Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
2 август 2017
Мислења
282
Поени од реакции
415

Третиот шешир изгледа лесно на хартија (освен Украина :icon_lol: ). Ама група со Грција и Бугарија би била џек-пот за нас. :cool:

Па имавме (кога заврши Вале веројатно со репрезентацијата 2008-ма, тогаш и женскиве пропаднаа). И тоа и донесе ракометна еуфорија кај нас уште од она СП 1997 кога Инди беше најдобар стрелец, а ние бевме 7-мо место. Плус Кометал тогаш и редовно стигнуваше до 1/4-финале и сезоната 99/00 стигна и до финале.
другар кога нешто пишуваш пишувај докрај. Што се случи со Кометал после 2000година,само до финале ли стигна :свиркам:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.012
Поени од реакции
9.799

Абе остај тоа со 90% натурализирани ракометарки. Ете кога им завршија кариерите видовме колку имаме женски ракомет. Реалноста е таа, тужно ама реално.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
другар кога нешто пишуваш пишувај докрај. Што се случи со Кометал после 2000година,само до финале ли стигна :свиркам:
Кажав за почетокот, кога репрезентацијата женска имаше супер резултати (1997-2000). После беше казната со неиграње во Европа, па репрезентацијата падна (2001-ва ни беше подарено место на СП, баражот беше загубен од Словенија) и пак успеа да стигне на првенство во 2005-та. Кометал беше и шампион 2002-ра и победник на супер купот истата година. Беше и финалист во 2007-ма плус. Кометал е тим со богата традиција, барем во женски ракомет. Поентата ми беше тој период кога репрезентацијата беше често 7-мо или 8-мо место.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.991
Поени од реакции
74.103

Кометал играше финале во 2004 по трет пат.

Само пласман на СП 2005 беше остварен со мнозинство наши ракометарки, кога ја тепавме Франција.
Женскиот ракомет ни е убедливо најуспешен женски спорт, ама успесите ги градевме со натурализирани играчи.
Од тие состави од поважните играчи само Вале Радуловиќ, Гордана Нацева, Мими Чупиќ, Билјана Наумоска, Дана Филипоска и Клара Боева подоцна.
Од наредните генерации уште Мирјета Бајрамовска, Драгана Пецева, Тања Андреева, Биле Црвенковска, Јована Саздовски со тој блесок во 2005.
Секогаш сме се потпирале на странските играчи во Кометал, ниту една од Инди, Абрамова, Кисељева, Маслова, Велкова, Платон, Малахова-Тодоровска, Портјанко, Кресоја која газеше во 2008 на првенството кај нас не беа наши играчи.
 
Така беше 2004/5 (значи 2005-та би дошло) кога играа пак финале. На една утакмица со Слагелсе Брондби 11-12 гола примија за цела утакмица. :icon_lol: А Франција ја тепавме за ЕП 2012-та на Кале. Претходно ја немавме победено. Добро, да тие беа играчите кои се наши-наши и точно е дека сме се потпирале на натурализирани играчи (еве и Охоланга и Ташчи да ги спомнеме исто, а од нашите Папуџиева, Златановска, Зашовска и Коцевска), ама па баш женскиот ракомет кај нас направи бум и интерес првично. Знам колку религиозно се гледаа оние продолжетоци во 1/8-финалето со Романија на СП 97-ма. Скоро сите и да беа дома тогаш.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.290
Поени од реакции
5.568
Дај бе истата прича да направиме и сега, што к.р

Очигледно е дека домашниот кадар е Non-existent дај Мукаетов нека натураилизира од пошироки списоци на квалитетни репки што испаѓаат барем ќе си гледаме ракомет. Не сум за фелш странци да зимаат место на наши играчи кои имаат потенцијал, ама кај жениве очигледно е дека потенцијал НЕМА, така што најлогичниот избор би била репка од натурализирани играчки и нашивек која ќе се избори, повели која не адиос
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Лесна група 5 за нас со Шпанија, Литванија и Азербејџан. Литванија и Азербејџан се слаби репрезентации и мислам дека нема никакви дилеми дека ќе се пласираме на ЕП. Шпанките заедно со Хрватска беа најповолна опција од првиот шешир.
 
Член од
4 јануари 2016
Мислења
119
Поени од реакции
216
Во ваква група не смее да се киксне. Избегнати се неколкуте посилни незгодни екипи од трет шешир, така да второто место мора да се освои во групава.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
https://sportmedia.mk/2023/05/30/јуниорите-и-кадетите-добија-селектор/

Искрено не знам зошто ја ставаат Дамчевска на јуниорската репрезентација (У19), кога таа кога ги водела младинките или кадетките губеле по минимум 18 разлика. :confused::cenzura: Ако не се лажам, ние и сме и домаќини на тоа СП за две години плус...
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Нема генерација која Дамчевска нема упропастено! Браво сестро! :bravobe:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.656
Поени од реакции
4.298
Што упропастува сега? Според резултативе може да се каже дека имаат солиден настап на првенствово, ако на тоа мислиш? Претпоставувам утре ќе се борат со Чешка за трето место во група. Тоа е плафонот на македонскиот женски ракомет. Според стрелците, сите девојки кои заслужуваат минутажа очигледно ја добиваат досега, плус што и првиот пикер Коловска им се повредила на припреми и го пропушта првенството.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.713
Поени од реакции
5.974

Малку глупо е Грчевски да е тренер на кадетките а Дамчевска на младинките
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Што упропастува сега? Според резултативе може да се каже дека имаат солиден настап на првенствово, ако на тоа мислиш? Претпоставувам утре ќе се борат со Чешка за трето место во група. Тоа е плафонот на македонскиот женски ракомет. Според стрелците, сите девојки кои заслужуваат минутажа очигледно ја добиваат досега, плус што и првиот пикер Коловска им се повредила на припреми и го пропушта првенството.
Јас за инает не зборам. Девојките лани ја имаа Шведска во раце (истата Шведска прва во група А) и изиграа нерешено, притоа примија само 20 гола. Со Исланд тесна утакмица, примени 25 гола, минимален пораз на прошлото СП. Кога играа Б-дивизија, и Полска и Исланд паѓаа, а со Шпанките беше тврдо. Сега сите утакмици се решени при почеток на второ полувреме. 39 гола од Данска примија, 33 од Црна Гора - одбрана нула! Кога имаа налет против Данкињите во втор дел, можеше да уфрли 7 на 6 затоа што тоа функционираше во првото полувреме. Не кудам безвезе. Кога водеше една генерација од Б-дивизијата, дома на Кале од Бугарија изгубија и тоа со 5 разлика, башка скоро 20 разлика од Полска. Кадетското ЕП во Скопје негде 2015 беше тажно за гледање. Губеа со по 20 разлика на скоро секоја утакмица. Па и најкилав состав да имаш, на домашен терен, пред публика, нема бе толку да губат од кого ќе стигнат - со Словачка за претпоследно место само 9 разлика загубија и не примија мислам 30+ голови. Едноставно не ја бива! :cenzura::toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom