Македонска фудбалска репрезентација

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
од кога се сликите да не знајш?и кај ги најде?!
инаку саша го поштоваја во нимберг вкрај и мислам дека и споменик му имаа направено на трибина во копот или така нешто беше
Од профилот на Саша Ќирич на фејсбук, би требало да се од времето кога играл за нив и како ги научил да пишуваа на кирилица и на Македонски (транспарентот) :)
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Од профилот на Саша Ќирич на фејсбук, би требало да се од времето кога играл за нив и како ги научил да пишуваа на кирилица и на Македонски (транспарентот) :)
Не заебавај, не мора да значи дека тој ги научил. Има милион начини како навивачите дознале како да напишат некој збор на Македонски а сигурно не дознале од Саша.
На тој начин се гледа колку тој бил почитуван и колку значел за клубот за кој тие навивале. Ова е еден гест кој претпоставувам дека Саша никогаш нема да го заборави.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Не заебавај, не мора да значи дека тој ги научил. Има милион начини како навивачите дознале како да напишат некој збор на Македонски а сигурно не дознале од Саша.
На тој начин се гледа колку тој бил почитуван и колку значел за клубот за кој тие навивале. Ова е еден гест кој претпоставувам дека Саша никогаш нема да го заборави.
Јас само го пренесов тоа што тој го спомна на оваа слика на неговиот профил... сеедно многу добар гест... :)
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
ВИКИЛИКС СО ДОСИЕ ЗА СТРУМИЧКИОТ СРАМ!
Веб-сајтот кој е кошмар за целиот свет и Америка објави дека натпреварот Македонија - Канада (3:0) бил "наместен"

Канада се тресе откако весникот "Канадијан Прес" го објави документот од "Викиликс" според кој пријателскиот фудбалски меч меѓу Македонија и Канада, кој се одигра на 14 ноември 2009 година, бил "наместен". Документот кој е објавен на веб-страницата на "Викиликс" е допис од американската амбасада во Софија која ја информира својата земја дека средбата е "наместена" од страна на судијата Антон Генов. Амбасадорот на САД во Софија на 15 јануари ги информирал своите служби дека за фудбалскиот натпревар веќе постои истрага од страна на службите на УЕФА и дека за истиот имало огромни уплати во обложувалниците.
И пред една година скандалозниот натпревар кој се одигра во Струмица беше во центарот на вниманието. Сега веќе постои доказ дека за овој натпревар постоел интерес и кај дипломатските служби на Балканот кои се вклучиле во прибирањето информации. Според дописот стои дека судијата Генов во 2 полувреме досудил по два пенала за двата тима, а Македонија со 3:0 славеше над Канада.
Досието објавено на "Викиликс" за овој настан го пренесоа сите светски медиуми со што се нанесе уште еден тежок удар за македонскиот фудбал кој веќе има црно минато кога станува збор за "местенките" и случувањата со Победа Прилеп.
"Сите пенали беа правилно досудени од судијата", изјавува за медиумите во својата земја селекторот на Канада, Стивен Харт.

Извор
 
Член од
30 април 2009
Мислења
790
Поени од реакции
38
:pehar:Ми се чини дека Бугарија е фаворит .....:sport1:
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
Потврден ли е натпреваров некаде?
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.464
Поени од реакции
8.592
Потврден ли е натпреваров некаде?
Се уште не но бидејќи сите други ни манаја корпа и си најдоја други сапринг партнери ни останува само бугарија ако и таа не ен заеби
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
Па се надевам, оти до сеа пет пати најавија дека е организиран пријателски натпревар, прво против Полска, па отпадна, после против Колумбија, и тоа отпадна, па Босна и Херцеговина и на крај Боливија и сите отпаднаа, уште Бугарија остана лол Се надевам ќе бидне :)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.464
Поени од реакции
8.592
Па се надевам, оти до сеа пет пати најавија дека е организиран пријателски натпревар, прво против Полска, па отпадна, после против Колумбија, и тоа отпадна, па Босна и Херцеговина и на крај Боливија и сите отпаднаа, уште Бугарија остана лол Се надевам ќе бидне :)
Матеус на ја сака Македонија за тест-средба

Недоразбирањето на релацијата Бугарска фудбалска федерација - Лотар Матеус ја доведуваат во прашање евентуалната пријателска средба Македонија - Бугарија, која ако се закаже, ќе се игра на 9 февруари




Селекторот на Бугарија, Матеус, при неговата инаугурација напомена дека ќе бара од Федерацијата да бидат закажани тест-средби со светските фудбалски велесили, нешто слично како што тоа било случај кога бил селектор на Унгарија.

- Сакам мојот тим да игра натпревари со Бразил, Аргентина, Германија... Кога бев селектор на Унгарија имавме контроли со такви селекции. Само на средби со такви противници има што да се научи. Не сакам да ги омаловажувам другите репрезентации, но за да напредуваат моите репрезентативци треба да играат со најдобрите на светот - смета Матеус.

Во моментов, како што стојат работите, тешко дека Бугарската фудбалска федерација ќе му ги исполни желбите на поранешниот најдобар фудбалер на светот, сметаат бугарските медиуми.
Селекцијата до 19 години до мај ќе има тестови секој месецСелекцијата до 19 години до мај ќе има тестови секој месец

Од денеска фудбалската селекција на Македонија за играчи до 19 години ќе го има првиот годинашен собир, по што ќе следуваат и двата контролни натпревара со соодветната селекција на Грција, в понеделник и в среда во Костур




Селекторот Драган Бочески првата прозивка ќе ја направи во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид, каде што очекува да пристигнат 20 фудбалери, а по дводневни подготовки ќе се упатат кај нашиот јужен сосед.

- Во наредните пет месеци ќе имаме и по два контролни натпревара со квалитетни селекции при секој собир. Во февруари е планиран двомеч со нашата селекција до 21 година, додека за март имаме во комбинација двомеч со Романија, домаќин на Европското првенство за млади. Календарот целосно е исполнет. За наредните дуели ќе повикаме и други потенцијални репрезентативци, така што списокот е отворен и сиот играчки потенцијал од дома и од надвор ќе биде проверен до најважниот турнир за оваа генерација -рече селекторот Бочески.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Зар има некој што сака да игра со нас????

Заборавив..................... МАЛИ! :pos2:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Не ги подценувај Мали.Многу стабилна екипа се они :wink:

Да да ги штедат играчите...... ни ја испратија аматеската екипа да игра со нашите надежи! :kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom