска лига и во последните клубови од втора лига и прашање е и таму дали игра.

8. Ристовски се курчи, ја бојкотира репрезентацијата, а покрај него и Адеми се пензионира од репрезентација. Претходно, кога сакаше доаѓаше на собир, кога не глумеше повреден.

9. Спировски и Бобан Николов, скоро па не постојат на мапа. Првиот се врати во Трим Љум да игра, другиов прашање е дали има пипнато топка една година.

10. Несторот со тешка повреда, потоа во Асколи, за на крај резерва во Славен Белупо. Трајковски и онака со слаба минутажа, гравитира по тимови ко златна резерва.

Значи ЕДЕН ИГРАЧ нема од оние што играа на ЕП, кој напреднал на клупска кариера. Бродолом од кариери имаат.

Кои се другите опции?
1 (Миовски) тазе играч кој е резерва во Примера и единсвен кој има напредок на клупски план + 1 голман кој малку згреши со новиот тим (Столе)
1 во Бундес кој е закован на клупа
0 играчи во Премиер лига
0 играчи во Италија
0 играчи во Франција
0 играчи во Португалија
0 играчи во Холандија

Најсилните играчи ни доаѓаат од смешни првенства. Луѓево бараат да се пробале играчи ко Дориев, пустиот во УЗБЕКИСТАНСКА ЛИГА игра.

Зад себе, имаме младинска репрезентација водена од ЦАПАР. Туристичка агенција. Ако тогаш Боби ги однесе младинците на ЕП во квалификациска група со Франција, сега им градиме CV на разни турци и албанци од дијаспора.

Македонската лига на најслабо можно ниво. Нема ќор млад играч на некои задоволително ниво.

Али важно, луѓето сакаат промена на тренер и сметаат дека треба со овој состав што на клупско ниво игра 16 минути во просек во еден викенд, треба Англија да ја тепаме.

Патем промените кои ќе дојдат ќе бидат:
Омерагиќ главен на ФФМ
Пандев со Миленко и Иди задолжени за репрезентација
Копач Седлоски за селектор

Гл хф!
Боби си седел мирен ама Пандев со СДСМ решил да го руши...:eek:
Никој не му е крив на Боби што сам реши да отвара конфликти и да си ствара противници со ЈАВНИ изјави. Се потсмеваше со Лига на Нации и го обезвреднуваше пласманот на ЕП зошто бил остварен од таму, а не од квалификации кои биле единствено релевантни, за да заврши трет во слична по квалитет конкуренција како кога бевме во лига Д, зад Грузија и Бугарија. Нека им се јави на Грузија сега и нека им каже дека не им важи осминафиналето на ЕП од годинава затоа што се пласираа таму од ЛН. Кога му ја извлекоа квалификациската група сфати каква глупост треснал ваљда, па ги снема муабетите дека небитна е ЛН и од таму единствено ќе бркаме пласман на ЕП.
Најбитното, што е всушност и зачеток на конфликтот негов и на Сејдини со Пандев, Ристовски и Николов, покрај ругањето на остварениот пласман на ЕП е тоа што они стоеа зад обидот да се смени Мрме по баражот со Грузија, а пред настапот на ЕП. Тој перфиден обид ја започна цела напнатост која избувна отпосле и за тоа си е сам исклучиво он крив. А доволно ќе беше да си дочека Мрме да си го одработи ЕП, по што се знаеше дека е он следен селектор и без ругање на претходните резултати/игри на репрезентацијата да си продолжи со работата. Се ќе беше поинаку така и немаше ваљда сега со душа да чекаат да ја преземат ФФМ во март тие со кои он си отвори конфликт за да го сменат од селекторска функција.
Каква карма уствари ќе му се деси на човекот, од јадење гомна за Лига на Нации и обид за станување на селектор пред настап на ЕП кој друг селектор си го одработил, сега преку Лига на Нации ќе избори веројатно пласман во бараж за СП и некој друг селектор ќе го одработи тој бараж место него :). Ќе биде сменет кога резултатски не заслужува да биде сменет.
Инаку очекувам ФФМ на Омерагиќ да биде веројатно полоша и од оваа на Сејдини, следниот селектор освен што ќе го добие назад Ристовски да има полоша игра од сега, а Боби освен ако не се домоли да дојде во Вардар тивко да си потоне во заборав исто како и Мрме.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.088
Поени од реакции
3.834
Зад себе, имаме младинска репрезентација водена од ЦАПАР. Туристичка агенција. Ако тогаш Боби ги однесе младинците на ЕП во квалификациска група со Франција, сега им градиме CV на разни турци и албанци од дијаспора.

Македонската лига на најслабо можно ниво. Нема ќор млад играч на некои задоволително ниво.

Али важно, луѓето сакаат промена на тренер и сметаат дека треба со овој состав што на клупско ниво игра 16 минути во просек во еден викенд, треба Англија да ја тепаме.
Башка што и Милевски после 2-3 години од тој пласман на младинците дојдоа и до второ место во квалификации во младинска конкуренција и беа кратки за една победа (ремито со Казахстан или Израел) за да играат бараж за ЕП (имаа и пенал пропуштен во Скопје со Шпанија за реми). Инаку скорот му е 11-7-8, таа со Украина во Скопје не ја водеше тој ради црвен картон против Малта на претходната. И да, дамка му се тие претходните Лига Нации - ама па од друга страна на истите имаше играчи кои беа стварно повредени (Костадинов), некои откажуваа, некои се преправаа дека се повредени. Исходот - таков каков што е.

Инаку согласен скроз. Се е сумирано. Читам луѓево упорно како навиени бараат смена, викаат најлош селектор што сме имале досега. Луѓево изгледа или гледале фудбал од кога сме играле ЕП и ја победивме Германија пред Европско или имаат меморија на некоја златна рипка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom