Македонска берза

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Ботовска комисија за ХВ да расчепка кој имал сознание дека извесна кутра и занемарлива ,,САВА'' ќе купува, и тој негативецот се здобил предвременски со хартии од вредност со лични средства од минорна банка и потенцијални идни интереси ? WHAAAT? Јас очигледно не сум за овој свет.. . Невидена трансгресија у слободен пазар и пристап на информации, грев пар екселанс у економски 21ви век.
Иако не сум некој фан на ставовите на ТЕНДО, потајно посакувам да бидам како него пошо колку и да е добар у истите ставови и идеи за идни случувања толку му се закачивте да го потонете при секој ваш неуспех и неидејност. Дои бе мене земете ме и у КХВ, МСЕ, ЦД, Папата :) кај сакате да ви се објаснам зошо у инвестирање не смее да постои морал и етика како у вашата субјективна парадигма. Тука сме за да се натпреваруваме, не да се сакаме и кумуваме. Победува тој шо прв ќе ја совлада вештината да ги порази останатите, не гледам апсолутно нишо спротивно на ова...
Ако не грешам, за вакви работи на запад се оди во затвор и тоа дебело. А фирмата (и ближа околина) фајронт forever.
Зе мене лично, причина повеќе да се селам подалеку од МСЕ
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.300
Поени од реакции
2.360
Ајдеее, јака веселба за УНИ, ама протагонистиве ќе го јадат немиен ако продадат и КХВ расчепка кој однапред изнакупувал имајќи инсајдерски информации дека Сава фондот ќе започне со купување.

Инаку, да ги спомнеме и некотираните компании. РИП Гоце Камчев, а Кутревски се искачува на второ место на листата на најдобри живи македонски бизнисмени:
Кривичниот законик предвидува и парична и затворска казна

Прегледај го приврзокот 366006
Патологија!

Сава нема купено акција од УНИ скоро 2 години. Просечна цена на купување е 2.100 денари. Извештаите на сите фондови на квартална основа се јавни.

До 14 септември 2022 година УНИ се тргуваше на 2.800 денари. Под 0.5 од книговодсвена вредност. Со јавен податок од Собранието од мај 2022 дека имаат одвоено 200 денари по акција кои ќе бидат достапни за акционерите.

И со тие информации и со тие показатели, ретко кој купуваше, од тие што сега се тепаат да купат. Тоа што СБТ не исплати дивиденда и ја исфрлија од индексот, а УНИ влезе, тоа е само плус ветер во грб.

А ти ги убедеуваше членовите на форумов дека гледаш некакви црни Аудија на Бугари како стојат пред Банката. И до ден денес не знам која е поврзаноста на тој податок со работењето на Банката и цената на акцијата. Ама во твојата глава ете и тоа има смисла.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2022
Мислења
7
Поени од реакции
1
Стопанска банка А.Д. Скопје во 2022 година заработила 39.703.000 евра. Заедно со НЛБ и Комерцијална банка спечалиле 115 милиони евра (нето добивка по оданочување).
Веројатно се и фризирани добивките, поради еднократниот данок на солидарност или екстра профит што треба да го платат за 2022 година
Странците учествуваат со 86,1 отсто капитал, што значи дека поголемиот дел од дивидендите и бонусите ќе бидат изнесени од Македонија.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Се приметува дека прометот е многу мал, а еве и официјална статистика. Januari 2023 mk.png
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Економска неизвесност, високи приноси на депозитите и секако даночните реформи
 

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Се плашам дека, после шпекулациите за инсајдрески информации и "штелувањето на вентилите" кај поедини субјекти, прометот ќе паѓа уште.
Едино Мин. Правда (КХВ) и Мин Економија можат да внесат малку свелтина, ама .....
 
Член од
29 декември 2021
Мислења
11
Поени од реакции
3
Здраво здраво. Бев пренасочен да пишам/читам овде , а да не отварам нова тема и затоа ќе пишам овде.

Одприлика околу 2 недели разгледувам алтернативни начини на заработување. Велгов во affiliate marketing али многу споро оди. Развив една страна, но сепак треба време за да дојде до печалка. И затоа се завртов кон берза. Разгледував, читав, истражував како работи. Дојдов до сознание на идекс фондовите(Index funds). Како работат и како зимаат провизија. И дојдов до брокери. Сватив кои се и што се, но незнам кои се достапни брокери во Македонија. Кога пишам Online broker in Macedonia на топ ниво излава. https://www.interactivebrokers.hu/en/home.php (Interactive Brokers).

Мои прашања се:
-Која е минималната сума со која би можел да почнам?
-Дали 50 евра за почеток месечно се доволно?
-Со кој online broker имате искуство?
-Дали може и како во Македонија да купам акции на пример од Алкалоид, Гранит...?

Ми треба било каков пасивен income бидејки се што правам го правам сам. И сакам самостојно да се школувам. Било каква помош и информација е добредојдена :D .
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
ИБКР и Комерцијална потпишале договор за соработка. КМБ брокер во блиска иднина ќе отвори можност за тргување со опции - левел 1, кеш акаунт (y)
 

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
ИБКР и Комерцијална потпишале договор за соработка. КМБ брокер во блиска иднина ќе отвори можност за тргување со опции - левел 1, кеш акаунт (y)
Ух, ова ми звучи добро, линк нешто за повеќе инфо? Гледав на КБ не најдов ништо.

*За провизиите останувам резервиран. :rolleyes:
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
Ух, ова ми звучи добро, линк нешто за повеќе инфо? Гледав на КБ не најдов ништо.

*За провизиите останувам резервиран. :rolleyes:
Нема линк, инсајдер е. Само не шири, немој и мене да ме затворат, со електрична столица, со се тоа шо следува.. :)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Патологија!

Сава нема купено акција од УНИ скоро 2 години. Просечна цена на купување е 2.100 денари. Извештаите на сите фондови на квартална основа се јавни.

До 14 септември 2022 година УНИ се тргуваше на 2.800 денари. Под 0.5 од книговодсвена вредност. Со јавен податок од Собранието од мај 2022 дека имаат одвоено 200 денари по акција кои ќе бидат достапни за акционерите.

И со тие информации и со тие показатели, ретко кој купуваше, од тие што сега се тепаат да купат. Тоа што СБТ не исплати дивиденда и ја исфрлија од индексот, а УНИ влезе, тоа е само плус ветер во грб.

А ти ги убедеуваше членовите на форумов дека гледаш некакви црни Аудија на Бугари како стојат пред Банката. И до ден денес не знам која е поврзаноста на тој податок со работењето на Банката и цената на акцијата. Ама во твојата глава ете и тоа има смисла.
Овдека е клучно едино дали ти и поврзани лица сте купувале пред да започне да купува фондот. Исто така, дали и од индексниот фонд купувале пред да влезе во индексот.

Со тоа бејзик ниво на ориентална итроштина, јас би се кладел дека имало купување, а КХВ има достапни податоци па нека си провери.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.300
Поени од реакции
2.360
Овдека е клучно едино дали ти и поврзани лица сте купувале пред да започне да купува фондот. Исто така, дали и од индексниот фонд купувале пред да влезе во индексот.

Со тоа бејзик ниво на ориентална итроштина, јас би се кладел дека имало купување, а КХВ има достапни податоци па нека си провери.
Готово ме фати! Каде да се пријавам? Сум купувал пред да започне да купува фондот, а и сум купувал и пред сите други.

1675795199848.png

Колку е казната затвор? 1 или 3 години? Или за ова електрична столица се добива? За чување 7 години колку данок да се плати?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom