- Член од
- 18 февруари 2011
- Мислења
- 53
- Поени од реакции
- 23
Талент од Австралија гори од желба за дресот на Македонија
Во фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години, селекторот Висар Ганиу и асистентот Тони Наумоски го повикаа Никола Кулески (16) од Маркони, Сиднеј, Австралија
Цел месец беше кај роднините во Прилеп, во семејството на татко му Благоја, поранешен фудбалер на Победа. Момчето стрпливо ги чекаше подготовките, одложени поради студот.
- Тренирам од пет-шест години, играм во средниот ред. Тргнав по стапките на татко ми, чии натпревари ги гледам на ЦД. Ме интересира овдешниот фудбал, со внимание ги следам и интернационалците. Идол ми е Пандев. Без оглед дали некогаш Австралија ќе ме повика, сакам да играм само за Македонија - вели Кулески.
Велат крушата под круша паѓа. Таткото Благоја се покажа во Победа, Пелистер, Вардар, Раднички Ниш и во Маркони. Го поддржа синот, за кого експертите велат дека е суперталент, под итно да дојде во татковината. Толку километри да се прелетаат значи дека е огромна љубовта кон фудбалот и кон државата, како и вербата во талентот што го има малиот Никола.
- Таму со тимот имаше добри резултати, играа финале. Но Австралија не е фудбалска земја. Перспективата ја гледаме тука. Планот е по завршување на средното училиште сосема да се префрли и да го направи пресудниот исчекор во Европа - истакнува Благоја.
Кулески и репрезентацијата до 17 години најсериозниот предизвик ќе го имаат наесен во квалификациите за Европското првенство, против Шведска, Република Ирска и Романија.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=321210583&id=19&prilog=0&setIzdanie=22520
Браво за детево, ама овие лапачиве наши ке го уништат