Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?

  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ја мислам ова со потписиве на клубовите е замачкување очи. Целата идеја сигурно е на Алкалоид и неговото раководство (РФМ) во случај да бидат 3 место во прва лига. Таму конкуренцијата за прво место во плејофот ќе биде голема - Голден Арт, Јуниор Кисела Вода и Младост Богданци.
Можеби. Катастрофална идеја е без разлика кој ја иницира. Ако е Алкалоид, стварно не ги разбирам, огромни шанси имаат да се пласираат секако. Првиот влегува во суперлига директно, вториот ќе игра бараж со претпоследниот, а моментално првите 3 екипи од прва лига се далеку појаки од последните 2 во суперлига.

П. С. Мене повеќе ми личи на масло на Металург кој е на добар пат да испадне од лигата со играчите кои им се останати.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533

Тотално непотребна авантура е ова со зголемување на лигата. Гарант е врзано со нечии желби за ваучери и сл. Бидејќи разумна логика едноставно нема. Па кај се оние први 5-6 клуба во лигата да се побунат за вакво нешто?
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.674
Каква легенда е овој Резо Чантурија.
Ликот дојде на 22 години од Грузија и тука направи кариера,18 години игра во Македонија.
Сега проверив 2004та потпишал во Металург,после тоа ги има извртено скоро сите поголеми клубови во државава,од Вардар до Пелистер па Зомимак,Струга,Прилеп...во некои се навраќал повеќе пати.
Се надевам дека и како тренер ќе продолжи тука,јазикот одлично го владее дури и дијалектите помалку ги знае. :D

Едноставно мораше еден пост за него да посветам на темава,дефинитивно една од легендите на Македонската Суперлига.
20220313_001000.jpg
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.184

Прегледај го приврзокот 324995
Имаше и негови сонародници во Вардар, во 90-ти додека игравме во Расадник, Тите Каланадзе, Бокочадзе Туркија. Тите Каланадзе каков лев бек беше, камо сеа да иаме еден таков на таа позиција.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
 
Член од
31 јануари 2022
Мислења
377
Поени од реакции
995
Имаше и негови сонародници во Вардар, во 90-ти додека игравме во Расадник, Тите Каланадзе, Бокочадзе Туркија. Тите Каланадзе каков лев бек беше, камо сеа да иаме еден таков на таа позиција.
Син му е во Шамбери сега.

Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.873
Имаше и негови сонародници во Вардар, во 90-ти додека игравме во Расадник, Тите Каланадзе, Бокочадзе Туркија. Тите Каланадзе каков лев бек беше, камо сеа да иаме еден таков на таа позиција.
Тите беше играчиште, машина.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Тите беше играчиште, машина.
Имаше скок од место со две нозе и топ во раката, немаше загубена топка при пасивен напад или ако заглави нападот, ја зема, се крева од место и пука со голем процент на реализација. Грузијциве беа мало изненадување кога дојдоа во Македонија, сепак Грузија ниту била ниту сега е некоја ракометна велесила, овие изгледа беа последниот производ на СССР школата. Се покажаа како супер засилувања, Тите и Бакочадѕе заминаа на крај на сезона, Туркија изигра уште една. Таа 98/99 и Олег Маљцев дојде во Македонија и остана 10-тина година, во Вардар 5 сезони после тоа во Металург. Уште еден странец кој оставил значаен белег во Македонската супер лига.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480

Со исклучувањето на Металург годинава од Супер лига, следната сезона од Првата лига место четири, треба пет екипи да се пласираат во повисок ранг и со веќе постоечките 11 да формираат две групи од по осум екипи што ќе се натпреваруваат во есенскиот дел.

Каква катастрофална одлука човече.. од моменталните екипи во прва лига кој ќе се пласираат во Супер лига само со Алкалоид и Голден Арт можи да добие дополнително квалитет Супер Лига, капак на се место да работат на зголемување на квалитетот на лигава, тие уште повеќе го компресираат истиот со тоа што ќе формираат две групи од по осум екипи..
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Уф уф интересен ќе биде плејофот. Целосно заслужен триумф на Пелистер. Реално ако не се изглупираа на крајот, ќе победеа и со повеќе разлика. Ама ако мислат дека ја освоија титулата, многу се излажаа. Ако нешто гарантира овој исход е жесток дуел во Битола. Јас би рекол дека Вардар сеуште е благ фаворит, но шансите му се драстично намалени во однос на ситуацијата пред овој натпревар.

Вардар некако без идеја. А искрено ми се чини и дека Дејвис се изгуби. Борко пред Томовски... Њокас пред Талески... Замени во чуден момент. Единствен добар потег му беше Карапалески кој реално ја рамрда играта (мора ова дете да добива повеќе шанси во сериозни натпревари!).

Пелистер одигра одлично во одбрана и тука го добија натпреварот. Во напад, доста тешки шутеви од 9 пројдоа заради слабиот ден на голманите на Вардар па затоа успеаа да постигнат доволно гола инаку ќе се мачеа. Без Периќ и Велковски организацијата оди многу потешко, повеќе се оди на индивуални квалитети, ама извадија доволно. Вака така Танкоски одигра една од неговите подобри утакмици за Пелистер. Главни јунаци - Н.Маркоски и Кизиќ. И после не можело да се игра квалитетно со македонци....

И морам уште едно нешто да искоментирам. Околу пристрасноста. Начевски и Николов би рекол нема добар ден за свои стандарди имаа некои грешки, но генерално, го задржаа натпреварот под контрола за да има горе долу фер исход. Сосема спротивно е однесувањето на коментаторот Видевски. Па не е ова Вардар - Веспрем и да можеш отворено да навиваш за Вардар. Недозволиво е коментатор на МРТВ, на националната телевизија, отворено да биде пристрасен во домашно првенство. Уште што не заплачи што изгуби Вардар. Неприфатлив однос, не може на таков начин да се форсира еден клуб (без разлика што е најпознатиот во државата) а да се дискриминираат клубови од другите градови од Македонија.
 
П

Пљампач

Гостин
Срамота е коментатор на национален сервис да коментира толку пристрасно... Разбирливо е да навива за Вардар пошо е скопјанец, ама пред се треба да биди професионалец пошо се работи за национален сервис.
Реакциите на Столе под секое ниво за играч од таков калибар.

Како и да е, ова е само едно полувреме и ништо не е завршено. За титулата ќе треба и двете екипи да се испотат уште еднаш машко во Битола.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.873
Срамота е коментатор на национален сервис да коментира толку пристрасно... Разбирливо е да навива за Вардар пошо е скопјанец, ама пред се треба да биди професионалец пошо се работи за национален сервис.
Реакциите на Столе под секое ниво за играч од таков калибар.

Како и да е, ова е само едно полувреме и ништо не е завршено. За титулата ќе треба и двете екипи да се испотат уште еднаш машко во Битола.
Честито победа, сосема заслужено. Знаевте што сакате и гризевте до последна секунда.
Не знам какво бил коментарот на Видевски, ама кога се играше во Битола коментираше ко да е со вас на трибина со зелен шал околу врат.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Тешко сељачење удри Столе. На крајот не се ни поздрави со колегите, ебате плачкото на така зрели години.
Инаку судењето беше во најмала рака домаќинско, така што немаше никаква причина да скока по судиите.
Тој гревот од судија, му опцу мајка Столе и му појде да го тепа, а овој факинг 2 минути му даде. Човек да не поверува. :facepalm:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Бутел ако ја добиеше во Охрид ??
 
Kajgana Shop

На врв Bottom