Џ
Џонтра Волта
Гостин
Прике мој,не можев да ги дочепам во тие моменти,дедо ми да е здрав и жив ги има заклучено у подрум со два катанци,еднаш му украдоа точак и бојлер,беше потресен да не му ја смкнат и расолницата и сега човек не може да се напие од радост,ги чува ко очи.Прегледај го приврзокот 326900
Ама затоа ја осетив целата тага на светот кога ископав една стрела,видара, 52 степена,створена во мешеишкиот крај ,при Охрид,изготвена од врвни мајстори со многу љубов и внимание.
Овој пијалок не се пие при секаква пригода,бидејки може длабоко да ја наруши емотивната состојба на човекот и да доведе до несакани последици.
Кај мене немаше ништо посериозно,освен оние стандардните црвенила на главата ,ушите ,образите,губење на рамнотежа при обид за станување од гарнитура и пешачење до некое ВЦ и подочњаци во утринските часови.
Сабајлето стандардната процедура,миење под ладна вода ,и ќутење некои 2 саата поради проблеми со гласните жици настанати од стрелата и 2 кутии Честерфилд плаво ( кратко ) ,за доручек брз јогурт и нешто меко како бурек или вртена.
Исто така имам забелешки дека овој вид на алкохол секогаш е препорачлив да се конзумира во група,со најблиски или подалечни пријатели.
Прегледај го приврзокот 326901
Здравје ,за вечер уште пред утакмица ќе се спреми се што треба,па дали ќе се пие од радост или тага не е битно,поводот го имаме !