Македонска берза

Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Ова би требало да е ФОН во билансот на НЛБ, над 20м евра бруто добивка за 6 месеци.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
СТБ има за 40-50 проценти поголеми нето приходи од камата од КМБ, ама според цената на берзата КМБ е повредна компанија
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249

Во право си, меѓутоа вредно е да се спомене дека СТБ има поголема исправка на вредност во изминативе 2-3 години. Повеќе заработува од камата, ама и повеќе губи на нефункционални кредити.

Од друга тема, телеком... Не знам како ова ќе се одрази на работата на ТЕЛ...
Српскиот Телеком влегува во Македонија
 
Член од
30 април 2018
Мислења
257
Поени од реакции
504
Во право си, меѓутоа вредно е да се спомене дека СТБ има поголема исправка на вредност во изминативе 2-3 години. Повеќе заработува од камата, ама и повеќе губи на нефункционални кредити
Може и СТБ да ги обезвредниле нефункционалните кредити, а КМБ да ги скриле под тепих?
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
Може и СТБ да ги обезвредниле нефункционалните кредити, а КМБ да ги скриле под тепих?
Ја зборам за она што се гледа од објавените извештаи, а дали некој крие нешто под тепих... тоа не знам каде се гледа
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Во право си, меѓутоа вредно е да се спомене дека СТБ има поголема исправка на вредност во изминативе 2-3 години. Повеќе заработува од камата, ама и повеќе губи на нефункционални кредити.

Од друга тема, телеком... Не знам како ова ќе се одрази на работата на ТЕЛ...
Српскиот Телеком влегува во Македонија
Секој нов телекомуникациски оператор на македнскиот пазар, кој првично би ги нудел своите услуги преку телекомуникациските мрежи на другите оператори, е повеќе од добредојден за Македонски Телеком, кој со години си профитира од другите телекомуникациски оператори кои ја користат неговата оптичка телекомуникациска мрежа - како А1 Телеком и Неотел, и неговата мобилна телекомуникациска мрежа - како Телекабел.

Дури и во нови станбени згради во кои А1 Телеком имаат пуштено свои доводни оптички кабли, сепак нивните корисници ги поврзуваат на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком бидејќи оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком не е целосно подготвена за да ги услужува нивните корисници во тие нови станбени згради.

Со доаѓање на било кој нов телекомуникациски оператор кој би сакал да нуди оптички Интернет на целата територија на Македонија, Македонски Телеком добива нови туѓи корисници на неговата оптичка телекомуникациска мрежа, а со тоа и загарантиран профит од истите тие туѓи корисници.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883

Каква рационализација е ова, радување што Телеком ќе собирал мрвки откако конкурентот ќе го собере кајмакот од преземаните корисници. Јас би наполнил гаќи да доаѓа уште еден сериозен конкурент на пазарот. Исто и што се укинаа роминзите у регионот токму пред одмори
 
Нема никаква рационализација, туку бројките си го кажуваат своето.

Јас не работам за ниту еден телекомуникациски оператор, но имам работено спроведување, инсталација и одржување на оптичка телекомуникациска мрежа, запознаен сум со оптичката телекомуникациска инфраструктура на поголемите телекомуникациски оператори во Македонија - не со нејзината распространетост, туку со начинот на кој истата функционира и нејзината стабилност и квалитет - и можам да потврдам дека Македонски Телеком ќе остане со најдобрата и најголемата оптичка телекомуникациска мрежа во Македонија барем до 2025 година, ако не и до 2030 година, со оглед на бавното темпо со кое А1 Телеком и останатите поголеми телекомуникациски оператори ги прошируваат сопствените оптички телекомуникациски мрежи.

Кога сме кај кајмакот, коментарот би ти држел вода доколку Македонски Телеком наплаќа ситна боранија за изнајмувањето на сопствената оптичка телекомуникациска мрежа за потребите на корисниците на другите телекомуникациски оператори. Јас не сум запознаен со цените и не знам колку Македонски Телеком наплаќа, но можам да ти потврдам дека воопшто не им смета кога нивен корисник се префрлува на друг оператор, прво бидејќи знаат дека огромни се шансите корисникот индиректно да остане нивен корисник и индиректно да им плаќа месечна претплата, второ бидејќи корисникот може било кога да се врати во иднина, понекогаш се враќаат за помалку од две години, а понекогаш се враќаат и за помалку од година дена поради незадоволството од квалитетот на услугите од другиот оператор на кој се префрлиле, и трето бидејќи во пракса Македонски Телеком во моментов нема вистинска конкуренција.

А1 Телеком функционира тотално дезориентирано откако се ребрендираше, постојано укинуваат ТВ канали, а ништо ново не нудат. А кога сме кај нивниот оптички Интернет, сите поголеми телекомуникациски оператори нудат пакети за оптички Интернет со поголеми Интернет брзини од најјаките пакети за оптички Интернет на А1 Телеком.

Телекабел се фокусирани претежно на привлекување на нови корисници за нивната мобилна телефонија, притоа запоставувајќи ја сопствената кабелска телевизиска мрежа, поради што секој пат кога ќе заврне дожд, снемува Интернет и дигитална телевизија, а аналогната телевизија останува - очекувано - со полоша слика поради временските услови.

Неотел функционираат крајно несериозно, наплаќаат за инсталација кај корисник, па освен ако корисникот знае како самостојно да си намести мрежни кабли и да ги поврзи Андроид рисиверите за НеоТВ, ќе мора да си плати за соодветна инсталација во сопствениот дом. Исто така имаат и огромни проблеми со нивната IPTV платформа, секогаш кога ќе заврне има прекин на повеќето ТВ канали, исто како и кај Телекабел.

Немој погрешно да ме разбереш, фактот дека од ова лето 2021, Македонски Телеком и А1 Телеком почнаа да наплаќаат дополнителни 15 денари за секоја сметка која корисникот ќе ја плати во некој од нивните салони, говори дека некаде има пукнатини по шавовите, но засега добро се прикриени. Планот им е да ги убедат - или подобро кажано, да ги натераат - корисниците за да преминат кон плаќање на сметките во банка или во пошта, или да ги плаќаат преку Интернет, а со тоа да се намали работата во салоните и се разбира, да се намали бројот на вработените во салоните.

А1 Телеком од поодамна им ја испраќа корисничката опрема на своите корисници преку поштенски курир од ДелЦо или од некоја друга поштенска фирма, па ако корисникот не знае како сам да ја поврзи опремата и побара да му се направи инсталација во неговиот дом, дури тогаш испраќаат техничари за да ја направат потребната инсталација. Чаршиските муабети велат дека и Македонски Телеком прави планови за преминување кон ваквиот начин на работа, со цел да има помалку работа за техничарите, а со тоа и да се намали бројот на техничари.

Но од гледна точка на сегашната Интернет и ТВ понуда, Македонски Телеком е без сериозна конкуренција.

Единствената вистинска конкуренција од областа на телевизиската понуда му е Тотал ТВ, ама тие функционираат преку сателитска чинија, а луѓе кои живеат во станови или куќи кои немаат поглед кон север - како јас на пример - не можат да си дозволат сателитска телевизија од технички причини.

Единствената вистинска конкуренција од областа на Интернет понудата му е А1 Телеком, може да биде и Неотел ако си ја сфатат сериозно работата, но не се замараат многу се додека од некаде капнува по некој денар.

А1 Телеком може да му конкурира на Македонски Телеком и без оптички телекомуникациски приклучок до крајниот корисник. Благодарејќи на DOCSIS 4 технологијата за кабелски Интернет, А1 Телеком, исто како и Телекабел и исто како и сите кабелски оператори низ Македонија, е во можност да им конкурира на симетричните Интернет брзини на оптичкиот Интернет на Македонски Телеком, со симетрични Интернет брзини на сопствениот кабелски Интернет, така што нема да мораат повторно да копаат и да пуштаат нови кабли, туку ќе можат преку постоечката кабелска телевизиска мрежа да нудат побрз кабелски Интернет со симетрични Интернет брзини. Но инвестирање во DOCSIS 4 мора да опфаќа масовна инвестиција во сите телекомуникациски централи и ормари со кабелски јазли на А1 Телеком низ цела Македонија, како и во нова опрема за крајните корисници, тоа секако дека чини пари, но очигледно А1 Телеком, а очигледно и Телекабел и останатите кабелски оператори, не планираат да даваат такви пари на таква инвестиција.

Во вакви околности, Македонски Телеком нема вистинска конкуренција, а секој корисник на друг оператор преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком секогаш е добредојден како од другиот оператор, така и од Македонски Телеком, бидејќи дури и да не им следува кајмакот на нив, сепак секој месец ќе капнува по некој денар од туѓите корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
 
Јас се префрлив од пакет на ТЕЛ за којшто плаќав 600 денари на подобар пакет од А1 за којшто плаќам 404 денари, а има помалку места кајшто фаќа 3Г мрежа него кај Телеком, што значи дека сигурно не ја користат нивната инфраструктура или барем не во целост.
 
За мобилна телефонија А1 Телеком од поодамна има сопствена 3Г и 4Г мрежа, исто како и Македонски Телеком. Всушност виртуелниот мобилен телекомуникациски оператор Лајка Мобајл ја изнајмува мобилната 3Г и 4Г мрежа на А1 Телеком за потребите на своите корисници, додека Телекабел го прави истото за потребите на своите корисници преку изнајмување на мобилната 3Г и 4Г мрежа на Македонски Телеком.

За мобилни услуги не сум многу запознаен со понудите на телекомуникациските оператори, јас бев на припејд пакет од Македонски Телеком повеќе од 15 години и бев крајно задоволен, а не сум нешто многу напален по мобилен Интернет. Во април 2021 од Македонски Телеком ми го понудија нивниот најевтин Mobile S постпејд пакет без обврзувачки договор само за да ме убедат од припејд да се префрлам на постпејд. Бидејќи и онака секој месец ставав 590 денари припејд кредит, им ја прифатив понудата и засега сум задоволен, имам неограничени телефонски разговори кон сите домашни фиксни и мобилни телефонски оператори, неограничени СМС пораки кон корисниците на Македонски Телеком, и се` што немам искористено од мобилен Интернет ми останува за наредниот месец.

Инаку не треба да биде изненадување недостатокот од техничка можност за поврзување кон оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на една улица или во една станбена зграда, а истовремено на истата улица/во истата станбена зграда да има техничка можност за поврзување кон оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком.

Во текот на 2020 година А1 Телеком ја прошири својата оптичка телекомуникациска мрежа во Ченто, Маџари, Хиподром и околните населби, така што на некои места каде што е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком се случува да не биде достапна и оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Од тоа што го имам видено со свои очи, можам да потврдам дека А1 Телеком воопшто не штедат на материјали за работа, на пример во станбените згради поставуваат доводен кабел за секој кат посебно, додека Македонски Телеком гледа да не троши без потреба, така што практикуваат во секоја станбена зграда да поставуваат само онолку доводни кабли колку што се потребни според бројот на станови. Па така, ако во една 4 или 5 катна зграда има да речеме 20 станови, доволни се 2 доводни кабли со по 12 оптички влакна за да можат да бидат поврзани сите станови. Но ова во превод значи дека ќе треба да се влечка оптички кабел од станот на еден кат до доводниот кабел на Македонски Телеком кој сигурно завршува на друг кат, додека А1 Телеком има доводен кабел на секој кат.

Во вакви околности од техничка гледна точка ќе има доволно слободни приклучоци за секој стан, но бидејќи Македонски Телеком практикува да поставува само толку доволни кабли колку што се потребни за сите станови во зградата, доколку некој од каблите биде оштетен - а се случува, и тоа не баш ретко - или ќе мора да се врши преработка на доводниот кабел таму каде што истиот е оштетен, или ќе мора истиот целосно да биде заменет. Еве на пример неодамна во мојата населба поради градежни работи со багер беше скинат доводниот кабел за една станбена зграда, поради што мораше повторно да се копа и да се пушта нов доводен кабел за истата зграда.

Од друга страна, доколку се скине доводен кабел на А1 Телеком на еден кат, слободно може да се префрлат корисниците од тој кат на доводен кабел од друг кат и пак ќе останат слободни приклучоци. Иста е ситуацијата и кај воздушните инсталации преку бандера, Македонски Телеком практикува да поставува една воздушна спојка на секои 2 или 3 бандери, во зависност од тоа колку куќи има помеѓу тие бандери, па понекогаш знаат и на секоја 4-та или 5-та бандера да постават воздушна спојка, што секако ја отежнува работата за техничарите кои ќе го поврзуваат крајниот корисник, додека А1 Телеком практикува на секои 2 бандери да има по една воздушна спојка, без разлика колку куќи има во тие места.

Но сепак ова не го менува фактот дека во моментов Македонски Телеком ја има најголемата и најстабилната оптичка телекомуникациска мрежа во Македонија, на мое лично изненадување и А1 Телеком ги поврзува своите корисници преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком дури и во станбени згради во кои веќе има доводни оптички кабли од А1 Телеком.

Се извинувам бидејќи отидов оф-топик, ако ја продолжуваме дискусијава за телекомуникациските оператори најдобро е истата да ја продолжиме во соодветна тема.
 
Кога треба да почне да се воведува 5Г технологија? Може ли за неа да се користи нешто од постоечкава инфраструктура или мора сѐ да се гради одново?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Во право си, меѓутоа вредно е да се спомене дека СТБ има поголема исправка на вредност во изминативе 2-3 години. Повеќе заработува од камата, ама и повеќе губи на нефункционални кредити.

Од друга тема, телеком... Не знам како ова ќе се одрази на работата на ТЕЛ...
Српскиот Телеком влегува во Македонија
нели Блгарија бара да го земе Телеком за ефтино, па да имаме 4 балканска војна :D , има да поефтини и мобилен и интернет, па и поефтин Роаминг со Грција и Блгарија
Автоматски споено мислење:

Овие Алкалоид се пос.аа од пиар :pos: Не знам како до толку немаат усул, веќе ме јаде нивниот срам додека ги читам овие памфлети...
мене друго ме загрижува, формираа ракометен клуб... малку што дават пари за репрезентацијата
 
Kajgana Shop

На врв Bottom