НЕНАСИТЕН!!!
СУМ ПО ТЕБЕ
- Член од
- 8 мај 2012
- Мислења
- 263
- Поени од реакции
- 157
Дојде Август. Некои екипи почнаа да се засилуваат, некои сеуште се тивки, но се очекува и од тие да почнат да се објавуваат Информации. Засега МЗТ Скопје е најактивен, со тоа што приремите на МЗТ ќе почнат порано од другите поради АБА лигата. Фени засега тивки, според нивниот портпарол наскоро ќе има прес конференција каде ќе се објават играчи, тренер итн. Според најновите информации Работнички ќе прави квалитетен состав, со Шишковски како претседател на клубот. Лирија веќе почна да се засилува и станува еден од посериозните тимови во лигата, кога станува збор битката за Плеј оф. Веќе го потпишаа Хаџибулиќ и најавуваат дека ќе играат во БИБЛ. Тука се и Куманово, кои како и во последниве неколку години би требало да се наоѓаат на погорниот дел од табелата. Сеуште нема ништо официјално, но се очекува да создадат квалитетен состав. Тука се и Кожув кои веќе се засилија со три играчи и се очекува да бидат во борба за Супер лигата. Милениум се спои со останатите кошаркарски клубови од Струмица, во КК Струмица. Најавите се дека ќе направат квалитетна екипа и ќе бидат сериозен противник. Според некои информации веќе ги имаат потпишано Богоев и Караколев, што значи дека ако се точни информациите КК Струмица и те како ќе биде конкурентна екипа. За КК Вардар нема многу информации, се очекува да се земат некои играчи од младинскиот состав и да направат мешана екипа од искусни и млади играчи кои ќе се надеваат на опстанок. Пелистер за сега се со истиот состав од ланската сезона, па затоа се едни од конкурентите за испаѓање. Ситуација со Торус е многу чудна, ама се збори дека ќе играат со младински состав и ги ставаат како сигурно испадната екипа.
Според тоа што се случуваше до сега ова лето, и според најавите од клубовите, ова е моја прогноза како ќе се одвива оваа сезона. За шампион го типувам МЗТ Скопје. Иако сум фан на МЗТ, сепак на работите гледам од кошаркарска страна, а не од симпатизерска. МЗТ само се засили од ланскиот состав и со најавите дека ќе се земе центар поквалитетен од Тодор Гечевски неможам да посочам кон друг клуб. Во Плеј оф искрено неможам да типувам кој друг ќе влезе, затоа што има многу екипи кои добро се засилуваат и најавуваат квалитетни состави и добар пласман. Тука се Фени, Лирија, Работнички, Куманово, Кожув, Струмица. Би требало овие екипи да ги пополнат првите седум места. За испаѓање би требало да се борат Вардар, Пелистер и Торус, со што сите ги имаат отпишано Торус и ги сметаат за веќе испаднати.
Сево ова е мое мислење базирано од тоа како се одвиваат работите и како одат најавите од клубовите. Сепак има уште време до старт на лигата, па се може да се смени.