Македонска кошаркарска лига сезона 2013/14

Кој ќе биде шампион ?


  • Вкупно гласачи
    52
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Уште некоја недела до стартот на лигата :)
Годинава веројатно како никогаш досега некоја екипа отскокнува од остатокот, и ако не се чуди некое огромно чудо, МЗТ Скопје би требало да дојде до третата титула по ред.

Составите на екипите сеуште не се дефинирани. Во последниот билтен ги има Македонските играчи на екипите, додека за странските сеуште не е дефинирано.

Во глобала за МЗТ Скопје сме најинформирани. Дресот на Аеродромци во новата сезона би требало да го носат Александар Костоски, Дамјан Стојановски, Огнен Стојановски, Кирил Николовски, Ѓорѓи Чековски, Тодор Гечевски, Горјан Марковски, Џастин Рејнолдс, Дејвис, Стефан Синовац, Оташевиќ и Лукиќ. Во составот е и Љубомир Младеновски, но најверојатно ќе премине во Работнички, побаран е раскин на договорот,

За Куманово би требало да настапат Марјан Младеновиќ, Ивица Димчевски, Дарко Радуловиќ, Дарко Станимировиќ, Марјан Јанески, Кристијан Маневиќ, Филип Тодоровоиќ, Димитар Илиевски, Марко Јовановски, Ненад Стојановски, Филип Диневски и Мирослав Петровски.
Колку што знам ќе доведат уште некои странци. Нека пишат Кумановци :)

Кожуф лани беше достоен противник за МЗТ, ама за годинава некако немам многу инфо за нив. Според билтенот само Александар Штерјов ака Кромитче им е пријавен, а се чекаат да се завршат формалностите и со Димитар Караџовски, Игор Пенов, Димитар Мираковски, Златко Гоцевски, Горан Главчев, Марко Велковски и Дејан Делев. За странците не знам дали некој останал (веројатно да) и дали ќе пријавуваат некои нови).


Работнички се консолидираа некоја недела. Жерновски ја превзема екипата, а на трибините се враќаат и ЦПБ. Тимот отприлика им се состои од Марјан Ѓуров, Јане Петровски, Владимир Брчков, Дарко Соколов, Стефан Крстевски, Марко Симоновски, веројатно Љубомир Младеновски, Дарио Митрев и Мартин Шалев. Од денеска ново засилување им е Кнежевиќ од Фени. Нема инфо за странците што играа лани...

Лирија го задржа поголемиот дел од составот, мада слушнав дека имале некои финансиски проблеми. Играат Тони Симиќ, Димче Тасовски, Никола Караколев, Лабинот Идризи, Бобан Стајиќ, новите аквизиции од Фени, Бојан Трајковски и Горан Самарџиев, Ардит Мехмед и Ердин Јакупи. Веројатно и странците им се тука, засега нема инфо :)

Од малкуте информации за другите состави би требало да имаат некој ваков изглед.

Струмица - Петре Цветков, Ѓорѓи УЗунов, Зоран Стојанов, Филип Спасев, Јовче пандев, Тони Грнчаров, Марио Хасанов и Иван Цикарски.

Пелистер - Милко Дрангаловски, Стефан Мицевски, Даниел Захариевски. Зоран Петковски, Ѓорѓи Анакиевски, Бојан Давков, Јове Крајовски, Горјан Атанасовски, Кирил Босилков, Влатко Николовски, Никола Радевски и Мартин Ристевски. Битолчани споменуваа дека некои од странците уште биле во клубот. Калањ на пример.

Карпош Соколи - Ненад Марковиќ, Ангел Тасевски, Владимир Георгиевски, Дарко Димковски, Кирил Павловски, Давид Манасиевски, Мирослав Петровски.

Фени морав да го вбројам во тимовите со помалку информации. Клубот падна на ниво да се бори за опстанок. Досега се пријавени само Енес Хаџибулиќ, Ефтим Богоев, Павле Николов и Никола Олтовски. Претходно најавуваа дека ќе играат само со младинци ама собрале некои поискусни играчи ко Тимба и Енес.

Вардар Апаве - Ѓорѓи Кочов, Филип Кралевски, Дарко Костески, Милиоје Трифуновски, како резултат на фузијата со Вардар доаѓаат Предраг Пајиќ, Дејан Лазаревски, Војче Лефкоски, Даниел Нацевски и Игор Ивановиќ, додека тимот уште го составуваат и Адем Мемиќ и Бруно Николиќ.

Нема многу да погнозирам во моментов, бидејќи не се дефинирани целите состави и не се објавени странците кои ќе играат во екипиве. Нормални МЗТ е фаворит број еден, од другиве очекувам истите од лани да влезат во суперлига. За испаѓање две екипи од Вардар Апаве, Карпош, Пелистер и Струмица би требало да испаднат, а според моменталниве состави сите ми изгледаат во загрозена положба. Вака гледано Пелистер без странците ми е најанонимус екипа, но и Струмица ми делува доста слабо. Карпош Соколи со Павловски, Георгиевски и Тасевски би можел да се бори достојно, а и Вардар Апаве со Кочов, Кралевски и помладите би бил поконкурентен од лани. Нормално не знам кои странци ќе играат, така да излишни се прогнозите во моментов :)


Она што е новост годинава, и поради кое во глобала ја отварам темава е следново.
Имено додека МЗТ игра во АБА лига, за да не биде една екипа слободна, Младинската репрезентација на Македонија ќе се натпреварува надвор од конкуренција во лигава. Имено ќе играат со секој клуб што е слободен во колото. Ова го праат бидејќи младите слабо добиваат минутажа во првенството и се потиснати од странците во екипите. Малце глупо ќе делува, пошто ако некој млад е добар ќе си игра за својот тим, така да не знам колку најдобрите младинци би играле во тој состав. Тренерот на екипата допрва ќе се утврди. Ќе видиме што ќе испадне од ова, мада и противниците ќе бидат немотвириани во овие дуели пошто им се вон конкуренција, нешто како пријателски.
http://www.basketball.org.mk/?ItemID=DE86A6B2A3E12D4DA83D6C8CDE1935CD

EDIT: Заборавив анкета, нека стават модераторите :D
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Maртин Шалев е во Вардар, од Штип е детето. Требаше да иде во Работнички, ама ништо
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Куманово состав:

Странци: Немања Врањеш(1/2), Вукашин Мандиќ(3), Иван Мишковиќ(4), Марино Шарлија(4/5)

Наши: Марјан Младеновиќ(1), Ивица кафана Димчевски(1/2/3), Дарко Радуловиќ(2), Дарко Станимировиќ(3 - капитен :pos:), Марјан Јаневски (4/5), Кристијан Маневиќ(2/3), Мирослав Петровски(5), Филип Диневски(3)

Младинци: Димитар Илиевски (2/3), Марко Јовановски(2), Ненад Стојановски(2/3)

Петорка регуларен дел:

Врањеш ( Младеновиќ )​
Мандиќ ( Станимировиќ ) - Илиевски ( Јовановски )​
Мишковиќ ( Јаневски ) - Шарлија (Јаневски )​
Состав Суперлига:​
Врањеш ( Младеновиќ )​
Мандиќ ( Станимировиќ ) - Кафана ( Радуловиќ )​
Мишковиќ ( Јаневски ) - Шарлија ( Јаневски)​
Слаби сме кај центарските позиции. Т.е позиција 5 ни е најслабо покриена. Незнам дали ќе се доведе уште некој играч на таа позиција но вака како што стои ростеров таму сме најтенки. Неможеме да се потпревеме на Петровски кој иако е 210 нема појма кошарка. Ќе грее клупа пак и ќе го пуштаат против тимот на младинската репрезентација.​
2ца играчи ни се повредени од кои Димчевски во кој полагаме големи надежи да биде предводник на овој тим.​
3цата странци Врањеш,Мандиќ и Мишковиќ се квалитетни играчи за нашава лига. Ќе бидат пријатно изненадување. Центарот Шарлија уште ме нема убедено дека ќе може да го замени Урош Луковиќ.​
Останатите мкд играчи се просечни играчи од нашава лига. Се на се очекувам добро да се преставиме и конечно да избориме плејоф. Мислам дека сме конкурентни и дека ќе сме рамо до рамо со Кожув и Работнички.​
Коњаникот Сабја Угриновски потпишал за Kaрпош... најдобар играч им беше на пријателската со Куманово. Сепак не ги гледам ко сериозен кандидат да направат нешто повеќе.​
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
Анкетата е креирана, и чисто информативно Вардар Апаве нема никаква врска со Вардар од лани :D Тој Вардар од лани е во 2ра лига и за него ќе се навива. :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Maртин Шалев е во Вардар, од Штип е детето. Требаше да иде во Работнички, ама ништо
Беше ставен во оние кои чекаат исписница :)
Затоа го напишав во Работнички :)
--- надополнето: 27 септември 2013 во 12:25 ---
Анкетата е креирана, и чисто информативно Вардар Апаве нема никаква врска со Вардар од лани :D Тој Вардар од лани е во 2ра лига и за него ќе се навива. :)
МЗТ си го заборавил во анкетата :pos:

Договорите меѓу Вардар и Апаве ми се почудни и од фузијата на Вардар со Миравци во фудбал :icon_mrgr:
Направија тим Вардар Апаве кој се состои од првите петроки на двата тима, ги споија школите со цел да направат доста јака младинска школа, ама паралелно си постои и КК Вардар кој ќе игра во втора лига со оние играчи кои лани добиваа помалку шанса (веројатно за да има каде да се докажуваат помладите). И сега кој клуб ќе припаѓа на АД Вардар? :)
 

НЕНАСИТЕН!!!

СУМ ПО ТЕБЕ
Член од
8 мај 2012
Мислења
263
Поени од реакции
157
Во составот е и Љубомир Младеновски, но најверојатно ќе премине во Работнички, побаран е раскин на договорот
Ова е нелогично затоа што Младеновски токму од Работнички премина во МЗТ пред некоја недела...
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.962
Поени од реакции
1.237
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОД МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ИГРАЧИ СЕ ВКЛУЧУВА ВО НАТПРЕВАРИТЕ ОД ПРВАТА ЛИГА
На втората седница на ЗКК од Прва Лига Мажи за сезоната 2013/14, одржана денеска во НОЕЛ во Гевгелија, клубовите го поддржаа предлогот на МКФ за вклучување на Репрезентација од млади македонски играчи како 10-та екипа во лигата. Репрезентацијата ќе се натпреварува надвор од конкуренција, а ќе игра против екипите кои треба да се слободни во колата.

Овој предлог, кој на денешниот Состанок беше изгласан од Здружението, ќе биде испратен на разгледување на следниот состанок на Управниот Одбор, а доаѓа како замена за правилото за задолжителен настап за млад кошаркар (до 20 години) кое беше активно во минатите две сезони во Првата лига.

Репрезентацијата ќе биде составена од млади македонски кошаркари, но без прецизна возрасна граница. Главната цел е воигрувањето на младите кошаркари во силната прволигашка конкуренција, за низ бројот на силни натпревари да се испирира поквалитетен развој на играчите кои во иднина би се промовирале во стандардни прволигаши и репрезентативци. Младите кошаркари и натаму работеле редовно со своите клубови, а би се собирале заедно непосредно пред одигрувањето на натпреварите. Стручниот совет на МКФ ќе го одбере тренерскиот тим кој ќе ги селектира и предводи во претстојната сезона од Првата лига.
Репрезентацијата, иако ќе игра редовни кола, ќе се натпреварува надвор од конкуренција, а за противник ќе го има тимот кој во соодветното коло треба да биде слободен. Резултатите од натпреварите кои ќе ги игра Репрезентацијата нема да се земаат во предвид при бодувањето во табелата.
Првата Лига Мажи ќе ја почне сезоната 2013/14 на 12 октомври со своето прво коло. Доколку денеска изгласаниот предлог добие потврден одговор од Управниот Одбор, Репрезентацијата на своето прволигашко деби ќе се сретне со Карпош Соколи.


http://basketball.org.mk/?ItemID=DE86A6B2A3E12D4DA83D6C8CDE1935CD


--- надополнето: 27 септември 2013 во 13:48 ---
Ова е за мене многу глуп потег, ќе тренираат со клубовите а ќе играат во посебна екипа, која ќе биде собрана пред натпреварот. Па како таа екипа ќе биде уиграна. Бог да чува, само вакви испади може од КФМ и Бугарската федерација за кошарка.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Ова е нелогично затоа што Младеновски токму од Работнички премина во МЗТ пред некоја недела...
Сум ги измешал малце работите, мислев дека чека исписница од МЗт за во Работнички, ама изгледа обратно било :)
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
Љубо Младеновски е член на МЗТ и на него се планира за во иднина, не знам од кај ви е дезинформацијава али е тотално неточна. Иначе во анкетата заборавен е МЗТ :).

Тренер на Соколи е Ацо Петровиќ, а од странци знам дека е Немања Станковиќ што играше во МЗТ во 2009 година (позиција тројка).
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Мислам сите треба да се сложите дека Пелистер ќе биди шампион.
:pos:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
Беше ставен во оние кои чекаат исписница :)
Затоа го напишав во Работнички :)
--- надополнето: 27 септември 2013 во 12:25 ---

МЗТ си го заборавил во анкетата :pos:

Договорите меѓу Вардар и Апаве ми се почудни и од фузијата на Вардар со Миравци во фудбал :icon_mrgr:
Направија тим Вардар Апаве кој се состои од првите петроки на двата тима, ги споија школите со цел да направат доста јака младинска школа, ама паралелно си постои и КК Вардар кој ќе игра во втора лига со оние играчи кои лани добиваа помалку шанса (веројатно за да има каде да се докажуваат помладите). И сега кој клуб ќе припаѓа на АД Вардар? :)
КК Вардар од 2ра лига ќе биде на АД Вардар, а Вардар Апаве си нема врска.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Смешки е анктева... треба само Мзт да стои :icon_lol:
 
Z

ziko bt

Гостин
Во Пелистер има тројца Срби двајца од лани,Калањ и тој плејо ко полноглавче шо е :D ,и уште еден нов позиција 2/3,доволно колку да сме конкурентни за опстанок. :)
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Кој е тј имењак у Карпош Соколи на нашега кабела,да не е и он такв некој? :pos:
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Лирија играат уште у Сарај нели? И може тамо да се отиде да се гледа кошарка или може да имам "топол пречек" :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom