Македонска кошаркарска лига - Сезона 2012/13

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/13?

  • МЗТ Скопје

    Гласови: 90 49,7%
  • Фени Индустри

    Гласови: 9 5,0%
  • Работнички

    Гласови: 20 11,0%
  • Лирија

    Гласови: 2 1,1%
  • Кожув

    Гласови: 8 4,4%
  • Куманово

    Гласови: 24 13,3%
  • Торус

    Гласови: 1 0,6%
  • Вардар

    Гласови: 4 2,2%
  • Струмица

    Гласови: 11 6,1%
  • Пелистер

    Гласови: 12 6,6%

  • Вкупно гласачи
    181
Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.477
Поени од реакции
42.856

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.269
Поени од реакции
5.112
Нека почива во мир !!!
Од ко гледам македонско првенство во кошарка тој од тогаш е судија !!!
Судеше доста утакмици и на Пелистер, одличен судија, најдобар во Македонија !!!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.613
Поени од реакции
70.165
На дел од кошаркарските клубови им е тешко да работат според законите?!

21 авг 2012 17:11

Само два клуба со целосно извршена трансформација во акционерско друштво (МЗТ Скопје и Работнички), четири со започнат процес на пререгистрација (Фени Индустри, Лирија, Кожув и Струмица) и дури четири екипи (Куманово, Вардар, Пелистер и Торус) што не ни планираат да ги исполнат законските обврски е моменталната состојба во македонската кошаркарска елита на нешто повеќе од еден месец пред почетокот на новата сезона.

Денешниот состанок на Здружението на прволигашите (ЗП) покажа дека на најголем дел од кошаркарските колективи им е тешко да работат според Законот за спорт, кој предвидуваше нивна пререгистрација од Здружение на граѓани во акционерски друштва најдоцна до 31 јули. Главна причина за ваквото однесување на поголем дел од кошаркарските прволигаши е фактот што со пререгистрацијата ќе се зголемат и нивните трошоци односно меѓу другото ќе мора да плаќаат осигурување за дел од играчите како и за дел од тренерите нешто што досега елегантно беше избегнувано. Со трансформацијата исто така се планира потранспарентна работа на клубовите и поголема контрола на државата врз нивното работење.
Како можно решение за незгодната ситуација во која се наоѓа македонската клупска кошарка, а тоа е лига со само пет-шест екипи ако државата остана доследна на својата одлука да не дозволи настап на професионално ниво ниту еден клуб што не е пререгистриран, е оспорување на уставноста на спорниот дел од Законот за спорт во случај на позитивен одговор на Уставниот суд по барањето на Вардар, а кое, како што беше кажано на денешниот состанок на ЗП, ќе биде поддржано од сите останати екипи како и од Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Очекувано, од Вардар кажаа дека ако мора да преминат во АД нема да настапуваат во прва лига...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.613
Поени од реакции
70.165
КК Вардар - Скопје
Моментален состав: Андреј Билјановски, Војче Лефкоски, Владимир Готиќ, Владимир Петровски, Мартин Давитков, Дејан Лазаревски, Предраг Пајиќ, Игор Ивановиќ, Филип Диневски, Александар Костадинов, Бојан Крстевски, Марко Сотиров, Давид Манасиевски, Денис Ампов, Марко Огњановски, Даниел Нацевски, Илија Ристовски, Мартин Грозданов, Филип Ѓорѓиевски
Тренер: Бранко Андриевски
Дојдоа: Марко Сотиров, Мартин Грозданов, Давид Манасиевски
Заминаа: Дарко Радуловиќ, Ангел Тасевски, Александар Штерјов, Владимир Ѓеоргиевски, Филип Кралевски, Стефановски, Ѓорѓиоски

КК Кожув - Гевгелија
Моментален состав: Димитар Караџовски, Виктор Ефтимов, Дарко Радуловиќ, Александар Штерјов, Апостоли Апостолов, Петар Апцев, Игор Пенов, Кирил Павловски, Владимир Филиповиќ, Петре Цветков, Слободанчо Хаџивасилев, Дејан Вегов, Горан Главчев, Стефан Живановиќ, Марко Велковски, Томче Ристов
Тренер: Горан Вркиќ
Дојдоа: Владимир Филиповиќ, Димитар Караџовски, Дарко Радуловиќ, Александар Штерјов, Игор Пенов, Кирил Павловски, Стефан Живановиќ
Заминаа: Александар Димитровски

КК Куманово - Куманово
Моментален состав: Александар Костоски, Ивица Димчевски, Урош Луковиќ, Владимир Ѓеоргиевски, Дарко Станимировиќ, Марјан Младеновиќ, Мирослав Петровски, Марјан Јаневски, Дејан Микиќ, Милош Нинковиќ, Кристијан Маневиќ, Петар Виларов, Ненад Стојановски
Тренер: Љубислав Луковиќ
Дојдоа: Ивица Димчевски, Владимир Ѓеоргиевски, Ненад Стојановски
Заминаа: Филип Брукс, Дарко Матиќ, Милан Јањушевиќ, Тино Шаботиќ, Даниел Калов

КК Лирија - Скопје
Моментален состав: Диме Тасовски, Бобан Стајиќ, Бошко Јововиќ, Тони Симиќ, Енес Хаџибулиќ, Балша Радуновиќ, Љабинот Идризи
Тренер: Марјан Илиевски
Дојдоа: Енес Хаџибулиќ, Бошко Јововиќ
Заминаа: Владимир Филиповиќ, Синиша Аврамовски, Берат Дехари, Дејан Неделковски, Сазан Ибраимај, Стефан Видински, Валон Рамадани

КК МЗТ Скопје Аеродром - Скопје
Моментален состав: Огнен Стојановски, Игор Мијајловиќ, Брендон Вуд, Тони Грнчаров, Дамјан Стојановски, Кејд Дејвис, Кирил Николовски, Ноа Далман, Ѓорѓи Чековски, Тодор Гечевски, Горјан Марковски
Тренер: Александар Тодоров
Дојдоа: Дамјан Стојановски, Кирил Николовски, Горјан Марковски, Брендон Вуд
Заминаа: Игор Пенов, Никола Вучуровиќ, Никола Гајдаџиев, Александар Штерјов, Ѓорѓи Кочов, Ервин Цого

КК Пелистер - Битола
Моментален состав: Горан Петковски, Ѓорѓи Талевски, Даниел Захариевски, Ѓорѓи Анакиев, Александар Николов, Кире Босилковски, Јован Крајевски, Горјан Атанасовски, Димитар Бошевски, Бојан Давков
Тренер: Благој Печалов
Дојдоа:
Заминаа:

КК Работнички - Скопје
Моментален состав: Јане Петровски, Димитар Мираковски, Ненад Зивчевиќ, Слободан Михајловски, Александар Димитровски, Стефан Крстевски, Ненад Станков, Бобан Богески, Никола Гоговчевски, Марко Здравковски, Ервин Цого, Љубомир Младеновски, Дарио Митров, Мартин Шалев, Марјан Ѓуров
Тренер: Марјан Лазовски
Дојдоа: Ненад Зивчевиќ, Слободан Михајловски, Александар Димитровски, Стефан Крстевски, Љубомир Младеновски, Ервин Цого, Никола Гоговчевски, Марко Здравковски, Дарио Митров, Мартин Шалев, Марјан Ѓуров
Заминаа: Ефтим Богоев, Енес Хаџибулиќ, Ненад Дилберовски, Владимир Зујовиќ, Милош Павловиќ, Урош Васиљевиќ

КК Струмица - Струмица
Моментален состав: Ефтим Богоев, Трајче Николов, Златко Гоцевски, Никола Караколев, Филип Спасев, Славиша Јаневски, Бранко Јаневски, Александар Јевѓиќ, Сањин Балаш, Ѓорѓи Узунов, Душан Макенаџиев, Иван Цикарски, Филип Јанев, Драган Камберов
Тренер: Златко Зетов
Дојдоа: Златко Гоцевски, Ефтим Богоев, Никола Караколев, Александар Јевѓиќ, Сањин Балаш
Заминаа: Мартин Талески, Томислав Николовски

КК Торус СЦБТ - Скопје
Моментален состав:
Тренер:
Дојдоа:
Заминаа:

КК Фени Индустри - Кавадарци
Моментален состав: Марко Симоновски, Дарко Соколов, Душан Кнежевиќ, Бојан Трајковски, Горан Самарџиев, Владимир Брчков, Павле Николов
Тренер: Емил Рајковиќ
Дојдоа: Бојан Трајковски
Заминаа: Слободан Михајловски, Марјан Ѓуров, Дарко Радуловиќ, Кирил Николовски, Иван Лилов, Џарид Фрај, Димитар Делипетров
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
^ Што е со Торус !? :)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
^ Што е со Торус !? :)
Колку што разбрав.

Спонзорите во Работнички
Младинската школа во МЗТ


Според мене ова ќе биде најинтересна сезона до сега посебно дека тимовите како Кожуф и Струмица се појачаа доста.Ако нема блатантно судење во нечија корист очекувам на фајнл-фор да бидат ( освен секако МЗТ ) ФЕНИ,Куманово,Кожуф.

За последните места пак очекувам да се борат Пелистер и Вардар.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Толку е од Торус, спонзорите преминаа во Работнички.
Годинава или ќе играат со ланските младинци или па воопшто нема да постојат повеќе.
На почетокот на темата пишува дека младинската школа им преминала во МЗТ ,а така ми кажаа и други луѓе.Искрено младинската школа не им беше воопшто мала.

Целата кривица за нивното пропаѓање треба да ја бараат во тренерот.Понеспособно суштество немам видено на планетата.Уште кога видов дека и во репрезентација влегол како помошник тренер знаев дека не е на добро работата.На тој треба да му се забрани да биде тренер.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.613
Поени од реакции
70.165
Е што во тренерот била вината жити се?:pos:
Едноставно тоа си беше кондом клуб, реши ли газдата да не инвестира веќе, клубот пропаѓа до темел, пошто никој друг не го интересира за да го спаси.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Е што во тренерот била вината жити се?:pos:
Едноставно тоа си беше кондом клуб, реши ли газдата да не инвестира веќе, клубот пропаѓа до темел, пошто никој друг не го интересира за да го спаси.
Како што беше крив он ги кошташе секој пораз.Сигурно да го имаа освоено барем купот немаше газдите толку брзо да решат да си отидат.Типот изгуби се што можеше и тоа комплетно поради своја кривица и тука нема никакво чудење зошто пропаднал тимот.Дај не ме зафркавај изгубија од Морнар во БИБЛ лига.Па во таа лига да не стигнеш до фајнл фор треба да си комплетен губитник.

А сигурно не изгубија се зошто имаа лош тим.Тимот им беше сосема пристоен.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.613
Поени од реакции
70.165
Како што беше крив он ги кошташе секој пораз.Сигурно да го имаа освоено барем купот немаше газдите толку брзо да решат да си отидат.Типот изгуби се што можеше и тоа комплетно поради своја кривица и тука нема никакво чудење зошто пропаднал тимот.Дај не ме зафркавај изгубија од Морнар во БИБЛ лига.Па во таа лига да не стигнеш до фајнл фор треба да си комплетен губитник.
За поразите беше главен виновник, ама овде не збориме за тоа туку за НИВНОТО ПРОПАЃАЊЕ.
Нивното пропаѓње ќе зависеше од нивниот газда и во случај да освоеа тројна круна лани (првенство, куп, библ).
Си најде подобра шанса, ќе биде дел од спонзорски тим, немора сам да одржува цел клуб, плус ќе биде дел од најтрофејниот клуб и му опна катанец на неговиот клуб-играчка...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
За поразите беше главен виновник, ама овде не збориме за тоа туку за НИВНОТО ПРОПАЃАЊЕ.
Нивното пропаѓње ќе зависеше од нивниот газда и во случај да освоеа тројна круна лани (првенство, куп, библ).
Си најде подобра шанса, ќе биде дел од спонзорски тим, немора сам да одржува цел клуб, плус ќе биде дел од најтрофејниот клуб и му опна катанец на неговиот клуб-играчка...

Не станува само дел од вториот државен проект.Кој освен ако нема ептен блатантно судење во нивна корист нема ни да видат фајнл фор.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom