Во психологијата постои еден не толку страшен наод шо се вика Амбивалентност. Тоа ти е коа човек во две секунди има две спротивни чуства за една иста работа . Истото го гледаме и на берза. Колку емоции околу една иста работа на краток рок. Ја купуваш, ја стискаш, горд си на нејзе, љубоморен си ако ти ја чепне Грим
, се фалиш ја штракаш на 5 минути со рифреш на етрејдер и почнува нешо да те меќка'... Види го кварталот..., кај не стаив у другана.., ја сер.ат на форуми..., ја истураат..., ја иссилуваа фондовине ..., готово е дојдоа на власт другине, отиде во јабана работава...
Зошо да не се повтори 11к на КМБ. Зошо да не биде и 22. Години наназад банката генерира профити. Дивиденди во преден план. Има средства како 60% буџет на цела земја. На почеток на оваа година да си вложил до сеа ќе беше горе 37 % (капитална со дивиденда ). Во една иста година од два мастодонта во Комерцијална Ицко Промедика и Хари, едниот продава 87.000 парчиња на 9.300 ден а другиот купува на 9.800 ден и троши 700.000 еура. Кој мозок може да ги соџвака плановите и на едниот и на другиот.
Во 2020та коа сите бегаа и купуваа тоалетни акцијата падна на 5.600 ден (под book value замисли), делење на дивиденди само во сон. Малку гз' треба за се и верба, нормано. Таа се стекнува само со проучување на суштината на работењето на компанијата, наоѓање мани и аномалии и следење на светски трендови и циклуси. Јас не продадов у Ковид, напротив чекав уше поголем margin of safety за допуна. Дивиденда не сум видел со очи како доаѓаат така се реинвестираат. Коа можеше ова blackswan-ов да го помине лабаво може и наредната криза. Еве и да крене НБРМ рачна во наредни 3 години со каматниве стапки ќе ја погоди и КМБ несомнено. Месец, два , пет, година, две и тоа ќе помине, пак ќе дојде до 12к. Вејлу е равенката, ако сакаш шпек тури се на Шиба може ќе станеш главен фраер... можеби..
(Сувишна е и онаа Грахамовата
in the short run, the market is like a voting machine и се....)